Плаче сеуште штом види храна. Процесот на убедување барем да проба е еден саат. Ни сама ни некој друг никако.
Мојата имаше ваква фаза ама и помина. Сега да не види дека некој јаде одма му оди со ам или ако има нешто на маса. Ајде нека ги изваде и 4ките може ќе се разјаде Емили уште сега ти ги тренира нервите.
Ок @BabyT* разбрано.Благодарам за советите.Паничарка сум само за неа,слабост ми е. Фала @Annath и @FreeMind
Мојов витамин Д обожава, од 2 недели му давам Пливит Д3 со лажиче, најверојатно му е најпознат вкус до сега само му велам ајде мама капчиња и одма отвара уста, исто и за гранулите Осанит му викам ајде сега шеќерчиња и одма трча после пак бара.
@AlicaInWonderland сеуште не му е отворено на синко сеуште. Кога почнавме со отварање,кога беше 3 месеци,се отвараше целосно. Околу 8-9 месеци,а може и порано,му испука малку кожинката и доктор ни рече да паузираме малку за да заздрави. По паузата од неколку дена,веќе не се отвараше целосно,отвараме на секое бањање,ама многу малку се отвара,а вече не ни дава да го пипкаме. Кај и да е,ќе мора да одиме на хирургија Има и такво белко соберено под кожинката. Колку што знам треба постојано да се отвара,на секое бањање. Бебе полни 13 месеци,го усоврши станувањето во креветче,од седење се придржува за креветче и станува на нозе. Си постојува,а пробува и да се држи со една рака,а со друга да расфрлува мечиња или топчиња. Парацетамол да пие бебе мое обожава,а исто и бејбитол додека ги пиеше уживаше,сега пие Вигантол,не прави проблем,ама бејбитол едвај чекаше да му дадам. Исто и омега сакаше да ги пие. А тие не да мирисаат
Последно кај матичната од синко ја прашав дали треба нешто плус на му давам некој витамин, оти јас само Пливит Д3 му давам, ми рече нема потреба од ништо друго. Баш за омега ја прашав ми рече нема потреба супер си е. Читам омега давате, ви препорачуваат доктори? Зошто се даваат?
@FreeMind сигурно и се веќе досадени touch and feel. Ние енос сега ги откривме па се занимава со нив ептен @hello-kitty.90 еј ќе мора на хирургија? Ту штета. Знам дека воопшто не било болно и било многу кратка процедура. Ќе треба и јас да проверам. Месец ипол сигурно го немаме отварано. Не дава... @lackygirl ние приеме д3 со омега. Овие на бејбитол ги пие уште од коа излеговме од болница ортопед ни ги препиша. Плус вигантол д3. На секоја контрола ни вњли да продолжиме со бејбитол д3 омега плус вигантол д3 ни ја менува дозата при секоја контрола, зависи од потребата... еве што најдов на нет за омегата кај бебињата Спојлер: Омега Омега-3 се особено важни за доенчињата за равој на мозокот и нервните клетки. Бидејќи во првите две години од животот мозокот расте и созрева со посебна брзина, редовната апсорпција на Омега-3 масните клетки е особено важна: 0.5% од дневниот внес на енергија на доенчето треба да е покриен со Омега-3 масни киселини
Бајбитол од коа влегоа на пазарот, удрија ептен агресивен маркетинг. Нема доктор што не ги препорачува Јака реклама имаат насекаде. Ама ете јас на своја рака сеуште не ги прекинувам. Додека ги пишува ортопедот, ќе ги давам. Верувам штета нема... Иако мојов јаде многу и риба и авокадо, а они се ептен богати со омега 3
Јас преминав од д3 плус омега на кидз омега ми го препорача педијатарот за зимниот период со плус витамини е, исто добар сируп со омега ти е на молерс. @babydust чепче над 39 тт давај инаку сируп, многу нагло спуштаат тт.0
Слабо пишувам ама редовно ве читам.Ве следам буквално во секоја тема и убаво ми е кога ве читам,но со мали немам баш време да пишувам.Ние не сме за тука уште ама да чкртнам нешто веќе кога фри веќе ме тагнала. Околу малиот сама го чувам, до 5,6 поручек кога доаѓа маж од работа предавам смена.Додуша свекрва ми беше на гости за прв пат на 3 недели, ама искрено боље ни е сами,некако навикнати 6 години странство и не можам во туѓа близина,се гушам. За Мкд се спремаме да си одиме за роденденот негов,еве го Април се ближи. Околу активностите негови, нон стоп е на земја ,лази од 8 месеци ама не она класично лазење туку пузи, типично војнички, се тушка на лакти и колена и секаде стига,кога се исправа во кучешка положба само се клати и така покажува кога игра на некоја песна,ама никако така да киниса да лази.Се исправа на нозе кога сум повеќе на земја па се качува на мене застанува на нозе па се држи дури со една рака и цел радости па мафта. Кажа мама ,тата ,баба ,деде пред пола месец сега слабо ги кажува. Со поглед покажува каде е кучето, коњчето, возот,колата,но уште не имитира звуци, кога се накашлувам знае да ме имитира често Сака многу деца,му приоѓа и ги чепка ,ама и срам покажува веќе Цица 3,4 пати ,еднаш пред заспивање,еднаш во текот на ноќта и 2 пати на ден,меѓу оброци.Што се однесува до мене не планирам да го одбивам во скоро време,колку се изнамачив на почеткот со измолзување 2 месеци а со огромна желба да дојам, дури сега доењето ми е право уживање. Пишувам ретко ама долго Поздрав екипо се селиме за месец ипол овде.
