Око немам затворено. Вчера преспа пола час цел ден и легна как 20ч. Стана во 22 и си играше до 4 утринава. Ама никако не сакаше да спие у принцип ја оставам па сама си презаспива. И ставив и млеко си велам гладна да не е го испи и си продолжи да си игра. Проверувам табели нема скокови баш 55 недела е во мирниот период 9ти почнува од 60та недела. Преимпресионирана од себе адреналин ја тресе. Исто како во 5от кога настанаа големите промени со вртење кога не спиеше по цели вечери и само се вртеше. Буквално е иста. Преку ден нон стоп е на нога не знам ни дали седи воопшто. Од каде има онолку енергија се чудам. Ќе се пушта веројатно ми личи дека нервниот систем се усогласи со моторика и стана свесна што може да прави. Колку трае периодов да ме утеши некој дека се брзо ќе се врати на свое место и ќе спие?
Со забите до каде е? Забите знаат да прават мака, чеша небце, се будат, се врткаат... место не ги фаќа..
@FreeMind јас после година не сум имала ваква фаза. Додуше ни пред тоа. Може да се забите. Со 3ки и 4ки до кај сте?
Последната четворка ја чекам да испадне освен ако не почнале и тројките да се местат. Тоа значи нема да јаде една година вкупно
Мојава прв заб извади на 11м, втор на 13м, има 2г и 4м скоро и уште не спие До 1г спиеше, ама од кога фати да вади заби (споро ги вади), не спиеме.. а тоа е веќе 1г и више. Ретко да преспие ноќ (зашто нонстоп некој заб растеше), сега 5ки уште да довади.. Па се надевам ке спие Утеха за @FreeMind
Да не ја подречам досега со забите во однос на другите деца доста лесно мине освен што тогаш екстремно не јаде. И нормално нервоза али спиела и покрај забите. Освен тројките што велат и најголемите спијачи и јадачи ги превртувало па они да мешаат прсти. Иначе се мислам дека е до одењето овој пат. Ќе видиме денес како ќе биде. Јас еве второ кафе пијам не можам да гледам сум изгубила на кондиција.
@FreeMind и ние пред некое време,исто ќе се фати 55-56 недела нз точно,само што го помина 8 скок,ми стануваше така околу 2 и седеше до 5,ама заспиваше во 23 или 00. Така беше некаде 1 недела или 10 дена. Во тој период почна да станува сам,да се исправа ,па си поврзав со тоа. Лошото е што од тогаш ми смени и насабајле ми станува во 11 П.С За неколку дена влегува во 9ти скок
Ај да те утешам, нашите изгледа договорени се. Пред 2недела правеше така, абе око немав склопено не функционирав. Искрено не открив зошто, јес да после некое време почна да се пушта за да оди ама не одма, може имаше 3,4 дена поминато. А вака беше исто толку 4 дена. Не траеше долго ама кога ти таман си легнал да спиеш она станала. Сега па по 4пати се буди навечер си гуга, се смее, си пие вода, ама со игнор продолжува да спие, некогаш знам и да ја занишам за да продолже. Туку почна многу да тепа и да се лути ако нешто не и дозволиш, уште сега ми се иде да и го исплескам газето трпение-спасение
Нашиот формат на крвна слика изгледа многу поразлично па чисто да се осигурам, хемоглобинот е 107 така? Ние на 65 почнавме со малтофер На вредност од 107 јас не би давала терапија, би пробала барем еден месец со храна. Всушност би се консултирала со педијатар нормално ама би предложила да пробаме вака. 107 како за бебе мислам не е воопшто лош резултат
Ќе се надоврзам на тебе. Мојата и беше 105 и иако беше не многу низок воопшто не јадеше тогаш. Матичната рече дека може и заради тоа да нема апетит. Колку што знам и на @LoveHope малата не јаде доволно. И јас сум за природно ама ако не јаде детето ништо како ќе го качиш.
Малтофер ми дадоа на 95 хемоглобин. Кога дојде до 108 прекинав и само со исхрана продолживме. После на контрола хгб беше 117 без никакви препарати.
На хгб 103 MCV 69.7 и слаби резерви.Исто како на Теди послабо јадеше.Давав малтофер 2 месеца и хгб дојде до 118, а MCV 75. Го прекинавме и сега е веќе супер. Паралелно почнавме со аронија,боровница, цвекло и месо 5-6 пати во неделата.Млечното го сведов на цицање и вечера.
Ќе прооди па ќе биде превобудена од одењето, после ќе почне да збори и од тоа нема да спие. И така се на периоди. Викаат после 3 тата година веќе сите деца спијат цела ноќ па држи се. Се зезам, мојата е таква пред да почне да прави нешто ново е како уклучена на струја, пред некое време се жалев дека прави ноќни журки и секогаш вади нови работи, скоро почнува да кажува некои зборови што воопшто не сум ја учела... А за успивање јас заспивам и на "сила" ако ми успее де, гасиме светла ама ќор темница дури и нишкам дете од 13 кг, гледам редот да се запази на легнување е ако и текне да си игра сред ноќ, тоа е ќе играме.
Епа добредојдов со тантрумите. Седи на каучот, и сака со нозете да згази на масичката. Не ја ни скарав, и викам: не е убаво така со нозете на маса, и кога фати да се дере. Мислиш животот и го скратив. 20 мин се изнавика, со маж ми се глеаме, дали да и се смееме или да плачеме и ние со неа. Send wine