Ќерка ми точно пред две недели (има неполни 18месеци) го имаше првиот тантрум. Со тропање со нозе, вриштење, лутење. Седнав до неа и ја прашував што е. Само плачеше, ама лажирано. Сфатив дека е од премор, и си ја бараше цуцлата. И нас нѐ фати збунети и малку уплашени, но сфативме - очигледен скок во развој. Дремката преку ден ја отспива добро, ама додека да заспие, ги реди сите зборови на глас, се кикоти, скока низ креветче, пее, си ја џвака блузичката... Мозокот веројатно доживува нови бранови мрежно поврзување и веќе почнуваат со глупирање, манипулација и аздис. Буквално имам ново дете од Нова Година наваму. Се треска од земја кога ѝ менуваме пелена, плаче ако ѝ земеме нешто од рака, почна да чкрта по ѕидови (лепам хартија кај стигнам за да барем ја насочам каде да црта), а врвот беше кога ја земавме од кај моите пред неколку дена, проба да ме удри (незадоволна дека ќе си оди од кај баба и деде, дежурни разгалувачи) и си доби крив поглед и лекција во кола. Напорна фаза, многу внимателно треба со нив, никако со викање, иако во такви моменти е невозможно човек да е комплетно смирен. Ако нешто е утеха - добри се, се развиваат чекор по чекор, стануваат личности и тоа е прекрасно.
Мајки, синко претходната недела имаше висока температура..откако му се намали температурата се осипа на стомачето и кај вратот, малку и на лицето, но не беше страшно..Му помина во петокот, по три дена..Сабајле станавме се беше во ред..го симнав доле кај баба му, по еден саат да го земам цел црвен во образите.. Малку ќе му се изгуби и по некое време пак ќе му се појави..Од што може да е ова? Рече дека ништо не му давала да јаде.. Утре ќе го носам на лекар секако, само да ве прашам за мислење да не имала некоја од вас сличен случај..
Иритација некоја, и од претоплување можеби. Моиве вакви се прават во лицата кога мм ќе ги иритира со брадата. Не носи дете на лекар ако е во ред.
Фала Анатх многу..Сабајлево има помалку, гледам полесно да го облекувам, топло е дома.. Сега ми кажа, плачел многу и трчал, ќе да е од тоа Инаку и на синко му се има правено од брадата на татко му ама до волку немал..
@happygirl се подобри ли ситуацијата со журки ноќе или не? Мојоте ист како и твојот. За 5,6дена треба да заврши пеколниот 8ми скок,исто ми прави,една ноќ само се буди за цицање и презаспива и си заспива околу 22,една ноќ заспива околу 1,2 и пак се буди само за цицање и презаспива,една ноќ пак ќе се разбуди и седи буден 2,3саати. Ноќеска беше врвот. Заспа во 23, стана во 1 и беше буден до 4 . Веќе неколку пати така ми прави,стварно не се издржува,па посебно што ни тој не знае што сака тогаш. А баш еве го почна да потстанува сам да стои на нозе,претходно само на колена се исправаше држејќи се за нешто. Дали долго трае ова журкање?
Па еве кај нас журките уште траат, веќе цел месец. А помина една недела откако заврши ужасниот скок. Синоќа на пример заспа во 1ч, стана во 5 свеж и си играше до 8. Заспа во 8, а јас отидов зомби на работа. Претходната ноќ спиеше од 00 до 7:30 без да стане. Не можам крајот да му го фатам со неспиењето, скроз сме исцрпени со мм.
Мајки,какви чевли им купивте на вашите малечки кога проодеа? На нас овие ни ги препорачаа вчера во продавница,за проодување биле..Вака на нога убаво му легнаа,денес малку и прошетавме
Битно е да се рамни внатре, а делот кај прстите убаво да се витка, а кај петата цврсти. Вака овие океј ми изгледаат. Мојот ортопед ме советува додека се мали бидејки неможат убаво да ги разгазат, со рака напред да ги притиснеш нагоре неколку пати новите кондури/патики/чизми, да ги изгњавиш што би рекла ваљда ме сфаќаш...
Некои што лесно се превиткуваат кога ќе ги фатиш со рака, некои со мек ѓон, за да не му биде ноџе ко у калап. Вашиве многу убави, не знам за ѓонот, ама врвки бе мајка си избрала?! Со лесно
Јас кога купувам го гледам гонот. Гледам да е помек и да се свиткува кај прсти. Специјални некои за проодување немам купено. Иначе со лесно со врвките, ние и со лепенки едвај се обуваме.
Кожни се и лесно се превиткуваат напред. Инаку со врвки земав зошто синко има доста дебело стапало,буквално едвај облекувам патики/кондури а овие со врвки можам убаво да ги отворам и лесно да му ги облечам. @FreeMind Од продавница му се земени,марката е Ricosta,сега ги најдов и на Амазон,поевтини од во продавница,ама ајде https://www.amazon.de/Ricosta-Unise...78&hvtargid=pla-336898939860&psc=1&th=1&psc=1
Мојов прооде пред 2-3 недели. Еве што носиме периодов: Спојлер Освен претпоследноте се друго е намена за период на проодување
Јас скоро купував цицбан од Пеко и баш ги разгледував бебешките за проодување и немаше вакви. Ама јас не сум од Скопје, па верувам во ск ќе има повеќе избор
Ни јас не сум од Скопје, сега гледав вакви, дали некој ги има проверено дали се добри, изгледаат меки ама ме маче ѓонот.
Ги гледав машките. Не се превиткуваат од крај до крај. Јас не ги избрав за проодување. Наместо нив ги земав тие од најк што ги имам ставено погоре. Најк имаат доле засечоци на ѓонот и се виткаат целосно. такви ми рече ортопедот да барам. Иоа ќе ги фатиш со рака прстите и петата да се допираат. инаку сега видов во Енци Мени има 50% поуст на есен-зима колекција. Тука спаѓаат и обувките и топлинките за проодување. И тие ние што ги имаме