Н Ни на мојава не и е, а 15 м е. Давам вигантол 4 капки сега. Кога немаше сонце и по 5. Си велам сега ќе затопли, повеќе време на сонце и ќе се затвори. Арно што споделивте инфо за вигантлот, да си направам залиха.
И на мојата не и е, година и 7 месеци е. Ми кажа ортопедот да не се грижам не е опасно воопшто, кај некои деца се затвара покасно. До 2 годинки треба да е затворена веќе.
Си сака благо, и секако си јаде бисквити и млеко, не видов некоја разлика со додаден мед. Не и дадов премногу да и дојде преблаго, ама би сакала по една лажица чист мед да почнам да и давам насабајле. Вака по малку во кашата, чисто да се навикнува за сега.
Моево па неќе да јаде бисквити и млеко,гриз,сутлијаш, обично сите деца јадат тоа Кога сте веќе кај благото,давате ли чокоалада или друго нешто благо? Моево за 3,4 дена јаде една Животинско. Не дека мора да јаде ама ај. Баш гледав во средина на Ноември при проверка на кс,хемоглобин му бил 112,на вакво нејадење баш ме чуди како е можно Мислам дека не е многу низок. Значи дека не е тоа причината за нејадење. Од цицањево ли му се одржува да не му падне многу? Има ли на некоја мајка да и препорачале нешто за зголемување апетит? Се си мислев дека поради тоа што цица не сака да јаде,ама на Фри и после одбивање не јаде,значи не е до тоа.
Молерс сирупче Хемоглобинот не е низок. Да, даваме. Од една година си јаде такви ужинки чоколадо, монте и сл. Не се потресувам за такви работи. Не дека треба да заменува оброк ама не гледам зошто да не си ја облажи малечката душичка.
И јас давам киндер јајце. Се радува на тие големите и внатре има големи играчки. Мали несакам да му земам дека играчките внатре се ситни и плус ситни делови...мал е уште, да не заврши нешто во уста. Не го јаде цело нормално, јас и маж ми ќе се заблажиме на него така ради реда 2-3 пати да касне и да се радува на играчката. Мене ради забите не ми се дава благо, не за друго. @hello-kitty.90 мојот додека примаше терапија за железо примаше и б комплекс, три месеци го примавме.
Ако не јаде не значи дека има слаб хемоглобин. Внук ми сум го спомемала многу пати од бебе еве 19 ќе полни уште го молат да јадат како Емили сега. Нон стоп се трча по него барем нешто да касне. Преку 1.75 см е сега 50кг. Хемоглобинот одличен. Ама за разлика од тоа болен е од кога е роден имунитет нула. Нон стоп е болен. Мене од тоа ме страв ќе тргне градинка со леб и јогурт ли ќе се браниме? Со бисквита? Денес е од оние денови каде до сега изеде само две бисквити дури и леб и јогурт ми одби. Ја преминав фазата сенд ми вајн ми треба психолог.
Фонтанелата не и е затворена, ама и беше и премногу отворена, прима Ваја, плус 3 Вигантол. Ќе се снабдам и јас тогаш. Мед немам дадено, не планирам наскоро. Прегеска немаше од Олимпус сирење и земав едно друго, пак козјо. И се исфрли. Дали е демек козјо? Може ли некој ова да ми објасне? Кожата ми се ежи кога ќе видам црвени пликови, аман.
Се зависи од производител. Кај мене се црвени на образи од едни јајца од други не. Некогаш и од иста кутија на две јајц реагира различно. Хемии е одговорот. На нов реагира. Држи си до фирма штом е така. Ќе менува пак, ако сега е пликови утре нема ништо да и е. Поправи ме али козјото со овчо го мешаат да не има на декларацијата нешто такво?
И јас побрзав да пратам маж да купи Вигантол,следна контрола ни е во Септември,па да имаме до тогаш. Нормално си имале залиха во аптеката. На син ми ортопедот рече да пие по 1 капка вигантол додека да почне да станува/оди. Од тогаш натаму по 2 капки. Ама заборавив дали рече од мај до септември да не давам,мислам дека така рече . Прашав мм и он не памти,заборавил,ама знам дека не се дава во месеците во кои нема буква р. Така ви рекоа и на вас или не?
