@happygirl Омега пробај на хелт еид со вкус на шумско,молерс со вкус на лимон. И двете сум ги давала и се одлично прифатени, ама па и синко сака сирупи, сам ми ги носи капките и сирупите да му дадам
Не знам кај да пишам, кај да се пожалам. Синко е скоро 13м, без два дена. Уште 3 дена и ќе излезе од 8от ужасен скок според апликацијата. Цела недела се буди во 2/3ч по полноќ и седи до 5/6/7 сабајле. Никако не сака да презаспие, со мм како зомбиња сме. Башка од денес сме и на работа и двајцата. Како да престане оваа тортура? Пробав и со две дремки преку ден, и со една дремка само, и без спиење воопшто, се е џабе. А цел ден оди по софата, по комодата, лази нон стоп, се исправа и седнува, значи цело време е во движење. Нели се изморува? До 9м спиеше по цела ноќ со само едно будење за доење, после 9 месец катастрофа му е ноќното спиење. Се буди на секој саат, кенка и миже. Ако не го земам да го нишкам ќе се ококори скроз. Од 9м не цица навечер, не се буди за тоа. Уништени сме скроз со мм, давајте совети? Забите му излегоа, настинката помина. Деновиве имаше температура ама и кога нема истата приказна е. Како расте наместо да спие повеќе ноќе, тој како новороденче ми се понаша.
Имаат такви фази обично кога им се случува нешто во развојот, лазење, проодување, говор... И се будат ноќе почесто. И мојата беше иста, ќе си станеше во еден како наспана, никакво презаспивање не успеваше додека не се измореше по два саати, па пак да заспие. И си помина само од себе, првиот пат ми се чини кога прооде, после престана да се буди. Нема врска со дремките, период е и ќе помине.
@happygirl кога ќе прооди ќе се смири Скокот во развој пред да прооди и кај нас беше најстрашен и траеше бесконечно мислам
Иста беше и мојата, скроз иста некаде од 7-8 месеци до годинка, кога прооде. По два три часа секоја ноќ будна, јас таман се вратив и уходав на работа, абе хаос. Зомбиња беше мал збор да не’ опише со мм. Траеше ти викам неколку месеци, тотално бев безнадежна и разочарана како детето од спијач по цела ноќ почна вака да прави. Ама помина. Сфатив дека се’ што се случува, колку и да изгледа безнадежно и безизлезно, е само фаза и поминува. Се’ ќе помине, ќе дојдат мирни ноќи, издржи и повторувај си како мантра дека и ова е фаза и ќе пројде
Значи да чекам да прооди, ако тоа е спасот. Многу време е вака, таман една вечер ќе спие цела, ќе си речам добро е, следните се ужасни. Не можам да го игнорирам кога се буди оти веднаш станува во креветчето и си зборува на негов јазик, па мора да го земам кај нас в спална да е покриен. Ајде белки скоро ќе заврши фазава оти најнапорен е досега.
Искрено, ова ми беше најтешкиот период со малата, потежок од секој скок претходно. Полесно ми беше кога беше новороденче и цицаше нонстоп отколку тој период со будење секоја ноќ, полудев мислам, изгубив волја за се’. Ама кога се пушти да оди одма после роденденот, преку ноќ прекина сево ова и почна пак мирно да си спие. Ќе помине, издржи
И мојата само што наполни годинка, една недела имаше супер распоред на спиење, сега пак смени, се разбуди во 3 сабајле и до 5 и пол мрда цело време. Стана рано, па презаспа.. Ние на работа... Хаос. И јас мислам дека е поврзано со проодување, развојна фаза и заби. Една ноќ дадов и блокмакас заради забите за да поспиеме сите мирно.
I mojot taka pravi okolu 2 nedeli, sekoja nok. Ama toj e prooden od pred 2 meseci. Sega sme skoro 14 meseci, ne znam sto e rabotata.
@happygirl и кај синко имаше баш тој период таква фаза. Баш кога тргнав на работа. Се будеше ,час два седеше буден, сакаше да го гушкаме и са го шетаме низ соба па се менувавме со маж ми. Потоа го остававме на спална кога веќе не биваше,меѓу нас па сакал несакал си заспиваше сам. Така и се научи да си заспива сам. Оттогаш ,да чукнам во дрво , спие по цела вечер
@happygirl Не знам дали паметиш, но летоска го имавме истиов проблем. Додека сите се жалеа дека бебињата им се будат на секој час, мојава едноставно по цела ноќ не спиеше и си играше. Ова беше баш во периодот кога почна сама да се исправа и оди по гарнитура и кога почнаа да и излегуваат запчиња. Во тој период почна да спие и со нас на спална и веќе е невозможно да ја ставам во креветче и до ден денес дури ни за денска дремка. Дали тоа што спие до нас помогна, сега ретко прави така, но се уште често се буди, цица, спие на мене, па на мм, па си поигрува кратко сама и презаспива, но мн подобро е од тој пеколен период. Тогаш со мм спиевме на земја во детската соба на подлогата за играње. Кој на мече, кој на зајаче кај кај се нашол, место на перница. Собата беше целосно обезбедена со штитници на фиоки и штекери и се уште не одеше, па не се плашев дека ќе се повреди. Единствено нашите глави настрадаа неколку пати кога ќе не треснеше со некоја потешка играчка така заспани. Сега ми е смешно, но тогаш ми се плачеше за спиење. Така да и сега кога станаува по 4-5 пати, цица и презаспива јас воопшто не се бунам, само да не се расонува и да немаме журки.
Денеска е врвот, никогаш не ми било вака. На работа сум и 4 пати задремав од што ми се спие. Ми се плаче, ама буквално, за сон.
За утеха мојава е година ипол и знае на периоди така да прави, неколку вечери по ред не можеме да ја успиеме и баш синоќа конечно ја заспав на време и имавме журка од 1 до 4. Значи се разбуди свежа, се кикоти и бараше чај. Не знаев каде сум денес, марфи кога имав најмногу работа и вечерва ја спакував да преспие кај баба и...
Матичните ги препорачуваат зошто алкалоид најмнкгу ги тинтра Мојата некој друг ми рече да сум давала, да не сум давала толку пари за молерс
Како се манифестираат тантруми? Значи дете ми е мирно и бајче 99% од времето. Сега збесна ама во буквална смисла. Миевме раце и неќеше да искочи од купатило, ајде поседовме. Искачаме веќе после пола саат, се тресна од земја пред купатило, не дава ни да се пресоблече,а утоп е. Се тресе,липта. Неќеше ништо,све и сметаше. Да можеше ќе не истепаше мислам. Јас почнав да плачам, не знаев што да направам веќе. Здрава права е,заби не вади,освен 5ки ама рано е 17 месеци е. Што е ова луѓе? Ако трае до 3 години ќе се фрлам од балкон.