Хахахсхаха Исти сме!!! Не смејш нешто да и спречиш. Одма се дере или одма тепа. А тато не смее да се бацува со мама на образ одма или мене ме кубе или тато го тепа. Јас незнам што ќе правиме. Многу се лутат а тек 1 год.наполнија.. Со педијатарот се консултирав ми рече од година ипол-две ако е вака е анемија. А сега дека не е страшно, без терапија. 107 хгб, можда не се гледа убаво. Ќе форсирам со исхрана колку можам, ама џабе. Нејадач ми е.
Затоа овде не прават крвна слика секое едно е со слаб хемоглобин и џабе ќе се нервираш Па ако и даваш цвекло седи да не го изеде. Сама ќе си дробиш сама ќе си јадеш. И кај мене тепа. На бокс да ги запишеме?
Крвна слика и немав направено од 6м. Сега наполни годинка, срамота беше више. Како е Германија со грипот?
Нема ништо годинава освен од кина што се вратија 16 души заболени од иста фирма од новиот вирус. Од нормалниот грип нормално без епидемија. Дали оти не одам на работа како од Марс да сум падната не сум во тек со ништо.
Сеа сигурно ќе ти се иде да ми мавнеш една ама предлог само Да направите крвна слика да видиш како е Емили со хемоглобинот? Да не случајно нема апетит од ова? Да не е може паднат.... Стварно има разлика во апетитот со 90 хемоглобин и со 120 пример Сигурно веќе ти е преку глава од совети и знам дека се нервираш што не јаде ама знам и дека ако гледаш некаде најмала шанса да се смени ова дека би ја пробала Ние на 65 почнавме со малтофер. На 100 прекинавме и продолживме само со исхрана и Б комплекс. Стасавме до 120. @BabyT* знам дека е проблем ако не јаде ама пак мислам дека резултатот не е за терапија веднаш. Али сепак за вакви работи најдобро е да се слуша педијатар
Во петок ја носам на вакцина. Тешко крвна слика бидејќи нема симптоми на анемија 100 на саат е, не е бледа, не е апатична. Ама ќе си ја кажам маката со храната уствари сама ќе види на вагата, па ќе ме растури канонадно најлоша мајка на свет не знае едно дете да нарани и така )
107 не е воопштп лош хмг. Види ако можеш да подметнеш семе од коприва со мед или со некоја храна. Супер е за крвта.
И јас почнав да го давам семето од коприва после годинка. И ленено давам. Чај од ленено и кромид е добар за исфрлање шлајмови да знаете ако дојде ред за тоа. Ама мед уште не сум дала. Денес ќе пробам Вие како сте со медот? Пробавте? Во ред е да се дава после годинка така? Или после 2 беше? * рецепт за чај од ленено: една главица кромид и една лажица ленено се посипуваат со вода. Врие некои 10тина минути. Се прецедува и оп чај
Сега скоро прашував и јас, и еве сега и дадов веќе. На 13 месеца, прво само малку да лизне, сега една мала лажичка во кашата и ставам.
И јас по на спиди муабетот дадов мед една лажица во овошје. Никаков проблем немаше. Внесов и ореви и лешници и бадеми и кикирики. И печурки. Мислам дека завшрив со се или има уште нешто што не дадовме? Ќе побарам овде од ова семе иначе секој ден во овошјето и ставам ленено и чиа семе. Денес по рецепт на @happygirl авокадо, банана, киви, ореви, чиа и ленено и лажица мед. Се буткам на лакти со овошјево ако таму не ставам немам каде. Па за чудо помина го бендиса. Утре пак
Немав посебно воведување. Почнав во зеленчук да го ставам како зачин по малку. И го ставам скоро секој ден. Мене печурки ми останаа, какви дававте и има некои што се препорачуваат како за прв пат? И како ги спремате?
И на моево му излегуваат забчиња. Многу го мачат,ептен е жален за гледање Одеднаш спискува,става цела рака во уста,уште толку го здоболува,па почне да се удира по глава. Ептен го измачија,многу тешко му излегуваат заби. Двојки 3 излегоа,уште 4та не ми дава да видам до каде е,ама и кај долната четворка ми набобрено,ама не можам да видам убави. Ич не ми дава да му ѕирнам во устата,и со клешти не би можела да му ги отворам,како ги стега. Ставам Дентинокс по 2 пати,барем малку го смирува,ептен кога гледам дека многу го боли. Неколку ноќи и пред спиење му дадов пола доза парацетамол. Одбива секаква храна,во последно и јогуртот не ми го пие како порано. И мојот ич не јаде. И нема ниту едно омилено јадење стварно,секој ден правам и фрлам,секој божји ден. Ниту овошје,ниту зеленчук Само да се цица,па и по цели ноќи виси на цицка Како е можно скоро 14 месеци да не ме остави да спијам како човек,барем 2 сати да сврзе,не ,не и не . И физиолошки му ставам 2 пати на ден,му го чистам носето,му ставам со шприц во двете ноздри,да не смета нешто или не?
Само берени приватно во шума не давај Има индустриски шампињоњи, има и во тегла како милуваш. Печурката е богата со протеин и го заменува месото. Јас и ставам еден свеж шампињон пропржен на маслиново во ориз, со јајца, со палента.
Осанит гранули порачај од Германија или Бугарија, само тие му помогнаа на моето, 4ките ги извади сите, се гледаат бели се сега очекувам нова бура појака за 3ките Немам воведено: печурки, семе од коприва (не ми текнало) а и немал потреба ХГБ секогаш е супер, ореви, лешници само во торта ако има пробано така немам даено (не ми текнало), мед има пробано ама не му давам, незнам како да го комбинирам, др се мислам е воведено. Почна да кажува по некој збор и упорен е повторува повеќе пати, со татко му пуцаа топка дома и мм викаше Моо ГОЛ и тој почна, Моу гоо гоо Мајка ми му купи саатче мало и го прашувам Кој ти го купи саатот тој вели Мама има и часовник за на рака и си го носи Влегувам дома после работа трча кај мене и вика Мама мама, ме гуши, па се гали, леле ме споти вчера Пробував да го заспијам сношти и му пеам Нани нани, и тој покажува со прст и прај МММ кон жижето, ајде јас Нани жиже нани, после кон Мики Маус, Јас Нани Мики нани, па кон камерата, ајде јас Нани камеро нани....обично овие 3 мора да изредиме по ред, а после можи да му притекни за вратата, за сликите.... се само да не спие Многу е чистопатен, нејќи рацете да му се валкани, ако е извалкан прај М М М и покажува кон рацете, демек ела избриши ме некни соленките беа искршени и расфрлени на хранилката и сите ги собра на едно место, па на крајот сам БРАВО си направи Уште нешто да кажам, ко ќе се кака сака да види во нокширот и мајка ми му праела Ваа вака нешто, демек ко гнасно и тој така прај сега а ко ќе се мочка се гледа и се смее сам Секој ден нешто ново изводи, некогаш си велам како му текнува сам, никој не му покажал за некои работи.