На нас следна контрола ни се паѓа во јуни и рече тогаш ќе видиме како ќе продолжиме со дозата. Сега давам 2 капки вигантол и една ампула (незнам како точно се викаат тие малите) бејбитол со омега. Јас ја прашав за во декември дека еден месец ќе бидеме во странство каде што е лето 30 степени и ќе биде постојано на сонце, дали да давам додека сме таму и ми рече да давам обавезно иста доза. А и претходното лето давав, немаше промени. мислам дека не треба скроз да прекинуваш, мене ми објаснуваше нешто дека за да се прима витаминот д требало незнам колкав процент од кожата (бааги голем) да е изложен на сонце, а тоа се случувало ретко посебно кај мало деца дека ние ги заштитуваме скоро целосно, облека, капче...дека не седат на сонце доволно за да се синтетизира витамин д. Ако немаш преглед кај ортопед консултирај се барем со педијатар. Прашај подетално за ова Јас знам дека недостатокот на вит д е посериозен од предозираноста кој всушност е многу ретка, скоро и да не се случувала
Она и овчо јадеше без реакција, ова е изгледа смешано со кравјо, на што е и алергична.Инаку на декларација си пише козјо, сол, бла бла. Ништо ќе се држам до тоа што го користевме.
Стварно не памтам како ни кажа,требаше да си запишам. Некој друг да сподели што совет има добиено за вит Д во летните месеци? @Spidy @happygirl @lackygirl @SaNJaAaaAaa знам и твојата е кај Талески,@Milaаа991 , @BabyT*
Кај Антоније, зимото и ја покачи плус 1 капка Вигантол. Од кај јуни, јули ја намалува таа 1 капка. Пример сега Ваја со 3 Вигантол, во лето примаше Ваја со 2 Вигантол.
Јас бев кај Талески, ама не сум сто постп сигурна како ми кажа. Беше една ампула до прв роденден во јануари, после по 2 до лето. Тоа точно знам. А за лето мислам дека рече една, па на контрола на есен. Не се секавам да рекол да се прекине скроз. Јас секако поише денови заборавам да и дадам отколку што ќе се сетам исто ко да не пие ич сега
Давам по 2 капки Вигантол. За 1 месец ќе го носам на ортопед, па ќе видам што ќе каже за летото. Лани ми рече до 1 год и зимата нон стоп да прима д вит, а од мај до септември не.
Кај синко не беше мн отворена фонтанелата, само по 2 капки Пливит Д3 му давав ништо друго, на 9 месеци на ортопед ми рече докт, давај му по 4,5 бидејќи има повеќе кила, од тогаш по 4 му давам, затворена е одамна фонтанелата мислам дека до 1 год ми рече секој ден ќе даваш, а од мај до септември не, така до 3 год, ама за ова матичната ќе ја прашам. И моево не сака бисквити со млеко, а гриз, чоколино јади. Животинско јади скоро секој ден по 1. Јас не му давам ама додека сум на работа бабите му даваат, ама други шеќери не прима, бидејќи само вода пие. Јас па како се нервирам дека млеко не пие
И на нас ни рече на контрола дури во септември,да не го носам веднаш штом ќе прооди,туку на есен и таман да ни одреди доза на д3. И мојов пиеше до 1 годинка 1 бејбитол,после по 2 Вигантол,и натаму ми се прекинува филм,поима немам што ми рече. Изгледа ќе морам да му пишам/ѕвонам. Иако се си мислам дека рече дека не треба. Ама мислам,не сум сигурна. А кога размислувам,ми доаѓа и во глава муабетот дека и летно време не е многу изложен на сонце за да не пие д3,и дека во лето не се пијат,и дека во лето се намалува доза и еден куп информации,па нз кои ми се од ортопед,а кои од интернет. Затоа треба запишување.
@lackygirl мојата вкупно дали 2 голтки млеко испила. Јас па се радувам што не пие млеко. Надокнадуваме со млечни производи.
Па и јогурт не сака сега, павлака, намаз, кајмак ништо од тоа, ретко се слаучува да сака и после др ден нејќи, како лотарија е, од млечниве само кашкавал и сирење ама не јади секој ден, да не е малку. И ќе заборавев јади скоро секоја вечер гриз со млеко, какао и банана, млеко му иди околу 150-200мл и тоа не секој ден.