1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Тука сум, цела екипа во нова група :) мојот што да ти кажам, сите дома леле нејке да оди, кога ке оди, јас им викам рано е без форсирање. Кога ете ти некна си идам од работа он се пушта по 3-4 чекори, а нејкеше ич ни за рака да оди. Еве и денес полека го застанувам се пушта по малку, ете кај мојов преку нок се случи ова, дури не ми се верува. инаку знае неколку работи, кучиња, мачиња, и другите основни работи и се трудиме секој ден да учиме по нешто ново.
    @FreeMind јас пак го научив на детски песнички, кога е зорт за нешто само тоа му пуштам и исклучиво на тв, на телефон му немам покажано дека може да гледа јутуб. Еден период се научи го носи далинското од телевизорот само да му пуштаме јутуб, па почнав да го кријам од него и заборави скрос, една недела ептен без ниедна песничка беше. Малата како е? Добра ли е?
     
    На marchi-cool, lackygirl, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Добра е фала на прашање.
    Кај мојава ако и смениш од она што сака да гледа иде демонстративно го зема далјинското и ти го носи во фаца со расправање на нејзин јазик. Ова демонстративно покажување несогласување го имам неколку пати приметено. Тоа е карактер од пелени кој го покажува во превод инат како и сите зимски знаци.
    За одење не форсирам очекувам за брзо да се пушти еднаш истрча неколку чекори филмски за да се трасне од плочки али среќа нема страв. Се пушта од кревет до мене на чекор два. Многу е претпазлива тоа ми се допаѓа гледа како да дојде до местото каде да се фати. Ако не бива клекнува и лазејќи си стигнува каде сака.
    Она што го прави во последно време е искачување. Немаме скали дома али и правам со перници и душеци бидејќи нас не искачува. Така да тоа и е интересно качи се и симни се од друга страна.

    Во однос на зборење мама, баба, папа, вава, гага, тата, бебе, бејби ги збори. Ози го вика Беј не знам од каде тоа и дошло. Она што не го прави е не не повторува. Ако и речеш кај е патчето и како прави патчето Ква Ква она си збори нешто друго. Како да не влегува во дискусија. За вау вау лаење куче оддмна испушта глас како ху како лаеж (бидејќи ози многу лае). Кога и велам подај ми ја топката ми ја дава. Кога велам брзо ајде трчи трчи (таква наредба има ози) и она се пушта шпринт со лазење. Крижи мижи знае да игра играме секој ден. Пикабо не бебешки. Се крие па те бара па бега. Ама да повтори збор не сака. И така си се фокусираш на она што не сака и ти влага во мал мозок па само на тоа внимаваш:)
    @AlicaInWonderland приметив не сака да ги допира тач енд фил. Тоа порано многу го правеше можно да и е изгустирано. Од 6 месеци фаќаше материјали низ игрите, сега не покажува интерес за тоа. Освен за прозор/стакло, ронки на земја, кабли и влечки/патики. Што понечисто тоа подобро.
    @LoveHope @thinkerbell @Vaga~ @paleska3 @Ringishpil_ @S.J.Parker @Happyinlove ваму дојте си.
     
    На happygirl, Lolipop23, S.J.Parker и 10 други им се допаѓа ова.
  3. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    Тука се собрала екипата, ние имаме уште месец и пол до оваа тема, но во другата штама :D, тук там по некое мислење. Со вас сите се дружиме од труднички и сите ве паметам уште бременостите како ги минавте, стварно незнам што смета што си се дружиме и споделуваме искуства.
    Малата кај мене вика баба и мама, сопругот мн се нервира што тата уште не знае :D, сака да ја бркаш, штом и речеш чекај да те фатам, бега лазејќи, ако почниш да и пеиш игра во место, т.е се клати, ептен е смешна :D. Животни не имитира, јас и кажувам она само ме гледа.
    Знае да стое сама во место неколку секунди но се нема пуштено уште. Масата ја трча држејќи се. Внимателна е, ако неможе да се дофати се пушта и лазејќи стигнува.
     
    На happygirl, Ringishpil_, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    12.866
    Пол:
    Женски
    Ве читам јас, ве читам. Баш не сте фер како сите избегавте. Уште малку 11 месеци, па може да ме примите.
    Мојава па душа дава за татко и, секогаш по него вика тае, тае. Дури и нагалаено. Мама јок.
    Дава играчки, се поткрева на колена, ама болка ми е што не лази. Сериозно ми е страв. Ептен ретко седнува сама од лежење во хоризонтала. Малку само ако е поткрената, седнува веднаш, ама од целосно лежење дали 5-6 пати сама станала.
    Покажува окото каде и е, устата. Друго не.
    Има една песничка арамзамзам, маж ми мислам ја бараше откако се роди и пред еден месец случајно ја најде. Е дете ја обожава. Игра, крева газ, плеска со раце.
    Знае што е куче, маче, ама не ги имитира. Мислам рано и е.
    И така, си дојдов си се искажав како падобранец.
     
    На paleska3, happygirl, Dina911 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Како се чисти јазиче со нистатин? Некако како бело да и има фатено.
     
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Ако е само на јазичето можиш со газа. Кај мојата беше низ цела уста и капев директно
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    На јазиче како малку да забакежав белко, поарно веднаш да реагирам дур не се проширило. Само до сега немала, па нз по колку капки да капам на газичката и колку пати на ден?
     
