Инаку не се со знакче Цицибан, ама скрос истите се, продавачка од Пеко ме упати каде ги продаваат, дека само различни етикети носат, они немаа број во ниту една продавница, од ниеден модел. Од Toplinki.mk ги нарачав, milami е знакчето, од денес за утре ми стигнаа, бесплатна достава и поевтини се, сега видов и попуст имаат.
Мене ми требаат ортопедски, сводот му е спуштен па каличанин вика такви. И овие се внатре ортопедски така?
Анатомска и кожна влошка имаат + миризлива, по декларација и Цицибан такви влошки имаат во топлинките. Мислам, ама не сум сигурна, да му ги најдам старите кои се Цицибан и ќе знам сигурно, мислам влошката беше цела кожа, а ова е како со кожа и "пурпена" еве види..
До седум години се развива стапалото, оти ортопедски? Оди на прсти? Не е страшно, големиот кај мене има рамни табани, тоа на мм. Носеше топлинки на Цицибан, баш со перниче кај што треба да биде лакот на стапалото, нема врска дека му помогнаа. А само такви му купував, после и ДСМ ортопедика, и тие такви беа. Џабе. Сводот ист си остана.
дали користите перници? 13 месеци сме сеуште не сум и ставила перница,пробав еднаш ама ја бутка несака ја најдов во ќош
Ако сака детето. Ако не сака, не мора. Големиот уште спие без перница понекогаш, а осум години е, малово од година и пол сака на перница, па му ставив. На рамно не сака. До детето е.
По "правило" до 3 не. Син ми од 2 спие на еден слој од трослојната дормео, ќерка ми е скоро 2 и ставив на неа едно ниско не се ни осека ама колку и обќна да има нели ама во последно време почна да се пика на мојата перница која е доста висока и не е ич за неа
14 месеци и уште не. Многу шета по кревет, не спие мирно воопшто затоа и веќе не спие во креветче. Се заглави неколку пати и вриштеше.
Поздрав мајки.Сакав да ве прашам за совет.Пред 4-5 часа малиот син падна од креветот,скокајќи и ја удри главата,ама истовремено почна и да крвари од носот ,и тогаш забележав дека усните му помодреа,и му крвареа исто.Меѓутоа,бргу се опорави,плачеше некои минути после се развесели.Ама сега приметив дека раната во челото некако ептен отечено изгледа,па реков да ве прашам дали сте имале вакво искуство? Сакав да го носам на клиника ,меѓутоа вака раната е ептен мала,значи до ударот е,тој беше јак.Некако се загрижив многу
Прати го дали има мачнини, повраќа, дали има вртоглавици. Ако спие, буди го на саат време. Исто провери некое запче да не скршил.
Добро утро мајки. Некој со ревакцина на ММР ? Ние вчера бевме,дури не ни заплака. Ама затоа ноќта хорор ни беше. Најмногу спиена сум 15 мин. Плаче,вришти,од сабајле нервозен. Температура нема,си игра,јадеше малку. Ама само плаче,кенка,спиење ич.. Од вакцината немаше никаква реакција,ама ова хорор е.
Кај нас нема ММР ревакцина пред 6 години, освен ако детето се боцка во периодот од 6-9 месеци. Барем мислам дека е така. Не знам дали некоја од мајките што ги боцкаа малите пред да наполнат година ги носат на ревакцина. Само ММР прими? Обично од неа нема првите денови реакција, туку подоцна.
ММР и варичела е ревакцината, како и вакцината. Ние ја имаме примено по германскиот календар ако вакцината на 13 или 14 месеци. Искрено не памтам дека имал реакција од ревакцината. Да не го боли боцнатото?
Мене на секоја вакција ми велат дека ако многу плаче, неможе да спие и се познава дека го боли да му дадам пола доза парацетамол. Мене еднаш ми беше ваков и се смири од парацетамолот. Сигурно може и за оваа, да прашаш матичен, да ме се мачи бебе... @Minnie 1
ММР и варичела прими,инаку 13+ е. Кај нас штом ќе прими вакцина,му ја закажуваат следната. Инаку му дадов сируп,ама ништо не помогна. Ќе следам денес како ќе биде,како и дали воопшто ќе спие преку ден,па можам попладне да го однесам. Само мислев ако има некој примено,да слушнам искуство. Фала ви.
Кај нас нема вакцина за варичела, ама ММР прво се дава на 13 месеци, а претходно нема. Во Германија на која возраст првпат се боцка за ММР и варичела ако ревакцина е на 13+? Иначе може парацетамол секако, ако е болно местото или ако детето е вознемирено.