@hajdi lejdi исецкај јаболко , крушка стави пред него па ќе види невиди ќе грицка . Почесто давај вода , исфрли сокови , грицки , такви работи па ќе пројаде . Инаку во врска со делењето играчки . На малите сега им е таа фаза , мада сметам дека и до детето е . Малава дели се со брати , и порано пред да се роди не беше скржава со другите деца . Период е , треба да им се укаже дека треба да делат со другите .
sirupot za apetiti sto mi go preporaca doktorkata ne sakase i toj da go pie no probav go staviv vo sokot pa na toj nacin go pie i sega gledam deka pocnuva da kasnuva taka tie grickite gi otstraniv i sega jade jogurt so lebce pa se nadevam deka i drugite ke pocne da gi jade
Ми заврши домашното пилешко месо. Дали давате вие од купечките? Некако не ми се дава кога знам колку се полни со хормони
Ти советувам да си купиш домашно пиле повторно. За нас возрасните купечките се штетни а не пак за децата. Еднаш мајка ми во една дискусија ми рече дека нема да можам вечно да ја заштитам ќерка ми од нездравaта храна околу нас, и искрено ме подзамисли. Тоа ме наведе да си донесам сама заклучок дека се додека можам ќе внимавам да јаде здрава храна, а за понатака кога сама ќе бара пр. смоки, сок и сл. верувам дека ќе правам исклучоци, но потајно се надеам дека сега стекнатите навики ќе ги применува и за понатака. Барем за намирници кои знамеме дека се полни хормони (пример пилешкото) да внимаваме. Досега и купувам домашно пиле и ги советувам сите кои се во можност да го следат тој пример за доброто на нашите деца.
Мајки помагајте, моево дете наеднаш, преку ноќ почна да се плаши од возрасни мажи. Од дедовците урла плаче само што ќе ги види. Сега еден комшија излезе од лифт, само што му прозборе детево почна да вришти. Јас не знам од што вака, до вчера си шеташе со дедо му за раче, мене не ме фермаше. Надвор сретнавме едно девојче 12-13 годишно, нејзе и се смее, ја закача, исто и со внука ми ( 7год) си игра, ама стари мажи го плашат. Не се испашил, немало некој инцидент. Се надевам дека е период затоа што навистина не знам што да направам. А, и со животни си игра, обожава мачки и кучиња. Инаку има скоро 16 месеци.
Мајки молам за совет, Ние веќе една една недела се мачиме настинати сме, антибиотикот заврши но пак е затнат носот и тече и ни даде сега летизен шурупче докторот се сомнева дека има алергија од нешто. Тоа да ама многу стана нервозен неподнеслив и агресивен, многу удира секого околу себе и својата глава и све и косата ја кубе.Помош мајки не знам дали е оваа некоја фаза многу сум загрижена, цел ден не спије и нон стоп сака во раце да биде.Протестира и со јадење уста не отвара ништо нејќе све одбива. Очајна сум веќе не знам што да преземам.
Мора да има некоја причина, нешто дефинитивно го уплашило. Нешто што видел кога шетал со дедо му, или пак тој го скарал некако. Причина мора да има. Што антибиотик пиеше малиот? Да не му е од него? Кај син ми така беше од Амоксиклав, со невидени изливи на бес и агресија.
@chocolade ни јас не давам, всушност не ни има пробано пилешко зашто не сме нашле до сега пилешко домашно. Еве конечно свекрва ми нарачала па конечно на скоро година и пол ќе проба за прв пат Ако немаш подобро давај само телешко/јунешко и риба. Нема зорт за пилешко
@Annath аугментин пиеше до вчера плус тоа и пролив имаше и линекс давам . Мислиш од тоа да не е агресивен од антибиотикот?
И јас додека наоѓав домашни кокошки и давав. Веќе пола година немам и не јаде пилешко, не јадам ни јас и не ни недостига.
@snegulkata од хрваткса ги набавувам домашните. Овде во Ск не знам кај да најдам @Kitten телешко риба јадеме. Значи не смета ако не јаде пилешко? Мислев да не е морално да се внесува и тоа за развојот на детето. Штом викате дека не мора, подобро да не и давам додека не најдам домашно одколку да и давам хормони. Фала ви мами
Види прочитај во упатството. Инаку исто е, дали Аугментин, дали Амоксиклав, составот е тој. Сега дозата не знам дали е точна за негова возраст, кај син ми беше преголема и за возраст и за килажа. Десет дена требаше да го пие детево, начисто полуде од агресија. Касно ми текна да видам во упатството, агресивноста беше наведена како нуспојава, ама во ретките. Ќе видиш наредниве денови како што ќе се чисти детето од лекот. Јас да знаев, одма ќе го фрлев антибиотикот, ама не ми текна порано да прочитам. Да бевме кај матичната тогаш, таа немаше да ни го даде тој антибиотик. Ама бидејќи беше викенд, тој со јаки болки во уво, на дежурен го носевме, кај некој специјализант се погодивме. За среќа, кога го прекинавме антибиотикот прекинаа и тие изливи на бес и агресивност кога му се исчисти од организмот. Давај му повеќе свежа лесна храна, повеќе течности, пробиотик продолжи да даваш.
@Annath и јас на тоа помислив ама никогаш не бил сам со дедовците, секогаш сум била и јас со нив. Бабите го имаат чувано на саат-два ама само кај нас дома, никогаш кај нив. Наеднаш се смени, затоа и јас се засекирав. Плаче вришти од постари мажи.
Majki sto e ova?Veruvam kaj poveketo se pojavilo...ne go cesa,rapavko e,malku taka pocrvenki,vprocem,se gleda od slikata.Ne mi se ide na lekar za ova,se zivo e bolno.
zdravo majki moeto dete pocna veke da odi megu toa tuka nekade procitav deka koga ke proodi treba na ortoped no nasiot pediatar ni kaza deka ne treba da se odi na ortope deka deteto e dobro i stopalata mu se dobri molam za sovet sto treba da napravam
Јас мислам а и знам дека сите ги носат на децата одкако ќе проодат. Мој совет ти е да го однесеш. @PUPICA не се гледа баш од сликата. Мојата има околу устето црвенило и сува кожа, рапавко како што викаш. Не знам дали е исто. Јас денес или сабота ќе ја носам на лекар пошто веќе 1 месец не ни поминува. Иако претпоставувам дека е од се што става во уста, лигавење и сл..
@PUPICA синκо имаше на едното ноже но од напρед,после се пρошиρи,па се појави и на дρугото ноже. Ρапави κρугови,сува κожа и цρвена. Јас го однесов,ми дадоа Џинџиρа спρеј и има гооолемо подобρување,веќе се бледи и не се таκа суви κаκо што беа.
Некој вид на лишаи,сува кожата на одредени места,таква му е кожата по цело тело. Најверојатно ќе треба да користиме некоја омасна крема понатаму.