Имаме Осанит ама не забележувам дека му помагаат. Постојано го ставате на нокширчето или кога ќе ви текне? Моето си кака во нокширче,бидејќи го познавам кога му се кака и го ставам веднаш,и за мочкање некогаш мочка,ама не знам на колку време би требало да го ставам отприлика. Не зборува уште,а и да зборува штознам дали би кажувал не го форсирам,ама гледам дека знае веќе зошто служи нокширчето. Некогаш мочка,некогаш веќе мочкал во пелената. Ова засега само привикнување,па од летово очекувам да ги фрлиме пелените На колку време да го ставам за мочкање,на 1 саат?
Јас му давам козјо. На 14 месеци го добив, пробавме со аптамил кое според мене е вкусно, не го сакаше. Пробавме со хипп, дури и со Нан за кое велев нема да го дадам. Несакаше адаптирано и пробав козјо, го прифати. Следно на листа за проба ми беа оние од дм, фри што го кажа @FreeMind какви берени приватно, јас и овие што ги јадам со страв ги јадам не па на бебе да дадам. ние буковка и вргањ многу јадеме, па незнам кога тие за него кожам да ги дадам. Ама ќе пробаме прво со шампињони во тегла, најпроверено Медот и јас го давам така во колачиња и во сутлијаш го ставам ама не сум почнала да давам редовно. Вкусот не го знае Денес прв пат дадов така цела лажица чист. Од утре ќе му го давам секој ден со ленено семе и семе од коприва ќе измешам една тегла. Така чист по една лажица. Мислам дека е во ред. Пошто веќе секако е воведен уште пред некој месец... Бевме на роденден, малиот изеде едно кило пржени компирчиња до сега не сум му дала...општо не му давам пржено и многу солено и дете радости. Срам ме фати како си седна пред чинијата и ја изеде цела
Да баш со тебе зборевме за медот. Како го прифати? Мојов немаше пробано така чист само во бисквити. Всушнот и бамби плазма содржеле мед а јас ги давам уште пред година. Еда пријателка ме наплаши, му понидив бисквита на нејзиното дете коа е постаро од моето 4-5 месеци (моето е 15) и одма ми свика да не му давам мед имале (тогаш и дознав) демек не трбало мед до 2 години. А мојот во колачиња го јаде оддамна. И демек никако чист да не сум давала, а јас знам дека после една година не е проблем. Претеруваат изгледа. Јас така планирам да го давам, не во каши. Насабајле после доручек
Нем Немој така чист мед да му даваш. Многу е тежок, мене ми се лоши и боли стомак не на бебе. Плус ние цел живот чуваме пчели и доста истражувам на таа тема дека и по струка ми е. Најубаво е мед да се дава растворен во течност, ама не во жешко за да не се губат витамини и минерали. Значи во колачи речиси за џабе го даваш, ете освен да не ставаш шеќер или друг вештачки засладувач. Во сутлијач само откако ќе се олади на 30 степени ставање за да има бенефит медот што го даваш.
Фала ти. Добро е на време што ми кажа. Се залетав јас од денес Знам дека во колачите е занемарлива количина. Не можам да рачунам дека така конзумира мед па затоа сакав да му го внесувам и на друг начин. како мислиш дека е најдобро да го вметнам? Само вода и млеко пие. Во чај не би можела....кашите не го сака благи
кај нас почна порано 9ти баш нели кажував... 58ма недела правеше исто вака како твојава а на апликацијата пази има сонценце на 58..хах ама еве веќе една недела (сега сме 61ва) е помирна да не ја урочам и спие со само 3 будења навечер кратки што е врв за нас тоа хаха
Искрено ни јас не знам. Не ми го сака вкусот на мед. Пробав во житарки како домашна гранола не сакаше, на амрикански палачинки како прелив со овошје, исто не ми запали. Млеко не пие, сок и вода слабо. Еднаш кога имаше бел сор на усте и дадов така да лизне ич не ја бендиса, почна да плаче и да бега. Па иако имам домашен не и давам. Немам идеја како.
Јас го издржувам над нокшир за какање, така почнавме бидејќи в пелена неможи да се искака убаво до крај вака му е полесно и се навикна и сега кажува со фаци правење, стега, стенка и му велам ти се кака тој пак ми стега и го слекувам за 3 мин е готов, а за мочање не го слекувам, се моча обавезно на секое слекување, како да чека да го слечиме за да моча, многу пати и памперсот сув му е дење. В лето здравје ќе пробуваме за одвикнување. @Milaаа991 ми се зашеќери медот (домашен е) како да го растопам за да не губи квалитет?
Вигантолот повеќе нема да се произведува. Што би давала место него? Прима по 3 капки секој ден. Да земам залиха 3-4 шишенца или да наоѓам соодветна замена со време? На ортопед дури на 3годинки ќе одиме
и бејбитол само пази, дупло помалку концентрирани се. Јас ќе со купам 2-3 шишенца залиха вигантол. Ионака многу споро се трошат пливит 1ml се 4.000 IE Вигантол 1ml се 20.000 IE
Од каде ова? Јас ќе земам залиха секако до мај ќе давам, лани давав и на лето сега сум у план да прекинам.
На печена тиква стави мед и мелени ораси. Така помина кај мене. Ужас. Два дена ни дење ни ноќе спие, не и се игра, не и се јаде, кемка. Само трпение. Значи 9от и почнал ќе сметам.
Стави го во топла просторија и ќе пушти. Само природен мед кристализира. Јас така го користам, потоа си го додавам во млака вода или чај и си се растопува.
Ај коа сме кај д3 да начнам уште една тема Фонтанелата како? Кај нас уште не е затворена. Може ќе треба да идам да ни зголемат д3, што мислите?
Кај мојава оддамна е затворена на оној преглед на 10 месеци мислам дека го потврди тоа. Д3 уште прима по пет капки секој ден не ни рекла ништо околу тоа да смениме. Прашај си кај педијатар дали да зголемиш.
Од веледрогеријата Варус е информацијата, увозниците. Зошто не знам, знам дека немале да ги работат веќе. И јас ќе си правам залихи не ми се мењаат стално.