Немам мака со анимирање, мојава многу си игра сама. Ама кога е во друштво со деца е многу посреќна, им се смее, ги имитира. Едвај чекам да почне во градинка. Нејзе спиењето и е на граница да префрли на едно спиење, ама многу работа треба за да издржи будна толку. Ќе седи само ако е надвор или ако најдеме нова игра, па да биде многу заинтересирана. Иначе станува во 7, спие 1 саат во 11, уште пола саат до саат накај 3 и кома е во 8ипол. Ако ја занимавам издржува до 12-12ипол, ама не спие долго и после цел ден е наопачки. Се надевам во градинка ќе смени.
Мајки може глуп проблем ама малата се успива така што ми го турка прстот во уста, значи буквално ако не и е во мојата уста не се успива и плаче додека не и дадам. Праве ли некое дете вака? Фаза ли е, што ли е. Значи многу ми е грдо да ми брца во уста, заради неа не заради мене.
Јас те разбирам, не е глуп проблем. Малото едно време заспиваше дури ме држи (читај: кубе) за коса, па после се префрли на штипење на раката. Сама се одвикна, не знам ни јас како.
Моите вака кога прекинаа со цицање, едната ми ја ставаше раката на гради под блуза и ме штипкаше до заспивање, а другата ми го влечеше увото. Пробај замени со играчка. Јас им давав плишки да ги држат/гушнат, демек ги заспивавме и нив.
@Milaаа991 јадачката твоја колку кака? Кај мене на два до три дена еднаш обилно. И ве читам погоре три четири пати на ден и си велам да не има проблем уште од сега?
Да сега почна и да ме штипе, цела сум модрици. Се надевам дека ќе се одвикне. Да сега не сака веќе да се успива со цицање и шетаме низ соба и ми ја пика во уста. Ќе пробам со мече ама не верувам дека ќе успее. Еве сега значи ем се успа и после 15мин пак и текна да ми ја пика и упорна додека не и дадам, од кога ја пикна си продолжи со спање.
Мене ме држи за коса, се чешка со неа чат пат и дига нозе и нив си ги чешка, среќа долга ми е. Кај нас многу одамна трае и преку ден кога е уморна бара цуца и коса и медитира 5 мин. Кога сме веќе кај цуцлите кога ги одвикнавте и како?
Значи сите си имаат некоја навика за успивање. За цуцла дури и денски кризира. Ја кријам на високи места оти ако ја види одма ја бара.Пред тоа беше постојано со неа ама сега и ја давам само за спање. Уште не се случило да се успие без цуцла, плаче до зајдување.
На 18 месеци му ја сменив со поголема (18 до 36 месеци) и сам ја откажа, ќе ја земеше ќе види не му одговара и ја фрлаше така 3 дена и Толку беше. А пред тоа зависен беше ептен.
Мојата сега почна да ја бара преку ден како бебче ја фрлаше кога беше будна и ја користев само за заспивање, и јас ја кријам сега знае да се поткачи на маса и да си земе цуцла. @Chantal ќе пробам со поголема ај да видиме може ќе се отарасаме од цуцла. @FreeMind раат си со какање каков проблем јас глава не можам да кренам од миење гз. Башка и свеки ми се жали дека и бега кога ја мие ( читај ја мрзи) па поминуваат и со тупфери и вода ама тоа баш ми е сомнително, па се трудам со нокширот ама слабо оди.
