Ме ставивте во мисла сега со млеково. Мојава повеќе од 250 мл не внесува. Па и помалку. Јаде околу 250 гр кисело млеко и неколку пати неделно и давам насабјле адаптирано со житарки и овошка. Ама млеко, млеко не верувам дека нешто многу пие. Насабајле скроз безуспешно скратување подој, ама затоа навечер еве трета ноќ не цица пред спиење. И ја поместив малку подоцна вечерата, нешто ситно пред 7, после во 8:30 бањање, миеме заби и толку. Не ја ни нудам со нешто, знам дека нема да прифати. Да не грешам? И дојдов да прашам за cake smash со што ги правите тортичките? Да и ставам шлаг? Нема ли да направм беља, бидејќи сигурно ќе стави во уста?
Јас ја правев со АБЦ јуниор. Не дека па стави во уста. Хаххха Мислам нема нишш лошо и да е со обичен шлаг, чиниш тоа ќе седне и ќе се најаде. Една пријателка кај нас на роденден бебето на 7 м го насрка цело парче торта и ништо не му е. А ние се стресираме за една ронка шлаг ако проба.
Ве молам доколку некоја мајка има слично искуство да сподели.Пред 4 дена примивме мрп вакцина на 17 месеци,овие денови комплетно е променета како друга личност,постојано е агресивна,плаче,писка на цел глас,се нешто не и е погодено па се ваља по земја се тегле,незнам дали станува збор за скок во развој или нешто од вакцината е.
Не мислам дека е од вакцината, само сега самата си бараш некоја промена кај детето, дека сите се плашиме од фамозната МРП и јас така само го посматрав цело време на 13 и пол месеци му ја ставивме, помина супер без реакција. @thinkerbell направи го со домашен шлаг и да проба нема гајле од еднаш, синко мој уживаше, со двете раце пикаше в уста @BabyT* синко сега скоро по 1л вода пие во денот, ама како што имам пишано повеќе пати само тоа му е течност сега за сега.
Ја сум на спротивниот крај со млекото, пие 4 пати на ден по 150-200мл, од кога почнав да давам обично млеко многу го сака. Плус млечно барем еднаш на ден обавезно. Ја мислев едно време да не е многу, ама и си јаде добро сега и мене ми е полесно млекото отколку друга ужина, така да вака ќе си тера за сега.
Доста и е и толку. 250мл на ден е сосем доволно заедно и со млечни продукти. А јас бев убедена дека нема ни да ја допре па си ја направивме за нас. Не ја ни допре! Со прстето еднаш минијатурно лизна и толку. Ози сркна два пати мајмунот, а не смее шеќер од него ја криев. Скроз обична прави ја како за тебе па и да се најаде од еднаш ништо не е. Мрп како вакцина делува од седмиот до 10от ден. Значи веднаш се исклучува тоа. Тантруми му почнале на детето прочитај повеќе околу тоа како да се справиш со емоциите на малото.
@thinkerbell јас вака ја направив и вкусна беше, синко ја почна ние ја довршивме 2 јајца, 6 лажици: шеќер, млеко, масло, брашно. 1 пециво, 1 ванила, 1 лажица краш и пола рендано чоколадо за готвење. Мислам дека ништо не заборавив. После 2 недели ноќеска стана само 1 мечево мое, се напи водичка и презаспа лежејќи вака беше еден период пред одбивањето, само нека потрае
Моево сношти стануваше на 5мин.пиеше млеко. Па после тоа пак лажев дека нема млеко, мама ќе оди да купи сега да се напир водичка... Се изнаплака и заспа, на само 5мин и повторно будење. Нервозна сум скрос! Напорна недела на работа со грипот и сега неодморена, заклана недодрана. Што да правам со ова дете со станување навечер и барање на млеко? Знае дека на натксзната си стое шишето па таму го бара.. Јас го ставам на земја за да не го гледа. А шишето од вода го фрла. Ќе си умрум.
@FreeMind и ќерка ми вика па па, наместо ква ква. Нема што да се грижиш. Плус моиве 18 месеци имаат. Битно се од команди разбираат. Во врска за млекото моите пиеја 3 шишиња вкупно 420 мл, а откако тргнаа в градинка имаат само едно шише од 150 мл навечер пред спиење. Јас се чудев како ќе ми заспиат без млеко, ама ете можело.
Ми помина времето да редактирам. Имам уште едно прашање, до сите Давате ли свинско и пилешко месо? Синко сеуште јаде само телешко и риба, и ептен ретко мисиркино. Немам можност да земам од домашно прасе или пиле, па кажувајте од каде купувате
Свинско од нашето сум дала. Колку да проба, мора да се проба се што јадеме. Пилешко сум дала на Перутнина. Али почесто домашно давам.
Свинско давам на маркет домашно. Тоа е фарма си имаат нивна кланица и маркет. Ако си од Скопје можеш да провериш во поголемите маркети. Кај нас во гевгелиско- Валандовскиот регион во го има во КАМ маркетите. Месото е добро, и за дома за нас такво користам и на детето давам од тоа.
Јас свинско не сум дала. Пилешко ептен ретко коа ќе најдам домашно. И јас незнам кое би го купила, многу ми е ризично. Понекогаш земам од тегличка на холе па ке му го истурам во оризот. Редовно давам телешко, риба (ослич и лосос) и мисиркино (од зебра тинекс)
Тетрапак, било какво, не и давам само еден вид, сигурно 4 различни има пробано. Ужинки пак има, некое парче овошје, обично после млекото. Сабајле штом ќе стане многу полесно ми е да згреам млеко отколку да правам каша или да дробам овошје, а не сакам редовно да давам тие купечките овошни кашички во кесичка (што се баш наменети за ужинка). За една недела почнува во градинка, таму нема да и даваат млеко преку ден, ама мене по дома тоа ми е супер. И додека сака да пие млеко ќе и давам.
@Spidy ме огреа со млекото. Ти благодарам. Само јас се нервирам дека мојата без млеко неможе. Денес јадеше ќофте. Ќофте бе. Добро, има многу салтанати внатре ама ќофте? Вчера јадеше салата од ориз, грашок,пченка, туна во конзерва со малку мајонез. А ти оди прави спешл за неа.
Абе не дека не може без млеко, ама си го сака. После мама, баба, следен збор и беше меме за млеко. Пие и вода и сок, ама ова тетрапаков и е коњак