Само една точка е и баш е ко рагадите што ги имав коа беше бебе. Како боли.. и колку крв истече од една милиметарска точка е чудо.
@Chanell* јас имав исто пред некој ден, модра ми беше брадавицата, болка ненормална. Беба е 10 + па еве уште ми се прават, и тоа само на таа града од почеток. Некако не ми е и мене толку испакната па ваљда заради тоа. Плус потоа следат и грутки, абе катастрофа... Јас овојпат мачкав со една крема на фризи дерм, ја најдов во тие што ми ги дадоа од систина. И некако брзо ми помина за два- три дена.
Денес од сабајле малата ми е со температура. Највисоко 39 што измерив. На 38.9 дадов парацетамол и се симна малку ама пак качуваше. Дете цело време плачеше и сакаше да спие. Очиња светнати, ништо не сакаше да јаде. Кецови горни ваде, ама толку да не се симне темп... Масирање, туширање, надвор малку, гола беше никако не сакаше да симне темп. И ставив чепче Ефералган и детето ми се врати, возевме кола, пиеше млеко, игравме.. Заспа пред малку мерев 37.4. Ќе ја следам ноќеска. Прашање:дали кога има висока температура можам чепче да користам наместо сируп парацетамол? Или чепче се става кога е високо фебрилно детето? И претходниот пат кога имаше покачена темп.не се симна туку ептен малку од сирупот. Некој ќе се насмее на прашањето, ете незнам. (не) искуство...
Мајки на малечкава никако не и поминува сорот во усте, а сега и и се појави пеленски осип. Ја намачкав неколку пати канестен и и се подсмири.Смее ли да се мачка на бебе? Утре планирам да се јавам и кај матичната да видам што ќе ми каже. Никако не ме остава да и го исчистам јазичето со газичка и нистатин. И капнувам така со пиштење, но веројатно веднаш ги голта. Дали некој чистел со сода бикарбона и во кој сооднос се прави? Мн се нервирам. Како бебе немавме вакво проблем, сега не снајде. Па и како зарипната ми не малце во гласчето. Можно ли е од ганичната инфекција да и е и тоа?
Јас секогаш користам чепче,сируп не. Мојата ги плукаше сирупи т.е повраќаше па чепчето одсекогаш ми било посигурна варијанта. На 38.5 секогаш ставам парацетамол.Ако оди нагоре за 4 часа и ставам неофен чепче, и ја симнува многу брзо. Смееш канестен. За другово не знам..
Сега пишев во другата тема, јас го правев во 200мл шишенце, една лажичка сода. Досадна е ептен бавно се лечи.
@LoveHope и чепчето ефералган е по состав парацетамол, така да можеш. Јас чепче ставав на стомачен вирус, зашто премногу повраќаше, а пролив немаше често. Па како подобра опција ми беше. Ако не повраќа и сируп врши иста работа.
А ти стоеше да и го исчистиш? Или како промивка се прави? Уф најтешко е со дете да се разбереш. Штом го види шишенцето со нистатин блајк прави и бега низ цела куќа. Па ајде капнав на четкичката за заби, реков со неа ќе и го истрзам јазичето. Прво залета по четкичката, ама штом го сети вкусот стегна заби и толку беше.
@LoveHope никој нема да ти се смее на прашањето. Чепче преку ноќта можеш да ставаш исто е парацетамол по состав ко и сирупот. Не е за фебрилни деца, може да се користат чепчињата кај сите деца. Со лесно.
Мојава помала беше кога и го чистев јазичето, ама се на сила. Еден прст од страна да не може да затвори уста, другиот намотан со газа натопрна во нистатин, и со прстот се пребришувам, така на 2-3 пати, и на крај капнував дирекно во уста 10тина капки. Ако вика и плаче дури побрзо е дека ја држи устата отворена. Ужасно изгледа и звучи, ама за два дена се смири. Не би ни очекувала на оваа возраст да соработува.
Знам дека е парацетамол ама дека побрзо ја симнуваат температурата, да не направат голема разлика. Колку што знам не е добро ниту нагло симнување на тт. Затоа да си прашам. Со деца нема играчка..
Затоа не се става на температура 38. Полошо е 35-6 да има отколку 39. Немам искуство со чепчиња, ама лично не би ставила освен ако не е тепературата над 40.
Мојата беше помала, баш како што пиша Спиди, прво со газа сода и вода поминував и на крај 1 пипета Нистатин директно го давав. И одкако ставав колку што е дозволено Нистатин пак не помина па пак само со газа со сода и вода и стругав да испадне белото.
Во 12:30 дадов Парацетамол, ниту падна Спајди нит ништо. До кај 19:40 масирање, туширање, ладење, ама тоа беше тогаш за тогаш (читај 5 мин). На 39 ставив чепче пошо скрос беше падната, очите нон стоп ги држеше затворени, и солзеа и неможеше да ги отворе. А парацетамолот сирупот го дадов на 38.7... Сега е добра, спие. За мама нема спање. Само да ми е добра.
Бевте ли на лекар? Вирус ли е? Неповрзано ова те прашувам, затоа што од вирус и повисока може да отиде, да не се плашиш.
Затоа генерално се препорачува третирање на симптомите, а не на температурата. Има деца што се клапнати на 37.7 и има и деца што гајле немаат и на 40. Мојава на 39.5 беше кенкава, ама генерално океј, и со една доза парацетамол ја проаѓаше цела ноќ. Ти си го знаеш детето. Си пробала се друго, треба и детето да одмори ноќта за следниот ден пак да може да се избори. Ако е вирус, за три дена ќе помине. Со лесно само нека е.
Вчера (на 8ми) чекавме роденден. Периодот знаеме каков е со вируси, јас бев исто настината. Не исклучувам и нешто да има закачено, Ама кецовите горе излегуваат. Нон стоп прстите во уста, кога ја мачкам со гелче подуени и се напред непцата. Други симптоми нема никакви освен тт и запчињата. Пак качи во спиење 38.5,со облоги симнавме на 37.1. Фала ви на советите.