И мене тоа ме мачеше тој дел. Ништо ќе барам други, на цицибан се е 21 па нагоре, а малата 20ка и е комотна.
Од спортскиве само ова ќе ти врши работа. Удрив анализа на се пред еден месец Само гледам и спортвижн немаат бројче. Ама го има моделов и по други спортски, да побараш
Овие му се најпогодени на мојов, 4ти пар носи, има и други бои и за девојчиња. Друг модел се овие, од овие има голем избор и во Мега аутлет, што има и во Молот од надворешна страна што е продавницата и во гтц.
И мене ми се допаднаа овие ама јас одам строго по инструкции од ортопед. Барав да се свиваат скорз, да се допрат прстите и петата. Овие не се такви и двата модела ги има проверено
Двата модели ни ги има видено ортопедот, рече дека се одлични. Имаше бебе мое и како твоите Најкот од сликата, ама на Адидас, супер се и тие
Баш и во друга тема зборевме дека различни совети даваат ортопедите. Нас ни кажа пожелно е да се долу со патент (како тие од кеги), а некоја членка имаше пишано дека ортопедот и кажал патент никако Мака ми е ова со чевливе. Едвај чекам лето да го пуштам бос
Да, тие со патент ни ги посочи и нашава, имаше и такви бебе мое, ептен дека и поклон беа ама не се нај нај лични бе, па и со тренерче како Нашава за Цицибан рече не, не била за тоа дека треба дете да носи таква ортопедска влошка, едноставно не секое ноџе било исто (мојов топлинки Цицибан носи иначе, ама ај се тешам не ги носи долго, најлични ми се и убаво му лежат ). Патики кои се со превиткав ѓон било кои и горе меки, но да се обрне внимание само да не му се многу широки, секако ни тесни. Сега зимни зедов едни цели горе кожа од Најк, високи и реално бебе ич не ги сака, па купив како првите што ги постирав, дури е суво надвор може да трчка со нив
Јас сум женче таа членка. Др. Антоније не ги препорачува тие со патент. Јас сум израсната со кеги па какви ми се нозите не верувам дека има некаква врска брендот колку со тоа да се витка и да биде лесна.
И јас кажав дека нашиот ортопед ни кажа не такви,Тони Талески. Рече дека кај патентот доле било испакнато и дека кога би стоел би му било нерамно и не се препорачува,ова со мои зборови,тој малку подетално објасни. Исто и кога прашав дали да барам ортопедски,рече дека такви само за оние со рамни стапала,инаку не. Кога го прашав дали да барам од адидас,најк,рече бирај само да се свиткуваат кај прсти,а горе кај глуждот да се цврсти,да го држат убаво ногчето. И ние сеуште не сме купиле.Кај нас по спортскиве,не сум видела мали бројчиња,ќе треба да тркнеме до Ск.
Мене воопшто не ми фатија око на кеги. Ги купивме демек такви точно требало. Ама некако ич не лежат. Многу ми е глупав целиот крој некако. И одот во нив му е неприроден. Ама тоа се од мое око. Стручно незнам. од овие што ги имаме најк најмногу лежат. Ама ниски се кај глуждот. А демек требало таму височки да ја држат ногата. И всушност сеуште немам најдено идеани обувки. Среќа па што по надвор не го пуштам да оди, а дома е бос па престанав многу да се оптеретувам бидејќи ги носи за украс кога излегуваме. А на ладново и тоа е ретко. За во кола
За кратко ќе излезат пролетни модели. Адидас и најки имаат слични, па ќе купиш. Ги имаше погоре ставено. Ептен се мекички и лесно се превиткуваат. И мене овие на кеги ми беа ептен грди, никогаш не купив.
Чевли, чизми и топлинки имаме од дсм оттопедика. Супер и лежат, баш назад кај глуждот се цврсти и на изглед се убави. За патики моделите на емка се супер. Лани имавме таков модел на адидас презадоволна сум. Оваа година планирам пак такви да и купам.
@AlicaInWonderland овие да не ги сретна во студијата за проодување? Тие најкот ич не ми се на изглед убави. https://www.gebrueder-goetz.de/adidas-fortarun-x-cf-lauflernschuh-blau-ros?pdtn=2694532&atin=269453
Да и обие го гледав, не се витка ѓонот и на овие. И CF и AC моделите на адидас ептен ми се свиѓат ама тоа со ѓонот ме мачи. Можда за пролет ќе му земам коа веќе ќе биде убаво прооден Кај нас ги има во спот м
Малата постојано се засркнува кога пие вода. И кога пие од обична чаша и кога пие од шише со клунче, такво сама да влече. Значи постојано и после кашла 2 минути, да се направе нема ништо, но дали е е опасно ова?
Синко има долго стапало, високо, одвај му најдов чевлиња за роденденот, овие се кожни, се виткаат напред, меки се а кај глуждот тврди, 1350 ден мислам беа од Битола наспроти стаклената има продавница нз како се вика, таму се само за деца обувките. Сега ќе му барам патичиња ама морам и него да го носам за да му пробувам, оти без него тешко да купиш. Ги гледав моделите погоре, убави се. А дали ги има некој овие топлинки од Енци менци се, дали се за виско стапало? Намалени се сега.