Се одбивте од цицање? И мојава некогаш нишш не сака од млечно, ама се тешам дека барем цица. Додуша она ни вода не пие, само цицка и е течност. Не да се нервирам, ама тоа е. На сила не бива. Инаку јас д3 давам по 4 капки дека на лажичка, па матичната ми рече дека се губат. Ама на мојава и доста и е отворена фонтанелата. И јас некаде слушав дека до 1 г секој ден се дава, а потоа само во ладните месеци. Мисла од др Сајковски ми е слушнато ова на О + емисијата, ама како низ магла ми е. Секако ќе се консултирам уште еднаш со др. Мислам дека дур не и затвори нема да прекинуваме, ама сепак ќе прашам и сподела што ми кажале.
Ние до сега не сме прекинале со д3 од раѓање.До сега давав пливит по 1-2 капки,а сега од пред некој ден педијатарката рече дека уште не била целосно затворена фонтанелата, па давам 3 капки вигантол.Мислам дека додека не се затвори,нема прекинување. Инаку уште сум млекара,па не се замарам многу за млечните производи.А и благичко си поткаснува.Барни мечето и е омилено.Вода пие кога сака,некогаш повеќе,некогаш помалку.За сок не сака ни да чуе.Ни цеден, ни купен. @lackygirl не се замарај толку со млечните.Доволно му е на дечкото.
Да го одбив пред 2 недели. И јас со лајче му давам Д3. Кај кој ортопед одиш Бт, јас на 9 месеци го однесов во Филип 2ри мислам Снежана се викаше док. Таа ми рече по 4, 5 капки. @babydust не се замарав дури цицаше, сега некако ми е мисла
Најмногу на ден е 250мл. Според она што го кажа доволно му е иако не е лошо јогурт да пие. Ни јогурт со смоки не сака? Си идам од вакцина како и досега без плачки и стварно и се поклони педијатарот као бебе браво алал да ти е. Вечер температура секако ќе чекам и утре. 12.900 кг измерена. Добив бесплатен час како да ја ранам со зеленчук, месо и овошје и дека не можело дете да не јаде јас тајмингот го утнувам. Или бисквита сум и давала и сум заебувала ручек. Задолжителна контрола за месец дена ми лупна. Не смее ни грам да е полесна. Препиша на забите овој пат последица. Веднаш и дадов геврек со путер да сменам појадок. Бам три апки лапна. Имала право до разновидноста е. Идам да одмарам ќе ме чека тешка ноќ. Не заборавајте @Happyinlove ни е бремена и први три месеци се жените најчукнати па да ја држиме за раче. Не дека она и после нема да е чукната...)
@FreeMind нејади смоки со јогурт, сношти баш му дадов, 1,2 каснува и др плука, само смоки да, мојов не е многу за новитети, си сака едни исти јадења, стално нешто ново давам ама некако не прифаќа, а се јадеше од сам почеток, ама па тоа што си сака си јади супа, ориз, грав, леќа, зелка пресна јади, цвекло пресно рендано, компир салата, јајце...значи детево си сака "селски" ручеци така јас велам. Емили исто има кила или пак малку има намалено? Пак не е страшно според мене, цел ден се активни, ни 10 сек не застануваат, си велам нормално е да стагнира па и да намали на тежина германициве не мислат вака? И уште нешто дали имаш пробано вака нешто потечно да и даваш? Супа, грав, леќа? И уште 1 прашање, какво е млекото од ДМ што го земаш, да видам Бт дали го има да пробам и со такво.
https://www.dm.de/milupa-milupino-k...PLEAQYASABEgLVZfD_BwE&hc_tid=10107518C4751PPC Само ова помина, а знаеш сите ги купив и нудев цело време и чисто и со се мешано. На почеток со малку краш експрес го пиеше после само чисто и давав. И сега ако и дадеш цел ден ќе пие. Втор месец намалува по ред, затоа добив задолжителна контрола на тежина. Сега треба да стагнира и да намали па да качи на месец дена али не и во серија да спои месеци во минус. Не е страшно кај неа со килажата страшно е што отвара лоша серија, а на повидок не гледам да се подобри. 300гр овој месец минус го заврши. Вчера манџа боранија и направив прсти да излижеш. Ќофтиња телешки и пире. Ќофте во бел сос. Макарони потпечени. Супа од петел. Месено со спанаќ одмрзнав. И она јадеше две бисквити. Вечерта касна леб и намаз на сила одвај пола лепче и два пати млеко на ден што пие по 125мг. Така и заврши цел ден. Овој пат сум сигурна дека е заб, вакво екстремно нејадење е само заб кај неа. И сега три четири дена на воздух буквално ќе живее. Сакав да кажам дека прашав и за повторување гласови кај животни. Рече дека до две години е тој простор да повторува гласови и да не повторува нас. Секое дете различно и моментално нема никаква потреба од страв дури и уште е рано за тоа рече. Иначе имало деца од 9 месеци повторувале звуци од животни. Кај секое дете различно се одвивала оваа говорна фаза. Битно било сега да гледаме само дали не разбира и дали слуша наредби. Иначе почна патчето да кажува како прави наместо ква ква вика па па. И јас уште толку се загрижив си велам зошто детево не ме разбира и не ме повторува јас не викам па па. Па кога ме подбраа дека сум се филмала, нејсе. Значи само патчето засега.