@lackygirl јас до година ми ги давав бејбитол д3,а некаде до 11 месеци му давав и бејбитол дха омега. Уште на излегување од болница,на картончето ни пишуваше да даваме од нив,а ние тазе родители,прво бебе,а секој родител сака најубаво за своето дете,па не ни помисливме да даваме нешто друго. Кога помина малку еуфоријата,после 3,4 месеци,му предложив на мм да почнеме да купуваме вигантол,тој не сакаше. Демек,штом се овие поскапи,сигурно се и подобри Матичната многу не се замараше,ортопедот на државно исто,само прашуваа што пие,кога ќе им кажевме само велеа,добро нека продолжи така. Не бев задоволна од ортопедот,прегледите траеја 4 мин со се соблекување и облекување. Па отидовме и кај Тони Талески. Не праша кои ги пие,му рековме бејбитол по 1,рече откако ќе почне да станува,лази да му давам по 2,и тогаш ни кажа или 1 бејбитол капсула и 1 вигантол,или 2 капсули или 2 вигантол,остава ние како сакаме и како може да си дозволиме да даваме. Кога го прашав,што би ни посочил како ортопед,ни рече,витаминот д3 си е д3,па дали во шише,дали во капсула,исто е,разликата е само во парите. Ист ефект ќе имате и да му давате Вигантол и да давате Бејбитол. Бидејќи не ни спомна ништо за Омега,го прашав и тоа дали да продолжи да пие. Само се насмеа и ми рече: На вас ви давале ли да пиете омега како мали? Викам не. Па вика,тие излегоа сега да се пијат од поново време,ако си внесува дете преку храна,воопшто нема потреба да се дава,според мене се е тоа за пари,ама вие си знаете. После ова одлучив да ја допие Омегата,а со бејбитол по инсистирање на мм продолживме до годинка,и сега се префрливме на Вигантол. Инаку од пред 2 недели,12,5 месеци почнав да му давам по 1 капка масло од семка од грејпфрут.
Среќе роденден на малата @LoveHope , да ви е жива, здрава и најсреќна @thinkerbell и ние подобранци, но наближивме до годинката и може да не примаат овде веќе
Не сум баш млада, ама памтам дека пиевме како мали само тогаш не го викавме омега туку рибино масло. Ако не сакаш да го пиеш како масло имаше перли. Јас бидејки имам нејадач и не сум сигурна колку риба ќе изеде одлучив да давам. Инаку тука кај што сум не ми препорачале, а кога прашав ми рекоа па би требало преку храна да внесува доволно ама како сакаш.
Кога и кажав дека читам за горенаведените витамини ми рече да не читаш на facebook детево нема потреба од ништо само пливит Д3, не земам на своја рака.
Убаво ти рекла. Омега има и во маслото што му го даваш, а го користиш фактички секој ден. А му треба во мали количини кои секако го добива преку исхрана. Нема збор дека најубаво е дете да храниш со риба. Да може да ги научиме едно два пати неделно риба да јадат сме успеале во животот. Ама и квалитетот на рибата е дискутабилен. Сепак од се умерено и ќе нема проблем. Имунитет се јача со вадење на чист воздух секој ден, судир со бактерии и вируси, правилна исхрана и одмор. Ако ова го има детето ќе има добар имунитет. Се останато е маркетинг.
Се осеќам ко мајка на бебе од два месеци. Значи од пред два дена на едната града имам рагада После толку време! Вчера и дадов да цица со надеж дека ќе е ок, кога почне да тече крв, ма тече ли тече.. Малата ко вампирче, со крв околу уста “Мама маЦе апе цицо,теЦе” аха апе мама апе,до надеж дека ќе се згади и нема да бара, ми беше страв да ме допре дури за да сабајлево скроз ми стврдне градата и пече на болка, и дадов да исцица па малку ми олесна болката. Само ланолинот ли беше за рагади? Зарем е можно да не биле целосно оздравени тие што ти имав на почеток, ма да доста време помина, година и пол. На таа града брадавицата не ми се испакна убаво,остана така рамна, ама не цица мој цицо прв пат па да не знае како треба и да ми направи рана..