Мојата млеко престана да пие на 11 месеци, но пиеше многу јогурт и кисела млеко. Ад млеко го користев само за млечни кашички за вечера и според педијатарот се тоа беше доволно. Млеко само така никогаш не продолжи да пие ниту ад, ниту тетрапак. Сега е 2 години и млеко исто само во каши и давам, милкшејк правам и јаде.надробено леб, млеко, какао и некој засладувач.
Срце ми застана коку време се надгледува после пад два саати беа? Ја ранев како и секогаш по неа со чинијата и наеднаш неочекувано се пушти од ѕид и почна да трча неколку чекори се изврти и падна на рамо на плочки. Не успеав да ја фатам... Плачеше долго ја допирам не реагира на повреда и си игра сега весела е. Ова пред саат и пол време се деси не падна на глава на рамо некако странично.
Не и е ништо. Се надгледува ако падне на глава, да не има потрес. Чим не реагира на допир на рамото, немате гајле.
чим не е на глава не се секирај,да два саата ако нема нешто што ти изгледа чудно ондак ништо не и е може да има модро на раменцето ама тоа дури утре ќе покаже модрото не се секирај и не паничи пред неа за да не се исплаши она
Има ли некоја нова интересна емисија за деца на македонски јазик, на пример како онаа што беше со Ивце-пивце “Ај ти замижи”?
Дојдов да побарам помош/мислење за мојот нејадач. До пред неколку месеци јадеше задоволително, мевце во јадењето обожаваше, манџички и слично. Е потоа почна голготата на направи и фрли секој можен ден. Да не се јогуртот,јајцето и к.млеко ова дете ќе остане гладно. Единствено што не одбива е леб и секако благо. Не знам како да го натерам да касне еден саглам ручек, да се најаде како човек, а тоа да не е со плачки. Му ги укинав сите ситни благца кои ги добиваше за ужинка, ужинката општо ја намалив за да огладне и пак кога ќе го ставам ручекот пред него уште непробано плаче како да го колам. Пробав да јаде во исто време со нас, ставам се пред него и почнувам да јадам и со мм го игнорираме дека не јаде, само си игра со храната. Досега двапати се случи да му се здосади да игра со неа и почнува да јаде и тоа ја празни чинијата. Не знам дали да продолжам со истата тактика, дали е исправно. Мајки помагајте почнав навистина да очајувам.
И макароните ги заборавив, строго со изварок само. Полудев веќе, а тој никакви знаци дека е гладен не покажува, ниту пак бара храна своеволно.
@Milaаа991 твојата кажуваше дека не ја интересираат ни цртани ни песни? Еве сега мојата исто, ќе пуштам ни една песна не догледува не ја интересираат.
Да до скоро не и беа долго интересни, ама сега ако и се погоди песничката не трепнува. Дури и дајлинското ми го дава да и менувам ако не и е по ќеф. Ако и се допадни игра, аплаузи дава, се радува. Затоа сега ретко и пуштам, ептен ако не јади или е растревожена за да се замири. Денес беше смешна на five little duck во делот каде што прават квак квак квак, таа пред нив уште квакаше и тоа баш ја пратев на сите повторувања емитираше пајчиња уште пред нив. Потоа кога почна трите прасиња ми ја донесе сликовницата со трите прасиња и беше воодушевена дека биле истите. Значи веќе развива логика и затоа и се интересни. Мора рестрикции да и правам.
И јас пуштам во екстремни случаи ама сега ни тоа не успева Убаво е што не е заразна ама барем 15мин да и задржеше внимание.
Мојот Нејадач не само шо не е љубител на храна туку и вода не пиет,нерви искинав ама џабе и се молам за денот ко ке се наручат саглам
@hello-kitty.90 Веќе сте си направиле муабет ама јас додека видам дека не префрлиле.... Каков фин муабет со ИСКУСТВА ни растуриле. И кај мојов сеуште шетаат тестити. Ама педијатарот му ги прегледува редовно па не е кажала ништо до сега па сигурно е нормално. Јас за ерекција додека е по пелена не сум приметила ама на секое соблекување да. Ќе го соблечам и одма почнува да го фаќа и го дига А им ги отварате уште? До кога треба ова да се прави?
