Истиот распоред и кај нас е. Мислев дека е од забите ама ова веќе трае подолго. Се тешам дека е само некоја фаза. Или можеби јас веќе се навикнав..
Моево го фати вирусот со тт, му помина се тоа и почна да кашла. Веќе 13ти ден како секоја вечер кашла ама страшно, а суво. Го носев и кај матичната и во козле викаат битно на гради нема ништо. Само инхалации и ќе помине. Ма секој ден инхалации, па сеа ми дадоа плус и ампули виконсил, млеко со прегорен шеќер и мед му давам и се е тоа моментално супер ама не и целосно. Кажете некој бабин лек, како беше она со мед и весник ли? Пробав и со св.маст на крпа да упие и чај од кромид и јаболка-овој доста ефект има ама вака не ми го пие, баш кога ќе му напраам за преку ноќ тогаш и мирна ноќ имаме
Моите ми правеа некако чај од орев кршен со се лушпа. Баш беше ефикасен и веднаш ми ублажуваш. Е сега колку ореви се става нз, ама знам дека млку. Во едно ѓезве за две чаши околу 3- 4, така нешш. Ако некој го знае рецептот нека каже.
Јас секој ден брчам, мукам, бекам татко и земал брм на муцките и прави и за две секунди научи. Сега нон стоп двете раце кај устата и си ги брмчи муцките. Дома не можеме да се разбереме во врска со развој и игри. Он е убеден дека не треба да се форсира дете со развојни игри и дека да се остави едноставно на мира да покаже што го интересира. Јас обратно настојувам да ја насочам нешто друго да прави. И така сега она брмчи муцки, а татко и ми докажува дека ме “победил” дека дете прави само она што му е интересно. Кај вас брчат ли со муцките?)
Исто татко му го научил и само брмчи со рацете во уста. Баба му го науичила со рацете да игра и кога има музика одма рацете во вис и со прстите витка игра. Тетка му го научила на гангам стајл да игра и има малце на лево малце на десно и оп во круг се врти. Дедо му му свири на кларинет он пее и зима одма нешто дугачко и исто свири со прстите
Морам да признаам дека маж ти е во право. Еве на пример имаме форми (кругче, триаголник шестоаголник и квадрат) за да ги стави во соодветните дупчиња од форми. Ма за жива глава несака бре! Таа да си бои нешто, диши диши (докторка да биде) коцки да реди во редица па да ги истури, да листа (читај: кине) сликовници и тоа
Земав и една куќарка фарма со животински звуци јок он со рацете игра. Јас имам проблем ако му земам нешто од рака рика од земја се мава. Вчера помадата сакаше да ја јаде кога му ја земав зајде,дури црвени точки на челото му искочија од плачење.
@FreeMind Јас сметам дека ти си во право. Точно не треба да се форсира во крајност ама мислам дека треба да се мотивира и посветува внимание, а не да се остави сама да учи. Пример ако јас не му кажувам како прави кравата, од кај ќе знае тој и каде ќе научи. Дали и ќе види некогаш крава Плус секогаш они се склони кон глупости. Еве играчката возот што ја спомнав вчера, ако го оставам малиот сам да се учи (да истражува) тој веднаш ја превртува и почнува да се качува на неа, да го дофати телевизорот. Јас го седнувам и му покажувам, коцки со букви и животни и како да ги реди....и ова за мене не е форсирање него пренасочување кон нешто попродуктивно. Баш поради тоа што они прават тоа што им е интересно јас гледам паметните работи да му ги покажам на интересен начин нормално дека нема со сила да го седнам и да мукам 2 часа додека не научи како прави кравата ама ако несака денес утре би пробала пак И мојов 80% од времето не сака да прави јас што му покажувам и бара глупости, ми ги носи тавките од кујна во спална ама упорна сум. Ќе заврши со преместување тави и оп јас го чекам со коцки редење
@FreeMind верувај ми дека знае како прави кравата ама не сака да каже. Ќе се изненадиш денот кога ќе се откажеш да чекаш да ти одговори. Јас ја подучувам/насочувам/стимулирам(како сакате кажете го) со тоа што не ја седнувам и да и зборам вака прави или така прави, туку зимам јас да го правам. Пример: Купивме пластични овошја и зеленчуци и имаме тенџере. Зимам и јас си играм, демек ги сечам, ги мешам, правам манџа. Сама ме приметува, без да ја викнам. Додека го правам ова зборувам паралелно. После ме бутка за да прави она исто ко мене. И ме повторува - Манџа, Готово, Лажица Морков, Зелка, Јади и ни носи до уста и ние се восхитуваме колку е вкусно и она кажува Браво! Ваљда ме сфативте. Иако мојата е 18 месеци, сепак да ви дадам насока што пали кај нас.
@Girly90 во 200мл вода се ставаат два кршени ореви со се лушпа. Се ставаат да зоврие водата. Се оставаат да врие 5 минути. После се цеди, да се олади и се пие. Давај по 50 мл не цело. После за вечерта правиш наново. Кај нас не помогна меѓутоа знам на многу што им помогна.
Skroz ist raspored na spienje ima mojov losko 14m veke nekoe vreme, vistina zabite go macat trojkite mu se pobeleni site ama ova veke ne se izdrzuva.Nokite se uzasni, kaj mnogu cesto se budi pa i place pa stanuva pa legnuva i se rasonuva i 2/3 h se borime da prezaspie
Мајки од каде да купам Pulmicort? Итно ми е, ве молам ако знаете во која аптека има кажете ми. Бевме во болница до петокот, викендот беш супер ништо не и беше, од вчера кашла корне, ми препиша Др пулмикорт,меѓу другото, но не можам да го нјдам
Тешко се наоѓа вака во сезона на вируси, најдобро компјутерски да проверат во која аптека го има. Ако не најдете пулмикорт, и дексазон ќе заврши работа, само консултирајте доктор за дозирање.