Не сум Мила ама да се убацам. Мојов јадач кака 2-3 пати дневно. Ама од педијатар има добиено инфо дека и да не какал една недела да не се секирам, не било проблем до толку. После една недела веќе било проблем. Така да мислам дека е во ред. Мојов од коа престана доењето има 3 оброци и 3 ужинки и млеко пред спиење. Инаку со ад не успеавме. Па сега сме на којзо
Еве и моето заспива касно,околу 12 или 1 Денски има сеуште 2 дремки,кои траат по 1 саат отприлика. Пробав само еднаш да спие денски,ама добивав контраефект. Наместо да спие денски подолго,тој спиеше максимум 1 саат,па после 7 саат стануваше кенкав до бескрај зошто веќе му се спие,и после се расонуваше,оа наместо да ми заспие порано,он почна да си седи до 12. Гледам дека сеуште му е рано за една дремка. За какање,кака еднаш во 2,3 дена и тоа ептен тешко,многу тврда столица има. Претходно и по 4,5 дена не какаше,па му стававме клизми неколку пати,па пиеше сируп Изилакс демек да се регулира,ама тешко. Ноќното спиење,сеуште е како и што си беше,само што не седи откако ќе се рабуди,туку цица и заспива. Му излегуваат сите двојки истовремено,две веќе се излезени,а др.две ја пробиваат жлебинката,кај и да е и тие ќе излезат. Ама и тројките му се ептен побелени,набобрени и се познава како белко на нив,иако знам дека сеуште им е рано,сигурно се спремаат. А четворките не ми дава да ги ѕирнам Почна сам да станува,засега само во креветчето или на петоседот држејќи се за наслон. Ептен е смешен,стои,а нозете му клацкаат Него за обувките за проодување,еве денеска разгледувавме и ништо слично не најдов како што кажа ортопедот. Сите некако крути ми се и не се виткаат,оние па на ДСМ, крути и тешки ,а убави моделчиња има. По спортскиве бутици кај нас и нема избор на патичиња за мали деца,а она што го има е исто круто. И сега,какви да барам и каде? Вакви патики што се лесно свитливи се препорачуваат ли само додека трае процесот на проодување,а откако ќе прооди може и покрути или не? Како да го разбрав докторот дека додека проодува најдобро е да е бос,па според тоа логично ми е дека такви меки треба и да се откако ќе почне да оди И почнавте ли да им ставате перници за спиење?
@hello-kitty.90 не и немам намера додека не побара сама. Ете кај лаки почна цела ноќ да спие ќе смени и кај тебе наскоро. Јас пробиотик и давам да и регулира столица, овошје секој ден али пак не иде секој ден. Додуша и толку јаде за да иде не и е тврда, но кога кака се напиња ептен некад и прокемкува. Ретко ја ставам на нокшир не сум редовна со тоа, а и не ми успева со него засега сака веднаш да стане. Од пред некој ден стои сама без да се држи неколку секунди веројатно вежба рамнотежа. Мускулно е подготвена за одење веројатно чека дозвола од нервен систем да тргне. Кај и да е ќе биде и тоа.
За проодување по дома му облакав кожни топлинки на хипо, дека се лизгаше со чорапи. Може и чорапчиња со гумички. За надвор патики му купив што лесно се превиткуваа и плус лесни беа патиките. Ваков модел.
Намали сега од 2 до 3 пати на ден, инаку до скоро кога беше повеќе на цицање знаеше некогаш и до 5 пати на ден.
И синко има уште две дремки, скоро 14м е. Навечер заспива околу 23ч и спие цела ноќ до сабајле до 9:30/10ч. Многу е брз во одењето покрај ѕид, кревет, маса, кујна, насекаде оди потпрен со една рака и никако да се пушти уште Не ми е јасно завчера од каде ја имаше таа висока темп од 38.8. Само сабајлето и толку после. Не е настинат, нема нови заби на повидок. Јас му купив меки патики Адидас, слични на овие погоре, ама секако надвор не оди тој. Дома е на чорапчиња само. Уште цица само пред заспивање, планот ми е до пролет и да го одбијам скроз. Лесно ми е вака што заспива на града, инаку се отепав од нишкање цела година.
Е да, заборавив. Перница не му ставам оти цело време се мести нагоре во креветчето. Нон стоп е напикан во некое ќоше. Среќа па меко е креветчето, од монтажните. Уште кака 3-4 пати на ден. И уште не пие вода
Леле и мојава не пие уште вода, па и давам супи и чорби бар така да внесе течност малце. За перница не и ставам, но спие со нас на спална и цело време се качува на нашите. Јас ја симнувам, таа пак се качува, изгледа поудобно и е така.
Перница не ставам, исто спие горе залепена и тоа нозете кај мене на глава. Вода пие. Има денови каде што пие по 300мл има денови помалку. Има 2 дремки, првата 2ч по станување, по 30-40мин, втората 1.5-2ч. Кога пробав да и ја скратам направив контра ефект, ја успав во 8 ипол и ми стана во 23 спремна за игра. Кака од 3 до 4 пати дневно.