Сега ја проверив пастата на чико, таа е без флуор. Таа што е 6+. Онаа 12+ не сме ја имале за да проверам
Да ве прашам за идеја што овошје давате периодов? Секој ден му давам на синко кива, банана и јаболко. Евентуално и тиква печена или обарени суви сливи или авокадо плус. Компотот од праски го изеде, ми остана уште некоја тегла од кајсии, ама дека без шеќер е, не се благи воопшто. Па затоа морам во секоја комбинација да ставам или јаболко или банана.
@happygirl јас круша давам најчесто еден ден со слива, друг ден со јаболко, трет со киви. Али круша во се. Некој да ми даде идеа за ручек ќофтиња од зеленчук со то освен тиквица да ги направам? И со нив ќе оди пире од благ компир или не?
Круши давав и јас до пред 2 недели, ама веќе немаше на пазарот од кај што редовно купува мм. Барав и по пиљарите, немаше. Пак ќе побарам. За ќофтиња, и јас ги правам со тиквица, морков, и додавам сирење, сушен зеленчук како зачин и ги печам.
Јас штом направи годинка почнав капини, малини, боровинки, вишни, јагоди, вон сезона замрзнати од Екстрафунги и Фриком земам обично. Чисто за промена. Имав и сливи замрзнато од летото.
Еве јас овие ги правам од бебе готвач. Чисто како идеа. Најчесто ги модифицирам. Еве пример мајчина душа не ставам никогаш, босилек исто не ставам. И леќата и киноата не ги киснам преку ноќ туку ги оставам во вода од сабајле и додека да го правам ручекот киснат, некои 3-4 часа одприлика... Инаку овие од просо му ги давам со кисело млеко, а овие од леќа со пире од обичен компир. Со батат не ми текнало да пробам. Следен пат може
Пирето е само со млеко и путер или поинаку го прават со батат? Знаеш врвна домаќинка како мене мора да праша
еве тука кои рецепти ги има за пире со батат. Јас би го направила само со млеко путер и може сув зеленчук како зачин. Така го правам од обичен компир. Спојлер
Малини, капини, јагоди, вишни, цреши, портокали, киви. Освен кивите што ни растат во двор, и портокали од продавница, се друго имам замрзнато од кога им беше сезона. Сега ми текна, мед и дадов еднаш да лизне, и сега толку е? Ваљда не се воведува по 3 дена или полека да зголемувам количина? Сакам да ставам по 1 лажица во кашите за блажина.
Јас не го воведував така. Почнав после една година да правам колачиња со мед и постојано ги грицка. И ставам во некои благи работи што ги правам. Јас знам дека медот не е алерген туку до 1 година не се препорачува поради опасност од ботулизам. Мислам можеш веќе да го рачунаш за воведен. За секој случај можеш за пробаш првиот ден со пола лажичка па потоа цела. Чисто да видиш дали ќе јави реакција