Колку пати ви какаат децата од година ипол? Мојата на ден има по 3 стилици некогаш и 4 некако многу ми се чинат ама и многу јаде. Се мислам пробиотик да и воведам waya или провен ми ги фалат, моментално е на линекс ама дека пие антибиотик инаку не и давам. Па не знам што да земам да пробаме, вака и за нокшир тешко. @Girly90 мојата пред 2-3 месеци не знаеше да се исправи и цело време бараше раче па престанав да и помагам кенкаше неколку пати и брзо се снајде да се исправи, така да не му помагај ќе се научи.
На 12м се пушти а на 14 почна сам да чекори без проблем. Страв ми беше што кога паѓаше, цело време нанапред без да пружи раце и морав веднаш да реагирам. Веројатно и јас сум крива и сега некои навики нема стекнато. Ама и страв ме фаќа, гледам дечиња помали од него гајле немаат, од една на друга нога падни-стани, мојов не, се со страв е некако
Мора сам да се исправа. Не со ваша помош, навикнат е секогаш некој да му помогне да стане и затоа не се труди да го направи тоа. Оставете го малку сам да се помачи. Секако, ти ќе бидеш во близина, ама не го исправај, нека пробува. За брзо ќе научи само.
Може да има чести столици поради вадењето заби. Кај големиот баш во тој период по 5-6 какани пелени дневно менував, газето лом му беше. Ама тогаш вадеше четворки, па тројки. После кога излегоа забите се намали на една до две дневно. Од пробиотик секако нема штета да го даваш и кога не пие антибиотик.
Како што ти кажа и Анатх, мораш да го оставиш сам. Верувај дека никаква услуга не му правиш со тоа шго го креваш, мора да се научи. Држи му нешто интересно да стане да го дофати. Остави го да паѓа, сега е времето за учење. Нема да можеш да стоиш се до него на лулашки кога ќе трча, треба да знае како да падне и да се заштити.
Фала на препорака, ќе и земам утре и такво. Мора да го оставаш сам и да не му помагаш, ќе ја совлада техниката и ќе станува сам. И ќерка ми е година и пол ама од како е преодена никогаш не побара раче за да стане, сама се учеше. Ехее колку пати се треснала на газе, ама еве ја ко ракета е За доброто на детето, не му помагај.
Минимум 2 пати кака. Често и 3 или 4 пати. Исто бајаги јаде, па не сум се запрашала дали е многу. Почна да ја учиш на нокшир? Ја само го извадив да го гледа. Брзо сфати дека таму се моча и кака, па сега ги седнува куклите и вика МОЧА и КАКА. А кажува дека е какана од кога ќе се искака.
У мојава кажува кака откако ќе заврши работа. На нокшир бев у план ама ми се разболе па баталивме, еве денес и го извадив па ќе пробуваме. А за многу какање ми се учина многу дека повеќето деца на другарки по еднаш какат. До душа извади и 4ки сеа ама и не памтам ден без 3 какани пелени.
Моето од 12 месеци навака не се кака во пелени, или на нокшир или го издржувам в раце, така одма се кака, го секавам ќе почни да стега и одма го слекувам уште 2, 3 мин в раце го држам и си кака. Во пелена ако не го сетам малку кака и после уште 2, 3 пати ќе кака до вечерта, вака само 1 После 12 месеци сам се пушта, но уште има страв оди и 5, 6 метра и поќе, но нз уште дали е прооден оди од едно на др место сам. На 10.02 ќе прави 14 месеци.
Преоден е. Лесни чекорчиња. Ние престанавме со нокшир. Малата почна да плаче и да се крие. Веројатно и дојде стресно, ја оставам не форсирам има време. Битно пеленскиот осип го решивме. Пелени сменивме Кан бебе, Виолета, Дајперс, Пуфис и се среди со Памперс ПроКер, најсолените ама битно се реши проблемот.
Не не, никако. 4м беше со пеленски осип, ова ми беше заради тоа. Напочеток супер, после почна да плаче и да се крие, одма го тргнав.
Имаше некаде дискусија за нив мислам во 6-12 месеци, види прочитај. Јас сега го учам од обична чаша, малку се засркнува ама ќе научи со тек на време.