Не ја сваќам логиката детето да оди а да не е проодено оти не станува само. Сега што прави, сама оди само нема баш откриено како да стане сама. Ништо контра тебе само ме интересира ова, некако ми нема логика
Што гледаат вашите малечки,што им пуштате? Мојава е опседната со Диана и Рома,најмногу и задржуваат внимание и ги обожава чим ги пуштиме скока од радост Меѓудругото опседната е со сликовници уште од многу мала еве ја моментално За одење уште не се пушта сама се движи ама со придржување на кревет или ние ја држиме само за едно раче
Нив ги гледа и ќерка ми и кокомелон и литл енџел. Ама најмногу диана и рома. Сликовници многу сака си ги листа и си кажува нешто по нејзино според сликите, а сака и јас да и читам и раскажувам приказни
Исто значиии само литл енџел не сме пуштале ама ете сега баш ќе најдам. многу сака деца затоа им се радува толки на диана и рома,а тоа донекаде и мене ме радува што толку сака деца за блискава иднина
Му земав на чико,следна од оваа ќе му земам. Јас ваква користев кога бев бремена,само со оваа четка не ми крвареа непцата.
А од каде ја имаш информацијава? Не дека многу е битно де, кога било проодено, месец два плус минус ништо не значат ниту па ми е битно да кажувам по мамичките кога ми проодело детето. Него онака чисто информативно ме интересира пошто стварно не ми иде во глава. Малиов ја одеше улицава во маало 3-4 пати наваму натаму, ама не бил прооден Мене некако овие две фази ми се различни, едното е самостојно кревање, другото е проодување. Да не влегуваме во дебати на широко само ме интересираше од каде инфо. Нас ортопед ни кажа дека се рачуна проодоено детето кога самостојно ќе прави по 8 чекори. Ова онака школски, како некоја дефиниција да речеме. И она сама ми кажа да не се фаќам за ова здраво за готово ама ете дека нема мајка која е во недоумница дали детево е проодено или не, ова со 8те самостојни чекори е како олеснување да знаеме и разграничиме. А за кревањето не ми спомна ништо, ниту како поврзан процес. Нормално дека се поврзани де, тоа се развојни фази од една целина: вртење, седење, лазење, исправање, проодување...се си е тоа по ред, ама дека едната фаза би ја исклучила другата не сум сретнала до се инаку за цртани ние сме во фаза на Биби и Боби. Многу ги сака. Ги купивме и сликовниците и куклите. Гледам да му пуштам цртани на македонски барем. Има една книга со азбука од Биби и таа многу ја сака. Всушност за поголеми деца е. Ама ние само сликичките ги гледаме и ги кажуваме предметите. Не учиме азбука
Јас почнав да халуцинирам или детево ми се преполови за два месеци? Сега видео гледав од десети месец, а сликиве се од неделава под неа. Да е нешто екстремно извишена не е, ми е страв на вага да ја ставам за две недели е на вакцина е ја мерат. Претходниот месец го заврши со минус 100гр, ако го заврши и овој во минус имаме проблем.
@FreeMind очекувано е. Поактивна е, повеќе троши. Ми се чини бевте на горна граница на тежина за возраста? Колку што знам, просечна килажа на годинка е 10-11 кг, максимум 12. До две години најмногу три кила треба да качи по просек, значи да има до кај 15 кг максимум. Ама ако мене ме прашуваш, јас не гледам килажа, дете би гледала. Ако е активна, љубопитна, истражува, лази, шета насекаде, плус здрава и весела, не е битно колку кг има. Иначе и мене ми стои дека е извишена, а допрва уште ќе расте во висина.
Секоја ден а гледаш и затоа неможеш да ја воочи разликата. Инаку се гледа дека е многу извисочена, исто така ликот и е издолжен.
На 13.100 стои од девет месеци. Ни грам плус задни месец 100г минус. Иначе супер си е расположена. Сепак ја качив на вага 12.800 ми покажува речиси 300гр минус овој месец. Не е болна, нема никакви знаци за да ја носам на лекар. За бебе знам дека минус грамови не е добро за дете немам време да прочитам, знам само два месеци по ред минус не е добро. Сепак тоа нејадење со месеци си го зема својот данок.
Колку сум пропуштила не цитирам никој оти немам мн време, ќе кажам општо. Вака синко почна сам да стои после 10 месеци, малку ги пушташе рацете и си стоеше, тогаш исто почна и да оди по кревет, потоа за едно раче само го држевме и си паткаше, после годината направи сам неколку чекори, после 13 месеци почна повеќе да оди, ама пак имаше страв, сега на 14 месеци веќе си оди стабилно, уште е на 14кг, нема ни кренато ни паднато на килажа, газето само малку му се намали и извишен е, по мое си велам дека оди кон 84см последно 82 беше пред 2 месеци мислам. Неможеше да го стигни телевизорот дома, сега го фаќа, го поместивме назад пак го фаќа, следно ќе оди на ѕид ТВ оти ќе го крши како што гледам јас За јадење си јади, само многу повеќе ги сака нашиве јадења, сака леб, лебарче е на татко му супа најмногу сака, секој ден супа јади, ама како чорбичка внатре со мевце, компирче, просо, магденос, морков, фиде и со леб попара ја јади, 2 пати некогаш му давам и поручек и ручек, на периоди се одбива, еве сега 2 недели јогурт не сака, бар јогурт да пиеше, млеко благо уште не пие, некни само се напи 120мл алпско без лактоза ај си реков го погодивме млекото конечно, ама не, другиот пат нејкеше, сиве дена го нудам не сака бре ништо живо сега пак ќе пробам битолско, па друго, трето....остана водарче само вода пие, многу вода, оди си го зема шишето и си пие, ако нема си бара. Прееска сам ми дојде в кујна, па ќефој беше дека дошол сам сиот изнасмеан, па јас браво му правев И уште нешто сакав да кажам, сам од место без да се држи за нешто неможи да стани, можи само да клекни. И шо сега не е прооден
Супер е со килажата ама сфаќам што те измачува. Одењето во минус. Барем да стагнира да не му ја мислиш. Иначе за извишена, извишена е. Плус е дека дека поактивна од пред 2-3 месеци. Ако крвна слика има добра мислам дека треба да опуштиш душа. Кога ќе ја видам крофна каква е, не ми се верува дека е истото дете за кое читам дека ништо не јаде. А на контролата коа бевме -100гр што ви кажа педијатарот тогаш? @FreeMind Инаку мојов на 14 месеци е 10.5кг значи многу јаде. Стварно многу. Има 3 оброци и 2 ужинки, порциите за оброци му се колку моите. Буквално исто јадеме, а на 1 годнка беше 10.3, сега после два месеци е 10.5....заникаде со килажава @lackygirl изгледа не е, џабе месев колачиња Се шалам, ама ме интересира само од каде е ваквата информација
Мојата 3м не качи килажа, застана на 9.250, последен пат намали на 8.900 кога не јадеше 3н ништо. После за 1м качи, сега е 10кг, горе - долу тука некаде на 12. 5м, ама па не е застаната, а си јаде 3пати и плус 1 до 2 ужинки и количински е супер.
Антоније ортопедот така кажува, дека дете се смета за проодено кога само ќе стане од под и ќе тргне да оди.
А за случаевите каде дете активно оди, а фазата на станување без помош од под ја нема постигнато? Го рачуна он тоа за непроодено или не сте навлегувале толку во муабет?