Искрено да ти кажам јас не сум прашала. Така кажа тогаш и толку беше. Мене многу ми беше тоа нејасно, кога е проодено, затоа и покасно правев постапалки. Ама мојата баш така беше, прво малку се држеше по предмети и се пушташе по некое чекорче и после тоа како седеше си стана од земја и си тргна да си оди. Па ќе паднеше на газе, ќе си седнеше, ќе станеше и ќе си продолжеше. Не знам дали и ова ортопедите нешто различно го тумачат, ама не би ми било чудно кога за секое едно нешто различно кажуваат.
Зошто прв пат рече само дека може сега и во минус да одат гледајќи ја дека има и повеќе од доволно кг. Е сега кога ќе стасаме ќе видам што ќе рече. Така и за нагоре килажата викаше дека е супер и после мене ми се истури како јас со сила на детево да му давам да цица. Сега пак обратно наместо да стагнира она сврте у минус. Аман со килажа од кога е родена има увек нешто да не јаде. И јас тоа викам зарем моето дете од толку лакомо што цицаше да се погоди таков голем нејадач. Емили што на 6 месеци имаше 12кг да ја молам по цел факинг ден да отвори уста. Не ми е за верба дека баш моето дете се погоди такво. Сега си кукам во надеж дека и за ова ќе сврти како и за се досега. Верувате или не јаде само десет апки од било што и наеднаш затвара уста и толку. Во деновите кога јаде и давам додека и е отворена устата. Тие денови се многу ретки, многу. Ме сфаќаат оние кои имаат вакви деца. Страшно е да не му се деси на никој.
@FreeMind мислам дека килажата е мање битна.Детето е здраво и напредно.Побитен е моментот на јадење- нејадење.Сама велиш колку ти е болна темата и знам дека се јадосуваш секој ден од тоа.Си пробала се и ќе пробуваш пак се.Совет од мене да пробаш да ја храниш надвор од дома и да нудиш само тоа што знаеш дека нема да одбие.Па оттука да модифицираш оброци со омилените намирници.Позитивно е што го сака млекото и нека си пие.Друго,што не сум го кажала, е дека мојата,на пример, сака да проба од се што јадам јас или од тенџерето што се готвело.Така подметнувам по некојпат да проба.Сакам само да ти нафрлам некоја идеја плус. Инаку за станување,ете мојата станува од место сама без да се држи ,а уште не е проодена.Нема правило.
Стварно нејадењето е проблем, а детето е ок со килажа. Не губи надеж, ќе пројаде еден ден. Е кога, никој не знае...дотогаш коси ќе обелат. Си пробала да дадеш од вашето јадење? Чисто да видиш дали би пробала.
Кај нас тоа запали. Ја седнувам во скут додека јадеме ние и јаде исто како нас од нашето. Можеби не есекогаш најздрава опција иако се трудам секој оброк да е прилагоден на неа, но баре е најадена. Иако не јаде количински среќна сум што барем пројави интерс за храна. Сега штом види некој да јади одма му оди во скут и мјам мјам прави. Е сега ни буричка во чиниите, шлака и растура, ама било и полошо. Среќа мојава сака житарки, па појадок и вечера ни се обезбедени. Ова ни е ритуал само за ручек. Мене ми е страв да не има штета од премногу житарки? Барем Емили имаше вишок, а мојава еве на 15 м уште нема труплирано. Со месеци тапкаше во место, последниов месец откако и давам наша храна накрена 300 г и извиши 3 см, ама пак нема труплирано.
Мајка ми која готви професионално месец и половина и готвеше секој ден и се обидуваше да ја нарани. Мајка ми крена раце од неа, жена со огромно искуство со нејадачи (сестра ми, внук ми). Леб и намаз, јогурт и смоки, млеко и бисквити во последниов месец. Круша со друго овошје за ужина или пола чоколадце со житарки и овошје. Од сето набројано јаде пола филџан и една мала средина од лепче со намаз. Млеко 250мл на ден. Ручекот најчесто го скока речиси и не се сеќавам во последниве недели да го изела. Готвам секој ден и мафини со спанаќ и мајка ми остави месени ствари со урда со спанаќ, со праз, со мелено месо...и тегли отворам на ден по две три во надеж дека барем ќе има еден цел оброк. И така секој ден во грч и борба да се внесе храна. Од нашето јаде од 11ти месец. Се што ние јадеме и давам и неа и сама да јаде и надвор и во тек на игра и цртани и на столица и некој да и биде кловн и кукли да ранам и ози да јаде со неа. Нејќе повеќе од десет апки ако и се допаѓа. Ако не на една завршува плука и пие вода. @Annath Уште две недели почнува во градинка. Таму верувам ќе изгладне добро до ручек и ќе јаде со децата. Ако не нека ми е со среќа што да кажам. Не ми е страв засега со килажата ми е страв што понатаму ако ова потрае некој месец. Ајде не размислувам повеќе ќе пројаде во градинка мора да пројаде впрочем таму сите пројале.
@FreeMind да се надеваме дека во градинка ќе се сили со тругите деца и ќе пројаде. Нема друго чаре мислам
Јас одамна не сум пишала, не стигам, верувајте. Мојата прооде, сеуште главните оброци и се кашички а во меѓувреме и давам да грицка бисквит, леб, овошје и сл. Размислувам за второ бебе. Додека сум расфрлена со пелени и шишиња и кашички барем уште едно да си родам.