Јас сведов Кокомелон на нула зошто како хипнотизирана е. Огромен интерес покажува од 3 месеци за цртани, затоа не пуштам. А ги користев за да јаде ама и така не јаде па исклучив. Златно славејче пуштам ама не и се интересни си ги бара секој ден цртаните назад. Се надевам со градинката ќе ги заборави. Од кога ве прочитав дека имитираат животни вашите да бидам искрена дерман не ми е дојден. Многу ми е страв со говорната фаза не сака да ги повтори звуците. Прави исто како и со приказните се нервира и ме мава. А ќе почне сега само на германски тек тогаш ништо нема да и биде јасно. Од зборови вика бејби на куклите. По колку звуци ги учите? Маче цело време или ги мешате повеќе звуци?
Маче, куче, крава, коњче. На сите ми се смее, ниедно не повтара. Јас на година сум знаела 5 животни да имитирам, ме има на касета снимано. Ама затоа па кажува поише зборови. Мама, тата, баба, деде, папе (другиот дедо), меме (млеко), џиџи (сите играчки што пуштаат музика), беги (бегај) и џубе (ѓубре). И разбира што и зборам, кај е бебето/кучето/штипките/чорапите, знае да покаже. Не вреди да се замараш, се во свое време. Мајка ми кажува за една другарка, збор не кажала до 2 години, и вика "од тоа летото кога бевме во Созопол, еве скоро 30 години уста нема затворено" Не знаеш кога ќе и тргне, па да почне по 15 зборчиња да кажува наеднаш.
И ние почнавме после годинка. На роденденот викаше само баба и мама. И некогаш му се имаше испуштено тата и ајде. Толку. После роденденот почна тете, деде, ам и слично. А за имитирање звуци дури на 13 почна коа ќе се качиме во кола да вика буууу. И сеа коа му облекувам палто вели бууу, демек ќе се возиме. И од тогаш почнавме да “вежбаме”. По 3-4 дена му повторувам едно исто и така ќе го научи тоа па се префлуваме на друго. Прво маче, па куче, па крава....и така по ред. А у меѓувреме го “испрашувам”. Се трудам да не биде форсирање него низ игра јас да кажувам, а кој да ме имитира. Да не го убедувам со сила да каже. Сега на скоро 15 малку се опушти со зборчињава ама пак ми е на ниво на 11-12 месеци што ги читам овде. И мене знае да ме фати јанза ама мислам немаме простор за паника вака рано. Гледам дека се ме разбира и прави што му кажам, ми донесува ствари, доаѓа по мене коа ќе му речам ајде одиме да шетаме и слично....
Прво почна кучето да го имитира бидејќи го слуша од надвор. Потоа почнав јас да и кажувам пример како прави патката и кажувам кваква, па како праве мајмунот и таа сама после 2 дена кога ќе ги виде ги препознаваше и ги имитираше значи не одма од кога ќе и ги кажев. Пример имаме на ѕидот принцеза кога ќе ја прашам каде е принцезата ми покажува. Кога ќе и речам дај ми коцка ми дава или било што да побарам. Од вчера почна за млеко да вика акам меко (јас и викам сакаш млеко) и пошто јас викам чекај она ме повторува чекај. Ама такво си е детето дрдорка, не затвара уста.Сепак и карактерот многу има удел, може е по повлечена, не зборлива и се си има врска. Во блиска фамилија имам детенце што на 2г зборуваше колку сега мојата ќерка.Ама исто имаат удел и цртаните и песните, сепак мислам со некоја граница не пречат во развојот.
@FreeMind синко почна да ги повторува по нас, има слагалки со животни што треба да пропаднат во соодветната дупка и секој ден ги редиме, па му ги кажував животните. Исто и додека јаде некогаш ги гледа тие меките книги со домашни и диви животни, и ги учи од таму. Всушност сега се повторува по нас. Како се мачкаме крем за раце, како се караме со прстот итн. Кажува мама, баба, Деде, тете, тао (чао), дава бакнеж за поздрав, покажува кон некои работи кога го прашувам ама никако да каже тато! Мм мн се нервира и по цел ден како папагал по него оди А малово упорно и него му вика деде. Туку, кажете ми дали има уште некое дете од генерацијата што уште не оди? Моето е скоро 14м. @Dina911? @monik55 ? Вас не ве читам...
Мојата вчера се пушти, дава по 7 чекорчиња. Се надевам во текот на другата недела ќе ве частам постапалки Ќе се пушти треба само стравот дс го надмине.
Веќе еден месец оди,сега фаќа залет и се затрчува па ќе падне и пак си продолжува. Освен мама и баба и не ако нешто несака, не вика ништо друго. Мавта за чао подава нешто ако му побараме. Сам си јаде парчиња храна,сложувалките исто ги погодува. Во ништо не го брзам се ќе си почне сам и со време.