  8. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    Од вчера има температура макс.38.3 ама доаѓа и до 37.5.Сношти ставав чепче на 6 часа оти на толку качуваше.Прашањето ми е дали да одложувам и да разладувам или и на 37.7 да давам чепче? И колку чепчиња максимум можам да ставам да не и се иритира газето?
    П.С.Инаку си јаде и пие јогурт повеќе од вода и онака си е нормална.Други симптоми нема освен малку побрзо дишење кога качува.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.868
    Допаѓања:
    14.531
    Пол:
    Женски
    Зошто чепче на таа температура? До 38.5 само туширање со поладна вода, а под 38 ништо нема потреба. Башка таква мала температура најчесто е од заби, не мора ништо да правиш.
     
    На babydust му/ѝ се допаѓа ова.
  10. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    Фала @Spidy .Не можеше да заспие додека не симна.Исто и ноќта додека не симна,не заспа.Страв ми беше вечерта да не качи повеќе,од сабајле немам дадено ништо.
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.868
    Допаѓања:
    14.531
    Пол:
    Женски
    Некои деца многу тешко поднесуваат температура, и мора да им се даде нешто и на пониска температура. Ама пак би рекла не чепче. Пола доза сируп парацетамол/далерон сосема доволно е. И јас сум давала за да спие подобро. Ама преку ден само полесна облека и туширање по потреба.
     
    На babydust му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    @FreeMind од денес се приклучуваме на темата.
    Мојата буба мара полне годинка,ми порасна... Интересно беше што сабајлето во 6 и нешто стана од сон со плачење, мм се смее ајде ќере уште малку ќе се родиш. :D (се породив во 06:40).

    И ги пеам сите песни за роденден, таа само џуска, а нема поима дека и е роденден. Ние возбудени а таа само не гледа и се смее.
    Мини маус тортата ни била готова па попладне останува да дуваме свеќи и да се веселиме. :)

    Оф топик, со една колешка заедно што завршивме, јас се вработив во приватно здравство, таа во јавно на брза помош, а децатс ни се два месеци разлика (поголемко е нејзиното) пак била трудна. Се израдував ама како ли ќе издржи психички мајке ми? Јас да останам пак трудна ќе си заминам од светот, и така по нервозна сум постаната. После доцнење од 3 недели утрово ми дојде, баш во 6:30... Сега лавче chill out.
    Убав сончев ден, повелете ни на торта :)
     
    На paleska3, happygirl, hello-kitty.90 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Ако на мала температура даваш чепче или далерон можеш поголем беља да направиш. Под 38 не давајте во никој случај. Се дава на 38.5 да а му се даде шанса на организмот да се избори.

    Не даваш ништо оставаш така како што е. Мрп дигна кај мене 38.7 дадов еднаш чепче потоа имаше цел ден до 38 ја оставив да се бори сама. Третиот ден немаше.

    @LoveHope докторице среќен нека и е слики знаеш каде чекаме:*
     
    На LoveHope и babydust им се допаѓа ова.
  14. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    Фала ти фри.Еве од сабајле немам ништо дадено,само туширав и заспа.Околу 38 се движи тежп.Варира плус минус некој степен.Ме загрижува што дише побрзо од вообичаеното,се плашам да не ја измачувам.

    Среќен роденден @LoveHope да ви е жива и здрава,само радост да ви носи.
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Јас давав по една пипета така ми кажа матичната. Секако ставаш на газа и впива и газата некој дел. Инаку поминувај и го и со четката за заби.

    @LoveHope Среќен роденден на принцезата мала, да ги праве најсреќни мама и тате:inlove:

    @babydust зошто даваш чепче нели и помага сируп? И давај над 38.5 до тогаш пробувај да ја симниш без сируп.
     
    На LoveHope и babydust им се допаѓа ова.
  16. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    Само пред спиење ставив и еднаш ноќта, пишав дека не сакаше да спие додека не симна, а и да се осигурам зашто се плашев дека ќе ми го плукне сирупот.Немам никакво искуство со температура,прв пат и е.Теоретски знам се,ама во маката се двоумам за се.Па и викенд е, матичната дури во понеделник отвара.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Те разбирам ама тоа не е воопшто висока температура. Сирупот давај го полека и ставај и од страна на обравчето и да голта капка по капка. Наеднаш никогаш го немам давано и досега не ми плукнала. Пробај и без паники што и да се случе имаш детско одделение кое работе 24 часа.
    За жал секогаш се случува за викенд вакви работи. Нека поминува брзо. Облечи потенко и туширај без глава. Јас ставам и сенф на стапалата.
     
    На babydust му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Она брзо дишење не доаѓа од температурата. Убаво е да ја провери матичната и на гради како е.

    Инаку сврти кај мене и во голтање Д витамин од лажичка. Наеднаш сака да голта и пробиотик. Чека да и дадеш со задоволство.
    Дефинитивно кај мене преку ноќ ги прави промените. Од бебето кое се тепаше со раце и нозе кога ќе види лажичка до дете кое одвај чека да му дадеш Д витамин. Ова за храната не важи уште се тепа со раце и нозе.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Фри а како е ако и дадеш сама да јади? Мојата така сака сама и јас малку ја управувам со лажичката.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.869
    Допаѓања:
    203.011
    Пол:
    Женски
    Брзо и плитко дишење е нормално кај деца при покачена тт. Ако е испрекинато, тешко, плитко и со свирење/крчење е обично знак дека има нешто на гради.
     
    На duffi, mal.ecka, babydust и 2 други им се допаѓа ова.