Мајки, ви плачат ли децава на бањање коса? Значи, зајдува од плачење, се тресе,атолку внимаваме. Да се бања сака по тело ама со косава мака мачиме. А има многу коса и мора да се измие и исплакне убаво. И колку пати им миете коса неделно? Летоска во двор се бањавме и не плачела, ама сега во купатило плаче ама само за косата. Шампонот не пече на очи. Дајте некоја финта. И со цртани пробавме имам водоотпорен телефон, џабе. Вришти ко да ја колеме.
Имам погоре пишувано. Кога ќе и спомнам бањање и одма вика ама без коса. На сила и ја миев косата само во недела, ама сега еве почна да дозволува, се бањав и ја со неа и гледаше како ја мијам косата па најпрво посака сама таа со тушот па кога си стави директно на лице хорор беше. Па сега ме држи со рацете силно и ја навалува главата наназад. Период е кој се појавува периодично. Ја па додека сфатив дека не сака да се бања затоа не сака да ја миеме косата ехее. Откако сфатив не правеше проблем за бањање.
Мојата си ја крева нагоре главата и не и паѓа на лице воопшто. Уште од помала почнав да ја учам, имаше горе на ѕид закачено нешто и и викав да погледне натаму и малку по малку сфати дека така воопшто не и паѓа на лице и сега нема гајле. пробај така да видиш резултат дали ќе има.
Уште не збори до толку. Кога ќе ја прашам дали сака да се бања, метак иде пред вц. Имаме бебе со када играчка и на него често покажувам како миеме глава и дека не плаче. Си игра со тоа, знае разбира. Ќе ја бањаме викам главата, кажува да, ама кога ќе осети вода на глава џабе е се. Ова трае веќе 3 - 4 месеци. И јас и ја мијам само во недела, не и се мрси среќа. Психички се спремам пред бањање,ваљда и не сум навикната на плачење. Ама и жал ми е а мора да се бања.
Во Македонија, водата е природно богата со флуор. Ако детето редовно мие заби, и ја јаде пастата со флуор, вишокот флуор се таложи во телото, може да има ефект на квалитетот на трајните заби, кои во коската започнуваат да се создаваат кога детето е многу мало. Како и се друго, не е добро да се внесува премногу, и затоа превентивно најдобро е да не се користи паста со флуор додека детето не научи да плука. Секако со добра четка и правилна техника на четкање може да се одржува добра орална хигиена, пастата слободно може да ја изоставите комплетно, барем додека детето е многу мало.
@TeddyGrey се се ова пролазни фази. И девојчето мое едвај одеше под туш, па сега сама се соблекува. Имам едни играчки за на туш кабина, па ги кревам високо нив и она се крева по нив и миеме глава.
И синко не сака никако косата кога му ја мијам. Плаче, ептен се вознемирува. А инаку обожава да се бања. 12+ е тој, од пред месец дена вака ми прави со косата. Со плачки му завршува секое капење. Пробав да му давам Бебитол омега од капсулите ама се мршти и плука. Дали дека јак мирис имаат. Ама стварно се грозни. Некое друго решение за омега какви да давам? И како? Се враќам сега од работа, го гледам скиснат, омалаксан и топол. Мерам температура, 38 степени. Не знам од што е. Настинката му помина за НГ, забите му излегоа, нема нови на повидок. Нема други симптоми. Ќе следам, ама ете да не сме мирни со мм за празников.
Во последно и мојава плачит ко ќе и ја мијам косата, сменав и шампон реков дан е до то, ама ваљда период нешо.
Јас пред некој ден почнав да и давам молерс рибино масло и по препорака на педијатар да ги прекинам д3 бидејќи има во маслото. Јас сум задоволна синко од септември пие молерс па затоа и го почнав и на малата. Со капењето од крштевката навака војна водиме, а колку уживаше во капење. Се надевам ќе се врати на старо
Баш летово зборевме за тоа како не сакаат дечињата да им се мие главата. Мојот беше ист, мене ми помогна советот од @Maremama , да му ги покријам очите и устата со рацете и малку навалена главата наназад за да не му се намокри лицето и почна полека да се опушта, па за кратко време се навикна и сега немаме проблем. Инаку претходно вриштеше кога ќе дојдеше ред за косата.
И мојава плаче кога и ја мијам косата. Вришти. Секој втор ден ја бањам комплет. Инаку, за апетит што да давам? Уста не отвара по цел ден, многу се нервирам. Давам млеч, моментално од бекутан зедов сирупче б комплекс. Пред тоа и давав рибино масло calilou, пиковит имам давано и нема ефект. Исто ме интересира дали сеуште давате D3 капки. Година и десет месеци е малата.
Да не и излегуваат 3ките? На мојата четворки и излегуваат и битки за јадење е. Бекутан не ни помогна многу, додуша не сакаше и да го пие. Д3се даваат во зимските месеци кога нема сонце и кај поголеми дечиња.
Молерс почнав и јас.Нема мирис на риба и се препорачува по 6-тиот месец.За дозата пишува по 2,5 мл,ама јас давам по една мала нејзина лажичка.Инаку содржи и д3.
И треба да јаде флуор. Има две гледишта еден е на педијатри, другото на стоматолози и двете ти ги презентираат првата година на прегледи. Педијатрите даваат Д витамин+Флуор тргнувајќи од тоа дека бебе не сака да мие заби, додека стоматолозите даваат чист Д витамин и флуор преку паста верувајќи дека мора да научи да мие заби. Ние се водиме по препорака на стоматолог во тој дел. Со првиот заб имаш задолжителен преглед. Во Јануари е вториот преглед кај стоматолог му доаѓа два пати годишно закажи си термин се е тоа од АОК подмирено. Првата година ставаме на напрсток паста елмах со флуор колку една мала точка. Од полна година се воведува четка за заби за деца до 2 години и паста со флуор. Се става многу малку како точка на врв и така се воведува четката. Флуорот треба да го јаде затоа и е направена таа паста соодветна за годините. Се така до 3та година каде почнуваш да го учиш да плука. Пастата се менува за деца од 2 години. После 3та треба само да ги мие забите со вода во рачето али сосем малку за да може да плукне но и да остане од пастата во усна празнина ради флуорот. Ова е од нашиот стоматолог.
Во Македонија флуорирана ни е водата, затоа не се исти препораките тука. Дури и бебето да пие само флаширана вода, сигурно храната се припрема ао обична вода, или храната што ја јаде била растена со обична вода од чешма. Иначе во други земји го флуорираат млекото од оваа причина, ако нема флуор природно некаде, мора редовно да го додаваат во нешто, иначе сите ќе треба таблети да пијат.
Токму така. Но џокерче живее во Германија затоа се уклучив со препораката од овде да не ги помеша работите и да се исплаши за џабе.
Цело време се прашував што му фали што бара паста да јаде. Одговорот бил 'флуор'. Нели кога јадат песок или од ѕид викаат дека им фали нешто во исхраната. Сега ми е многу јасно. Ви благодарам на сите за одговорите. Во градинката доаѓа забар и рекоа се било во ред ама ќе отидеме сепак и на забар.
Јас кога се породив добив д- витамин со флуор во болница со тоа што докторот ми објасни дека до предходната година препораките биле да се прима д витамин со флуор, а веќе од тогаш (2018 година беше ова) светска здравствена препорачува само д- витамин без флуор. Ми рече одлучи сама или со педијатарот дали ќе даваш со флуор или без. Педијатарот ми рече без па така и продолжив. Не пратам кој се препораките на светска здравствена само пренесувам што ми беше кажано. За паста се немам консултираносо педијатарот му земав без јас лично.