Никаква цуцла не фати од бебе до сега. Вакви и имам купено али не ги бендиса. Чедар и фета и давам. И урда или моцарела. Ќе го пушташ градинка?
Да, ставам во кутиите за во градинка, барем еднаш неделно. Ги сакаат момите. Најголемата не фати цуцла. Средната ја откажа сама на 2.5. Случајно и падна во нокширот, рековме какана е...и толку беше. 2-3 дена ќе прашаше, ќе речев заедно со какана е, заборави. Најмалото, скоро две, уште не е одвикнато. Не форсирам, кога ќе биде спремно ќе биде безболно, ќе го осетам моментот.
Чупи кај синко 3ките долни готови да излезат, плачеше вчера од 6 до 8, рацете в уста цело време, се лигави, прв пат вака се лигави за заби и вака дење да плачи, ама ова 3киве биле навистина најтешки само што излегоа 4кте одма по нив 3ките нема дерман од забиве нека доизлезат и малку да рајатисаме му дадов парацетамол малку се смири. 3 пати стануваше од 12 до 7ч 3 пати го земам во раце в кревет за да презаспие, а до мене спие. За да му сменам пелена кокомелон пуштам и го стегам за 2те нозе и нема кај да бега, ако ме умори го пуштам да бега гол, сношти пред да го мијам го оставив без пелена ама му облеков пижами, стоеше 10 ми и почна да моча се уплаши ко почна да му течи по нозете и се затрча кај мене вирче направи на подлогата се пресмеав. За какање имам кажано го издржувам секој ден по 1 кака, се празни скроз и после само си мочка Цуцла никогаш не фати. Многу почна да се приврзува за мене, ако сум јас в соба само кај мене сака, изгледа почна да разбира дека одам на работа дека ме нема некое време и само по мене иди мама мама и в раце сака, половинава како скршена ми е, ме боли. И ова некој период е?
Никогаш не беше ваков со мене, за татко му плачеше од секогаш по мене не, ама сега еве веќе 10тина дена се само по мене е. Плачи ли плачи, вчера ќе го земаше свекор ми од кај мене и го туркаше со раката мене ме гушкаше
Да,декември или јануари треба да почне. Ни рекоа после летниот распуст ќе не викнат на разговор,ама 99% ќе има место за него.
@FreeMind , @BabyT* , мојата е мала уште и најверојатно заради тоа не знае дека кога и облекувам јакна оде на папа. Имам пробано и стоечки и секако плаче. Едноставно не сака да ја малтретирап, тоа ми е едино објаснување. За анимирање низ дома, кај мене малата е кај баба и додека сум на работа, па потоа дома и некако уште не и е досадно. Прави промена и тоа и е доволно да се изигра и таму и дома, плус две дремки. Или ако и здосади дома викендите, правиме промена, одиме во спална малку да поигра, па пак назам во дневна.
Моето дете покажа алергија на домашно јајце, се разреши мистеријата. Вчера проба малку и вцрви егземата, денеска се исфрли околу усте. Нема раат од алергии, се надевам дека ќе ги надмине. Пред 2 дена плачеше за чоколадна торта
Pred nekolku dena gi izvadi trite trojki, preku den e super ama noke e los, se budi mnogu cesto i place
Кај малата и денски се растревожува, морам да а намачкам гел за да заспие. Се надевам брзо ќе ги изваде. И вие имате уште една тројка, може тоа го мачи.
Of lele, me ubi so zabive ova dete moe a samo sto gi izvadi cetvorkite odma trojkite, se nadevam za petkite ke pauzira malku
Јас се надевав дека измеѓу 4ки и 3ки ќе има неколку месеци разлика, а беше само 1 ден Се изнаспа таа ден малата и сега пак од ново.
Иста мака имаме. Одма по 4ките, 3ките, нема пауза, денес пак се лигави, горните неможам ни да ги видам не ме остава плачи пак дење е добар, ама ноќиве пак тешки, со будење на секој час и со плачење.
Исто. Од седми месец до сега заб за заб вади без пауза. Искочи последна четворка сега еве три ден затишје пред бура. Нека потрае барем две недели до тројките. Со какањево ми е мисла искача на два три дена. Нема запек, јаде овошје уште не и е регулирана столица после млекото мое. Ама пак кога кака пола нокшир го полни. Вака нема болки како нормална столица и е ама сепак си одеше секој ден додека цицаше. После вирусот се измени.
Мојата на околу 14 месеци сите 8 одеднаш ги извади, и 3ки и 4ки. Деновиве сумњам на 5ки. Спие ноќе, тоа никад не било мака, ама прстите ги гризе баш длабоко кај петките. Подуено ми стои. И со цевката кога пие баш таму си ја носи и ја џвака. Уште нема 19 месеци.
Син ми пред некој ден наполни годинка, како вие продолживте со исхрана односно со грамажата, дали зголемивте количински ? Колку од прилкика ви јадат после годинката, 200, 300, 400 грама?
Јас некаде пред годинка престанав да гледам грамажа. До тогаш јадеше 200 грама плус минус одприлика. Сега после година ич не е изводливо да му мерам грамажа бидејќи јаде цврста храна, како за возрасен. Не бебешки каши. Па нема логика пример да мерам грамажа на ќофте и пире, риба и зеленчук, намаз на леб, полнета пиперка, тарана, јуфка и слично.... Сам си кажува кога веќе не сака. А јас од око проценувам дали е доволно и дали да продолжам да молам за уште малку да јаде
Престанав одамна да мерам. Во ретка прилока кога ќе дадам каша од тегла, јаде цела голема тегла (190гр) а вака храна како за возрасни едно мало чиниче или 2 кришки леб (само средината) со нешто мачкано.
Вака кога ве читам колку ви јадат децата мојава најмалку јади и наједнолично. Ама битно јаде. @FreeMind ти кажав дека штом излезат четворките ќе се разјади. Слушај паталец човек.
Денес намали од количина али сепак отвара уста. И вака да е добро е, нека потрае да и направам залихи