Синко е во 9 скок, громчето е следната недела, ама уште оваа е кенкав, нервозен, бара повеќе внимание. Плус и долната десна двојка му излезе синоќа, осетив дека е пробиена. 4ките му се набабрени ама нека почекаат. Вчера ми беше мн смешен, го прашувам како се кара тато, и го мести прстето веднаш. Му велам оди гушни го тато, и оди кај него, го гушка и вели оооо. Разбира кога му велам донеси ја топката, вели гооооо за гол Почна да разбира,ми расте детето
И јас таму еднаш ја имам носено. Сега со матичната се консултирам. А како го поднесе баткото одбивањето. Се мислам и јас сега дур не фатиле жештините. Буквално почна цела ноќ на цице да спие, ако и се тргнам плче и се буди. Не ми е за ништо друго, колку што ми е страв да не се искриви така цело време искривена. А вода никако не сака да пие.
Смоки ставаш во шол и јогурт и ги гмечиш додека не омекнат. За ужина се даваат. Али јас и како главен оброк ги користам како што кажав.
Не е до 500 мл млечни за дете до 2 години? Или јас сум грешка. Мојава како се одби прифати аптамил и пие 2×180 мл ама внесува и кисело млеко и сирење по малку, се мислам кога на кравјо и дали и како се правеше 50/50 со вода или тоа за помали важи мојата е 19 месеци. Некој со искуство? Инаку за вигантол лани давав и лето, годинава од мај ќе праам пауза како што знам за деца 2+ само есен и зима се дава, мајка ми шо вика во месеците со буквата р.
Голема ти е за да и го мешаш пола пола со вода. Јас од 14 месеци од кога ми се одби и давам чисто млеко прво тетарпак дека тоа прво ми го прифати, а после тоа премина на домашно кравјо млеко. За внес на млечни производи производи имам информација од стоматолог дека дневно треба да е 700-750мл ова за млеко пиење.
Домашно не би давала оти немам познати што би им верувала, а тетрапак какво ? Кај мене сама се одби на 10 месеци од цицање и аптамилот баш си го прифати и планирав до година ипол да и давам ама ете уште не сме свртеле на кравјо, се двоумам мислам дека тетрапак не ми е баш е добра замена, ама од друга страна голема ми е некако за ад.
Мојот исто сам се одби на 10 месеци од цицање. Пиеше Аптамил до кај 16-17 месеци и потоа му дадов кравјо. Неразредено со вода зашто беше голем за разредување со вода. Дадов Битолско од тетрапак, во Велика Британија давав нивно млеко. Сеедно. Фамата околку кравјо млеко е толку наметната за плашење како отров да даваш се осеќаат мајките. А уствари е маркетингшки трик за да се троши АД и после година. Отприлика можеш да даваш кравјо млеко од истата фирма од која даваш и јогурт или кисело млеко. Истото млеко е само ферментирано (има само плус бактерии и минус лактоза зашто бактериите неа си ја јадат за да го скиселат производот). Само кога даваш обично млеко тоа се бори во вкупен внес на млечни производи во текот на денот. Препорачан вкупна доза на млечни производи во денот е 500 милилитри броејќи ги сирењето, павлаката, урдата и слично. Ова е за да не се претера со калциум кој смета на врзување на железо во крвта.
Тетарпак давав на имлек моја кралица чоколадното. Тоа ми го прифати после не знам ни јас колку обиди да пие млеко од шише прво и јас пробав со адаптираните млека, сменив неколку но не ми прифати.
Мајки малата е скоро 15 месеци активна е трча немам проблем со тоа но по 2 3 пати во неделата се случува навечер да ја фаќа грч во едната нога додека спие. Можно ли е тоа да е од трчањето во текот на денот? Во понеделник ке се советувам со доктор.
@FreeMind ме замисли, не е малку 250мл млеко? Мојата пие 3*150 и плус јаде млечно. А што ако се претера со дозата има лошо? Малку за малата, кога сака надвор вика папа и мавта со рачето, ги зима патиките да ги облекува. Вика ајде и праве со рачето како да те вика. Тоа и остана акам/некам. А сакаш ли мама? НЕ и тако даље за сите прашања. Патка, куче, мајмун, крава, коза, жаба сега за сега. Моето дете дома некако нема желба да оде, а испадниме надвор не застанува. Незнам зошто вака ама како си сака така Исто мора да кажам дека има преголем апетит, цело време сака нешто да јаде. Знае каде и стоат бисквитите и смоките и оди кај нив и ми вика мамо и покажува со прсте.
Според новите истражувања млекото до третата година треба да се сведе на 300/330мл на ден заедно со млечни продукти. Тоа му е базата на детскиот организам на ден потреба од калциум. Најдобро е да се подели на три оброци наутро чаша млеко, ручек мало јогуртче и за вечера парче сирење. Нашиве се ептен мали и не јадат парче сирење затоа дотураме млеко. Али во главно како и со се не треба да се претерува. Млекото го намалува апетитот, полно е со шеќери, предизвикува алергии и во никој случај не треба да го сфатат како замена за вода. Исто имаше влијание и врз железото во крвта.
Не и смета ни во пиење вода, ни во јадење. 300мл вода пие и плус си јаде добро. Ама пред успивање мора да го испие инаку око не склопува. Мислам дека кога ќе скратиме една дремка таман ќе скратиме едно шише од 150мл.
Јас навечер не и давам само пред двете дремки. Во градинка кога бев им објаснив дека пие млеко пред преспивање ми рече не носи ручекот е пред преспивање доволно и е. Сепак ќе носам во случај да не им го изеде ручекот да не спие гладна. Инаку само млечни јаде така да само со храната и доволно и е калциум.