Кај нас е една вакцина на 12-13 месеци, а ревакцина има само кај оние што се вакцинирале во периодот од 6-9 месеци, поточно во случаи на епидемија, како што беше минатата година. Затоа се зачудив кога рече ревакцина. Дај слободно парацетамол, ќе делува на болката ако ја има.
Не е таа менингококи прва доза после ммр? Не слушнав да има веднаш ревакцина на ММР има ревакцина на првите рота и остали набрзо. Во петокот ја буцкаа вакцина ммр и закажавме за менингококи на 13 месеци.
@Minnie 1 во право е Фри провери еве сега гледам во картончето мојот примил вакцина ммр па следен месец менингокока, па дтпр ревакцина па потоа ревакцина ММР. Во фебруари е вакцината ММР па во јуни ревакцина.
Ревакцина добил пред менингококи. Не прашаа дали сакаме во исто време реков не, една по друга нека оди се. Ќе прашам за ревакцината кога е да не не сум разбрала добро али сум сигурна дека не идеме на 13ти месец за неа.
Овие ништо не ни прашуваат,само следна вакцина тогаш и толку. Ама ја си реков ај од вакцината немаше реакција,да завршиме и ревакцина ама ова денес катстрофа е.
Немој да се плашиш сега разговарав за ова можело и така да се стави ревакцина на мин еден месец. Веројатно мислел дека ќе иде градинка па според новиот закон мора да биде ваквинирано детето и тргајќи од тоа да не му се прави гужва со термини му шибнал и ревакцина А може и нас да ни речат во Март да и ставиме ревакцина пред да иде.
Здраво мајки, сакав на своја иницијатива да и' ја проверам крвта на ќерка ми, па од реф вредност на леукоцитите до 10, нејзе и' се 10.3 . Не е настаната, само кива по малку повремено, ретко, има ли простор за грижа?
Кога давате суплементи за апетит? Девојчето мое втор антибиотик пие за овие две недели, грло црвено,она ништо не јаде. Значи ништо буквално. Цица кога сум дома, ама кога сум на работа гладна седи цел ден. Се мислам да и земам Б комплекс сирупче или ова на Бекутан со Омега, ем имунитет да и зајакне малку ем да почне да јаде конечно.
Јас би дала чим ништо не става у уста сем цицо. Имаш на Бекутан само б-комплекс, јас давам од тој, задоволна сум.
А капките од семка од грејфрут? Имам такви дома,се препорачуваат од годинка,моево е скоро 13 месеци,па не знам дали да почнам да давам? Има ли некој да дава? Кога ја прашував матичната,ми рече нема потреба никакви витамини да даваш штом не оди во градинка
Не.Купив капки прополис неќе да ги види, пишти вришти. Не знам како би и прснала спреј,кога ќе ги стегне забите.. @emkaemka Баш тој на Бекутан го меркам. После колку дози има ефект? Ќе и земам уште денес.
После некои 3недели имаше ефект.. Просто е прскањето, бебе вришти, ти буташ направата и прскаш Ефикасно е и помага, се уверив и на себе, а и мм го пофали
Јас до сега на себе немам прснато само лижнав ми го утрна јазикот Имам про анги беби спреј. Прво ми бараше вода да пие после викаше како мастика лутело. Ќе помогне многу
Нешто ме мачи. Синот направи година ипол, а уште не може да стане од земја кога ќе падне. Кога е во креветче се фаќа за креветчето и си станува, ама ако падне на земја не знае да стане. Некако мислам и не е мал за ова, а можеби е резултат на тоа дека не знаеше да лази. Дали да чекам само да му дојде или некако да го учам?