Пет/шест метри оди а ти не ни подаде постапалки? Лесни нека му се чекорчињата! Јас од пред некој ден и давам да пие успева цела да се истопи со неа. Како и успева не знам. Ја сфати финтата на пиење покажи му два три пати и ќе почне да пие. Тоа е како чекор до обична чаша.
Значи на Емили што може да и текне, на никој од нас не може за неа не важат закони на природата таман зборевме како не може да се измократ со таа лаша и оп еве ја неа да ни докаже спротивно. Царица е
Фала @FreeMind незнаев дали да правам, ќе биди деновиве ако стигнам да месам да купувам не ми се купува, домашниве барем ќе се изедат
Лесни чекорчиња. Ја и купував и месев. На форумов најдов рецепт. Преубави испднаа, а не сум вешта во кујна ептен брзо се прават. 20мин ми требаше плус уште 20тина печење. Ако решиш да правиш ќе ти го пуштам. Само да знаеш путер колачиња се, не онакви тестести како леб ете дури и речник немам за стварите во кујна
Фала Пушти ми во лп рецепт. Денес сум прва смена па можи после да ги замесам Не сум и јас многу по месењето, ама забчињата убави беа.
ние денеска имаме прво запче кец горе и доле фала богу требаше да полниме година до сега неможев да давам ништо да грицка све фрла на земја незнам како да го научам можда сега со зсбчињата ќе сака.
Нас изгледа некој нов скок не тресе или вака изгледа тодлерстворо. Ноќеска пак се разбуди да си игра среде ноќ и за момент се вратив неколку месеци наназд кога ова ни беше пракса. И одма новитет утрово. Не сака да ја ранам, сака сама да јади, да срка супа со лажица, да пие вода од чаша. Ај што половина супа заврши на тепих, ама и она не е се уште способна сама добро да се најаде, па секој оброк ни трае со часови. Други новитети се треска од земја за се што не и по ќеф и заоѓа од плачење со солзи. И секој мој обид да ја игнорирам паѓа во вода зш таа не намалува туку засилува.
Да ве прашам нешто. Синко додека примаше Малтофер капки за железото и хгб, какаше 1-2 пати на ден. Не знам дали е поврзано со нив, ама откако заврши со капките, кака по 4-5-6 пати дневно. Не е пролив, некогаш е пообилно, некогаш не. Мислам дека се што јаде веднаш го исфрла. Друга промена е што му воведов јатки и семиња во ужинките. Ама не знам ни дали е до нив. Да ја прашувам матичната или да не се глупирам?
Железото ја стврднува каката. Добро е што немал запек. Нормално е. Ако сакаш и прашај си, не е глупаво.
Кај мојата една до две столици во ден е нормално.Ама,со малтоферот и по два дена не какаше.Така да во ред си е бебуш твој.А плус и лененото и јатките помагаат за празнење.Како и да е, се додека не се течни и водлести столиците, нема место за паника.
Период ли е,од што беше болен,што ли е, искрено ме знам што да му правам веќе... Дете само во мене спикано,само ме тегне за рака,за нога. Ако станам до тоалет да одам,вришти плаче. Готвам,тој стои до мене ме тегне за нога и плаче... Нека каже некој дека има слично нешто и дека поминува,стварно не знам што да му правам. Не можам дете кое оди со 13-14кг да го носам во раце веќе. А не можам ни по цел ден да седам до него додека си игра. Очајувам веќе.
Дури сум дома истото е, нема шанса да мрднам, плачи, ако сум в кујна ја земам хранилката таму го седнувам и јас работам, така поседува дури му направам нешто за јадење вчера заедно со мм влеговме дома од на работа и тој кон него се фрли, кај мене не сакаше, го имам сетено мислам дека се лути дека го оставам, а во викенд кога сме дома не е така. Со мене спие в спална мм веќе 2 недели е во дневна морам да го пофалам, сега станува само 1 ноќе или 2 пати, подобар е не плачи многу. Дали конечно ќе почни да спија?
ние ич не спиеме одбива да спие 8 скок мислам дека до сега шо имаме поминато е најтежок незнам како да го заспијам многу сум уморна
Мајки за искуство ќе ве молам,закачивме бронхит,имавме 4 дена тем,супер си пиеше млеко,прима антибиотик,од вчера ми одбива млекото од шише да го пие,не сака воопшто течност,а за јадење е подобар
При припреми за градинка, вчера направивме брис на малава, покажа хемофилус во носот. И тече нос и поткашлува, ама така е одамна (со секој заб што никнува и се случува), и повеќе пати беше на лекар последниве месеци, освен перење на носот и инхалации друго не ми дале. Сега резултатите ги добив денес, понеделник ќе го консултирам педијатарот, ама да прашам за искуства. Ваљда една доза сируп антибиотик ќе дадат и толку е, или е покомплицирано од тоа?
За почеток да. Антибиотик или спреј со антибиотик за во нос од листата. После правиш контролен брис зашто ќе ти треба за градинка, па ќе видиш. Ваљда паднатиот имунитет од вадење заб, ја активира бактеријата. Некој друг ја спомна бактеријава на форум, мислам во Авицена правен брис беше, можеш и да направиш брисеви на друго место.
Во Биотек и правевме. Тоа е некој стандард на две места да се прави за секој случај, или Авицена конкретно има историја на грешни резултати?