@FreeMind мојата е истА како твојата. Еве 10 ипол месеци е и напредок скоро ич. Од овошје само калинка јаде и по 2-3 резниња портокал. И оставам за ужина Хипис 100г на три пати го јаде и пола ќе го исплука. Еве 5 месеци како сум вовела дохрана сè вкупно нема изедено 5 парчиња овошје. Син ми на нејзина возраст изеде килограми и килограми банани и стотици тегли компот. За појадок пројдува само палента со сирење и тоа солено, инаку не јаде. Друго што и да направам ќе касне само неколку залчиња и ќе затвори уста. За ручек одамна престанав да и правам каши оти не ги ни помириснува, само прави фрлај беше работата. Сега и давам од нашето јадење, лепче со манџа топено, гравче, леќа, грашок... супа сака со лажица да јаде, риба сака и друго НИШТО. Месо освен во супата на ситно не знам како да и протнам. Јајце исто. Крвта и е слаба на терапија сме. За вечера ништо не пројдува, па и давам исто манџа од ручекот. А за стрволинки е прва да проба, брат и јаде таа писка додека не и се даде (грицки, благо и такви ми ти работи). Нерви изгубив веќе, а како те читам тебе си велам ова нема оправачка, такво ќе си остане детето.
За нејадењето леле јака ви душа знам колку е тешко а да пробате ете мојава имаше период кога јадеше ручек со банана, јас после 1 год почнав од нашето да и давам а сега последно време се јаде со к.млеко или павлака секоја манџа .. пробувајте комбинации. Јас барам мајки совет со неспиењето не се издржува значи легнува во 21:30-22 часот стануваме Милеска во 3или 4 и ја заспивам 5 или 6 јас идам на работа таа спие до 9 или 10 и после легнува во 13 спие до 15 толку ама ова нокиве не се издржуваат легнувам јас касно додека средиш се а сабајле за на работа рано излагам спијам по 3 или 4 саати. Како да преспие цела ноќ
@Lolipop23 знаеш и сама дека тоа од почеток се познава. Додека другите бебиња лакомо отвараа уста да пробаат вкусови, мојата до 10 месеци уста воопшто не отвори само на цицка. Од кога почна да отвара се скрши од јадење. Фактички може она мисли дека сега пробува вкусови? Тешко нас. Еве @Milaаа991 фрли надеж дека после 4те ќе јаде и два пати навечер. Уште горната десна ја чекам да испадне се друго е испаднато.
Карак и мојава е тука со твојата по возраст, периодов навечер од 2- 3 е будна до кај 5, си збори, се качува на нас, а од 6 ипол стануваме за работа живи ненаспани еве некој ако знае чаре нека кажува. Преку ден спие до кај 9 и има дремка од саат ипол и навечер до кај 21 е заспана.
Секој ден мора супа да има, инаку друго не јадиме. Многу се нервирам што не јаде. А млеко пие како луда. И го кријам ама џабе е. Навечер станува за млеко, синоќа реков нека вришти нема млеко, ќе заспие. Ма јок. Се испокаравме со мм, она си се изнаплачи, заспа после 2часа и спиевме двете до 10 30.. У меѓувреме милк, оф корс. Многу голем инат е. Многу е паметна и манипулира со сите, бесна е. Банана и супа само за јадење. А во супата наместо фиде и ставаме тарана. Со сласт си јаде од неа. Не дека јаде незнам колку количински, ама еден кутлач или помалку ќе изеде. Како што вика Фри, цел ден одиш по неа да ставиш нешто во нејзина уста.. А проф. Зизоска по педијатрија не учеше да децата од мали ги учиме кога се јаде без никакви цртани, песни и останати работи. Треба да се научи на самиот термин,, оброк,,. Ништо од тоа. Т. Е има нешто, си добив гастрит. И вода да се напијам ме убива желудникот.
Ве читам но никако време да пишам. Малата кај мене од 8 и пол месеци се исправи на нозе, еве ја 10 и пол оди но да се држи за нешто. Секаде оде, маса, ѕид, комода, буквало што ќе и дојде пред неа. Се префрла од едно на друго, но сеуште не дала чекор сама. Сега е во фаза расфрлање на ствари низ дома. Се се фрла на земја, не смее ништо да остане на маса или комода. И викам не така, таа ме гледа, се смее и фрла. Човек се може да си најде кај нас на под, што е изгубено, сигурно е некаде на земја. За јадење е супер, може некој нов вкус да не и е по мерак, но третиот, четвртиот пат веќе се навикнува и го јаде. Најмногу од се се израдував за тоа што прифати ад, има уште еден подој, па сега ми е полесно кога знам дека ќе продолжи да пие млеко и по пдбивањето. Проблем и е тоа што уште не ја преспива цела ноќ. Се буди и бара да ја нишкам, тоа може да биде и неколку пати во ноќта. Мислев дека станува затоа што цица ноќта, но еве недела дена не цица и пак исто.
Кај моето 4ките и горе и долу излегоа пред година, значи 11+. Со оглед на тоа дека ги извади сите 3ки и 4ки одеднаш супер поминавме, до сега ни за еден заб сме немале мака. Само што сега почна да ни го јаде мебелот по дома, ова највероватно е најава за нови заби До оваа just kill me нема да стигнеме од заби сигурно, попрво ќе биде од не јадење