Земете хидратантна крема за лишаите, мрсната не помага. Може и некоја од колекциите за атопичен дерматит, има многу убави на Авен- ксеракалм, Еуцерин-атопиконтрол, Мустела-стелатопија. Се зависи која ќе ви се погоди, ќе се повлечат, обично децата со сува кожа го имаат обој проблем во зима, на пролет ќе им се исчисти кожата сама од себе.
Me interesira onie majki koj gi nosat decata vo gradinka kako mu gi reguliraat obrocite. Koga e doma ima dorucek uzina rucek uzina vecera. No sto koga ide vo gradinka tamu ima dorucek uzina rucek i uzina aj koga ja jade koga ne. Jas mu forsiram oti doma spie od spienje pak da ruca pa da gricne ovosje pa da vecera e sega da ne mu e toa mnogu ili... Nekako znam deka doma ke si go izede mesoto jajceto i ribata bar toa mi e bitno ili ajde kazete kako funkcionirate
По грешка во друга тема поставив прашање, ајде сега и тука. Какви реакции да очекувам од вакцината што се прима на 20 месеци?
Сега ја гледам книшката и кај вакцината на 18 месеци (која не ни е примена) стои празно поле, а датум кога да се прими следна е овој месец, во полето кај вакцината што се прима на 20 месеци. Не ми е јасно! Двете одеднаш ги ставаат? Или? Син ми има 19 месеци.
Ние после таа на 13 месеци примивме сега на 20 месеци и сега ни рекоја наредна на 4 години изгледа со новиве вакцини му се заедно.
петовалентна е.. Заедно.. Ние исто таква примивме... Имавме вториот ден мало покачување на температурата кое се симна без парацетамол, само по себе и мал оток на раката кој помина за 1ден.
Син ми ако ужинката е некој колач не го јаде, ретко јаде благо, ама како и да е секогаш е гладен, дека после спиење он јаде, а таму имаат ужинка само. Дома или по пат јаде овошје, најчесто банана, па може да касне од ручекот ама не го сака баш дека веќе јадел во градинката манџа, па накај 17-18 вечера млеко со бисквити и банана, кус кус, јуфки, палента, тарана, зависи што, па ако легне порано толку, ако не знае и по два оброка да има до спиење. Обавезно грицка бисквити и банана. Инаку јаде по 3-4 банани на ден понекогаш. Во градинка ми кажуваат колку јаде и спие, така да знам дали е најаден, наспиен. Мислам дека му е доволно волку храна, а и кога е гладен веќе бара, така да знам дали е гладен или не, веќе немаме проблем со тоа.
Покрај оброците во градинка, дома си има уште еден ручек и ужинка и после вечера. Моево дете прегладнето си иде, оти порциите им се мали, ручекот е околу 12, а ужинката после спиење е најчесто овошје. Свекор ми го зема околу 15-15:30, па дома јаде она што зготвила свекрва ми (или пак јас, но поретко готвам сега). После тоа има некоја овошка за ужинка додека да се приберам, и после му е вечерата, околу 19:30. Вака количински изгледа многу, ама моето е јадач и малку му е храната во градинка.
Кај син ми во градинка ручекот им е околу 11, до 11 и пол веќе да бидат сместени за спиење. Многу рано и ручекот и спиење, ама тоа е. Порциите им се исто така мали, дома јаде три пати повеќе отколку таму. Спијат до 1 и пол и после тоа кој што донесел делат, а тоа се обично грицки Евентуално некогаш имаат некое парченце овошје. Велам парченце, бидејќи е навистина така. Еден портокал на неколку деца, банана исто така. Тоа е многу малку. Кога дојде дома јас пак му давам ручек. И овошје. И вечера.
kaj mojot sin vo 8casot imaat pojadok vo 10casot imaat ovosje vo 12 imaaat rucek potoa spijat do 14 casot posle toa koga stanuvat povtorno imaa nesto uzinka na primer mleko so biskviti , za koj kolku saka gi prasuvaat tie ima delat na site isto ako nekoe saka mu davaat povtorno po sto jas vo 14 30 go zimam ako ne ja sakalo uzinkata mu ja davaat za doma ,cesto si prasuvam dali jadelo i doma povtorno go ponudam so jadenje
За што е таа на 13 месеци, а за што таа на 20? Мене педијатарот ми рече таа нжза 13 м да ја одложам до 20 месеци. :/
Таа на 13 месеци е ммр вакцината а оваа сега мислам дека е ревакцина дтп акосум грешка нека ме исправат.
Momentot mi bese deka koga bese doma si go jadese rucekot sega odbegnuva rucek gledam samo zatoa sto sveki go rani da mu dade bar jajce ili mese ili riba ... Zatoa sto dr. Nesaka pa jas vo 18 i nesto casot mu davam ovosje i posle do 21 i vecera. Tuka kaj sin mi vo gradinka rucekot e vo 12 ruca i sveki go zema spie doma. Pa zatoa me inreresirase dali da forsiram rucek ili po se izgleda sekoe dete razlicno. Inaku vo gradinka imale sistematski i na 2 god. I pol godini 14 kg i 92 sm
Мајки како сте? Ние со настинка пак, само што ги завршивме инхалациите после 1 недела пак носето тече и грчиме. Некоја од мајките имаше пишано за домашен маџун, па ја молам ако може да ми пише во лп број.
nie nemame vakcina na 20 meseci poslednata bese na 13/14 meseci I sega ni rekoa na 5godini pak. ako e da se povtori nekoa vakcina toa,inaku nie gi primivme site I nemase golemi reakci na dtp voopsto nemase reakci se pomina dobro.
Само инфо: дури сега на скоро 20 месеци ја однесов за ммр и ја прими. Пред нова година треба да одиме за ревакцина на ди те пер и полио мислам, но кога отишла колешка моја ( тука некаде на возраст ни се децата) и рекла на др.дека е вознемирена заради ммр после толку пишување за неа и аутизмот, и др.и рекла е па мајка не ја ставај ако ти е шубе? Ме збуни одговорот, како да го сватиме?
Искрено не знам. Венера ми е многу ок доктор затоа што на неколку пати во врска со ќерка ми излезе во право и на чуден начин и верувам. Кога ја примаше ревакцината и ми рече може ли да запишам за 24 или 26.11 не се сеќавам за ММР? Викам запишете ако морате ама јас нема да ја донесам тогаш. А до кога ќе ја одложуваш? Па не знам викам ама до вториот роденден сигурно. Вие кажете ми до кога имам право да ја одложувам, до кога најдоцна мора да ја прима? И се смешка и ме гледа, до 5 години вика може да ја одложуваш, ти си мајка ти одлучуваш. И на тоа остана. Никогаш се нема испонашано присилно ниту да ме убедува само ми рече: зошто се плашиш и зошто се сомневаш во своето дете. Погледни ја три не можеме да ја додржиме да ја прегледам ( има преголем страв од доктори благодарение на претходната матична ), крвната слика наназад цела година и е совршена, викаш дека е препаметна ( знам дека за секоја мајка детето е паметно ама јас сепак си мислам дека ќерка ми е посебно развиена со емотивната интелегенција ), има супер имунитет и ги има сите компоненти кои се одлучувачки за да нема апсолутно никакви последици. Јас едноставно одам по инстикт кој не ме излажал досега и ќе ја одложувам до пролетта.