Па така се пишува тука. Се случило на некои членки, не ми текнува за да ги тагнам. Јас лично сум немала проблем во Авицена. Прочитај низ бактерии кај децата мислам беше темата.
Јас лично немам лошо искуство со Авицена. Секогаш наодите биле во согласност и со крвната слика. Последен пат направивме крвна слика, покажа покачени леукоцити и црп, за 3 дена стигнаа резултати од брис со наод бактерија.
Што давате за сува кашлица? Не фати грипов веќе 6 дена, таман му се намали тт сеа корне од кашлање. Му дљвам чај од исландски лишај и еедвај по малку чај од јаболка и кромид, мачка со пулмо ама нема подобрување. Утре секако ќе го носам на лекар, ама да искористам уште нешто превентивно. Денес чекам мед да ми стигне па ваљда и тоа ќе помогне
Зависи од што. Ако е ларингит акко кучешка кашлица, тогаш само ладно и инхалации. Ама најубаво доктор да слушне.
Малата ми се поти навечер на грбот и вратчето, спие со боди на кратки и памучни пижами и ја покривам со фротирка дека доста топло е дури не го исклучат парното. Дилемава ми е дали да ја пресоблекувам некогаш ми се буди, а и ми е страв да не ја "пресече", синоќа и пикнав тетра под бодито да не се суши на неа ама некако шубе ми беше. Ги пресоблекувате ли навечер?
И ние сме на градско парно, со тоа што ноќе не можеме да оладиме. Исто ја облакам, меѓутоа не ја покривам. Кога и да ја пипнам, нозете и се топли иако и се голи, кај грбчето е топла исто. И да ја покријам, за 15 секунди се открива, па престанав.
Навечер да речеме е пријатно, и она спие откриена ама дека болна беше па колку можеме ја покриваме и се поти до кај 12 после не, дилемава ми е дали да ја пресоблечам со ризик да се разбуди или да буткам тетра под боди.
Никогаш не сум ги пресоблекувала, а моиве ептен потат кога заспиваат навечер, во првиот час после заспивањето. После не потат. Пресоблекував само ако пропуштила пелената, или еве малово ако се измоча по грешка, што фала Богу веќе не се случува. А испотени не ги пресоблекувам, еден единствен пат кога пресоблеков испотено дете ми се прелади. Така да... За покривање, се откриваат ако се покриени со јорганче иако не е топло во собиве кај што спијат, па ги покривам со тенки поларни ќебенца. Така не се откриваат.
Ден денес ( скоро е 3г ) првите 2-3ч од заспивање некогаш се дешава да не е многу испотен, а некогаш е баш мокар на грбот. Обавезно го пресоблакам горе ( маичка на прерамки и тенка горна пижама во зимо, а лето само на прерамки маичка е ) и никогаш нит се пресекол, разбудил или што и да е. Полека го пресоблакам и презаспива за 1сек. Сепак не ми е логички да спие мокар во грбот. Ете пробај намокри ја мајчката твоја и види како ќе ти е ноќта во спиење. Сум пробала и затоа го пресоблакам зашто не баш е пријатно чувството.
Јас би пресоблекла ако после си продолжува мирно со спиење. Големата немаше шанси без вриштење да ѝ сменам маица и пижами, па ѝ ставав тетра. А со малото немам проблем. Исто многу се поти, дури и косата и перницата ѝ се мокри, па знам да ја подзабришам, да ѝ ставам нови пижами и маица и да ја свртам перницата од другата страна каде што е сува. Знае да закенка некогаш, ама пак ќе презаспие.
мајкички ајде хелп 13+ сме,и веќе подолго време ми одбива ад млеко,во ремедика педијатрот ми рече дека треба да пие до 18месеци ама несака,едвај по 30мл пред спиење.И решивме да не купуваме повеќе Ад е сега какво млеко да давам? и по колку? читам битолско не препорачуваат од тетрапак,ма да околу мене пријателки даваат... незнам што да правам совет?
Пробај друго ад млеко. Ако не сака пробај со тетрапак алпско словенско. Ама ако јаде други млечни производи, млеко и не мора да пие.
Јас не би давала воопшто ако не сака да пие. Секако ќе си надомести со млечни каши, кисело млеко и други млечни производи. Инаку јас давав на Имлек кравјо органско во тетрапак.
Медот ќе помогне. Прави чај со што повеќе кромид и мајчина душица,давај го топол со мед. Ако можеш да најдеш и домашен сируп од млади зелени ореви во мед уште подобро. Таков сируп правев за себе летоска за тироидната(се прави во периодот кога има млади ореви и стои 40 дена да созрее) може да се дава и на деца за кашлица и за хемоглобинот и подобрување на имунитетот но јас касно дознав,20 дена кашлаше ќерка ми и давав антибиотик но не помогна,и дадов 2 пати од мојот сируп и престана да кашла. Прашај педијатар за ова,рецептот е доста познат.
Да се преброиме @Dina911 ја викна некој? Се на жалење сте ја удриле. Немам јас многу за жалење пу пу. Од скоков промена има само преку ден кога ја носам во соба за спиење плаче како будала. Додека ја ставам во вреќа. Демек одбива женската преспивање. И еве ја три саати подоцна се буди. Ама плачење што дава дури и со нозе мафта како не ме носи не спијам! Пие млеко што ме радува две шишенца по 125 на ден. Исфрлив Краш чисто мулпино од Дм пие. @duffi колку беше на ден количински мислам пиша негде? Јаде растура иначе па млеково ме радува многу.
Дали тоа значи дека се префрливте на само едно денско спиење? Леле едвај чекам, се надевам во градинка ќе го фати тој ред, ме умре со овие две мали дремки, само да мочам имам време додека спие.
На две качи последниве две недели. Станува во 8, преспива во 11 еден саат макс и потоа легнува околу 16ч до 18ч. Навечер макс 22 е во кревет. Повеќе се уморува сега и и треба повеќе одмор. Убав ред има направено. Ама многу и е досадно дома. И јас не знам како да ја анимирам на оваа возраст каде се и е интересно пет минути. Време е за градинка дефинитивно зошто цел ден е тв уклучен на песнички и цртани, без тоа одбива да јаде и да функционира. Ќе ја средат веднаш, а и времево врнежливо не сме од дома испаднати досада жива.
@FreeMind 250мл беше.Таман сте. Инаку ако ја скратиш втората дремка, а првата и е малку подолга и во 20:30 ќе биде во кревет.