@LoveHope јас од прв ден само чепче користам за над 38.5 Ни даваат според грамажа рецепти последно после вакцината знам поголема доза ни препиша. За 15 минути ја симнува температурата. @Milaаа991 кога беше во болница со пипета од страна на устата и ставаа нистатин. Многу е горчлив и рекоа дека ретко бебе да го сака вкусот. Пробај така не верувам дека поинаку ќе и го исчистиш. Кај расцеп на уста стави ја пипетата. Види дозирање како пишува на упатство. А пеленски осип види од портокалот да не и е појавен. Малечка моја 53 та недела од вчера. Осми скок на најјако кај громот неделава. Од 2 по полноќ до 6.30 утринава се будеше на 15 минути. Станува си игра не мава корне за коса, потоа плаче па вода и се пие. Надвор оркан имаме со силен ветер и дава такви звуци језиви што не ја остава мирно да спие. Речиси заборавив како е ова станување на пет минути, јака ви душа. Значи неделава е последна од скокот кој досега го помина прилично лесно во однос на она како ги минеше претходните. Иако најмногу се плашев од овој сепак сум видела јас и многу многу полошо. Придобивки од скокот потоа. Моментално гледам дека менува фацијално добива некои поизразени црти, повеќе инат и почетни фази на карактер и фина моторика далеку подобра. Трошките минијатурни ги лови како со пинцета со два прста. Не знам оти играчки и купував кога она си бара трошки по земја. Чекорите далеку постабилни, менување пелена е ужасно тешко многу плаче и на пресоблекување. Засега тоа го приметувам во промени. Сакам да ве прашам кога ги возите на точак ви седат како што се седи или се влечат на една страна? Значи не зна да седи правилно како да легнува на страна на каишите или ја потпира главата на рачките. Вака ја проверуваме има правилно држење на тело али во седиште во кола, точак, количка и кенгур секогаш се витка како С на една страна. Ќе и спомнам на педијатарот следен пат. @lackygirl многу те мислев од вчера како мине малиот без цицање?
@FreeMind мојата во точак се виткаше за да ги фаќа тркалата и да глрда во земја. Беше воодушевена од тоа.
Така некако гледа во земја и фактички свиткана цела како геврек. И ми е страв да не ми падне иако е сигурно и со појас и каиши е.
Се збунив за пастата за заби, требаше да биде со или без флуор? Досега му ги миев само со четка и вода. Имам дома Лакалут од 0-4 години ама има флуор во неа. Каква паста да купам? Нема да знае да плука уште синко, 14месеци е.
дечки каде да најдам ваква цуцла низ Скопјево,освен во Бубамара прашував во Сити мол немаше нигде..ако знаете пишете и дајте совет ако ја има некој дали е ок за забчињата или глупост е ? иначе ми текна дека детево мое не спие и се понаша ептен чудно исто како во скок кога е...не сум осетила одамна ваков скок,зошто не е секој скок интезивен...е сега отварав на апликацијата и пишува скокот почнува за 4 дена...секој скок ни бил најточен на дата ама сега можно ли е пред дата да почне ?
Пастите се голтаат до кај 6 години. Затоа и така се направени, само ќе земеш од 0-2 години не до 4. Без флуор во мкд имате во водата велат стоматолозите. @Bella* два плус минус недели секогаш оди.
Глупост е. @happygirl без флуор, оти секако ќе ја голте. Ма мојот ја јаде. Со мнјам ,мнјам придружено. Со Логона почнавме.
А јас за пастите се отепав читајќи и прашувајќи по форумов и го пратив мм да оди да купи паста за бебе,таа што ја предложивте Елмах. Отишол во ДМ,ја продале и ме прашува каква да купи,а му викам,прашај која е со флуор за бебиња На толку читање,пак ја утнав работата Купил некоја друга,ама му дале од 0до 6 год,па засега четкам само со вода и четка,треба да пробериме пак дали добиле од Елмах. Рибино масло ,тие портокалови зрнца,знам дека докторката и ги даде на сестра ми да пие дека беше многу слаба и не јадеше,јас никогаш не сум пила. Инаку за маслото од семки од грејпфрут,читав доста позитивни искуства,Сајковски обавезно ги препорачува,е дали заради процент или стварно мисли така нз. Јатрва ми и ги даваше на малата бидејќи постојано и се разболуваше и спушташе на плуќа,откако почнаа да ги користат,детето се оправи и се врати во градинка (ова пред 2,3 год) Дали така се погодило или помагаат капките,нз,ама би сакала да пробам,штета не верувам дека ќе има. Поскапи се нашиве од Херба натура или како и да се викаше,јас ги земам од Црна Гора за 7 евра шипенце од 30 мл,со оглед дека засега давам само по 1 капка ќе трае многу многу долго. Моево како е страстен нејадач,освен палента,јогурт,маслинка и ориз што јаде,немам друг начин да јачам имунитет. Свежо овошје многу малку јаде,скоро и да не јаде,портокал почесто јаде. Ниту сака да му комбинирам за појадок житарици со овошје,ручекот со комбинација зеленчук јаде исто малку. Еве го ливчето од капките.
Паста без флуор во ДМ имаш и на Алверде и на Chicco и на уште некоклу бренда плус. Не мора од таа Елмах да земаш. Само да пишува на неа без флуор и толку (а обично пишува). @LoveHope ако качува температура на 38 не е од забите. Закачила некој вирус успат зашто става раце во уста. Инаку смееш чепче на било која температуѕра на 38.5 ако детето е малаксано, рааздразливо и слично. На моето прв пат сируп му дадов кога имаше на 14 кила до тогаш се со чепче бевме. Чепчињата само парацетамол ми беа не сум ставала чепче ибупрофен никогаш. Ибурпофен директно со сируп почнавме. Инаку ибупрофен знае нагло да спушти температура парацемотал не баш. и секако зависи и од брендот. На пример на моето Ефералган ич не му делува (нит сируп, нит чепче кога му ги ставав порано), парацетамотл од Алкалоид му делува.
Не верувам дека е од заби.Еве кај нас само што ќе поминеа 6 часа од чепчето,одма почнуваше да качува.Знаев дека не се забите иако веќе цела недела е со прстите во уста.И еве денес се покажа на крвна слика дека вирус било.Сме го закачиле на роденден,а бевме само за кратко.После третиот ден е веќе подобра. Да поминува побргу и кај вас.
Денес на заболекар втора контрола и ги чистеа забите со некое средство кое се става на четка. Рече дека ќе има убави и прави заби. Полна е со заби. Овој пат со плачки не сака уста да отвори. А и со четка ни оди тешко секоја вечер со плачки и ги чистиме. Мора за нејзино добро. Заболекарката рече дека ќе плаче уште некој месец после сама ќе ги мие. Така да сите што имате проблеми околу миење заби треба само упорност некој месец и после се ќе биде како што треба.
Јас на мојата и ја давам четкичката сама додека јас ги миам моите, она ме имитира. После со напрстокот и ги минам уште еднаш. Многу тешко и ги фаќам горните запчиња, а со напрстокот и го подигам непцето и полесно оди. Пак мислам дека не и ги чистам добро тие како да а боли кога а четкам таму и одма се трга.
И јас и ја давам четката, ама она си го мие јазикот место забите. Па јас мијам после како што треба. Само четка со меки влакна, со таква не може да ја боли. Ако е тврда и стиснеш малку, стварно може да боли на непцето. Напрстоците мислам дека се сите силиконски, јас скоро го заменив со четка зошто сега кога веќе има заби, четката е многу подобра од напрстокот.
Мека е четката ама и идат некако горе запчињата, не ни стискам само треба да го подигнам непцето и она се трга. Инаку напрстокот само колку да исчеткам убаво.