леле и кај нас исто,веќе недела дена како мислиш дека ќе и избегам негде е така вришти по мене,едвај се разделуваме за да одам на работа плачки мислиш крај на свет дошло,во wc ако отидам пред врата дреме и тропа на вратата ако малце подолго не излезам плаче до зајдување..не беше ич ваква мм кога ја чува навечер на спиење вика станува среде ноќ вика мама на цел глас се симнува од спална и тропа на вратата вика по тебе (жалче ме фаќа) јас на мајка ми и се смеев пред еден месец ми раскажуваше дека неможела ништо да направи ни да мрдне од мене како лепак сум била за неа сум рикала,и викам нема шанса моево нема гајле нема така да праи,и етееее истооо бреее ама ете читам и кај вас така може па период им е..или што би рекол мм дете си бара мајка и никој др (мислев ми вика колку да се спаси малку ама не) сега повеќе разбираат и сварно бара мајка ноќеска спиев јас со неа и станаво 4 сабајле ококорена врисна мама,и кога виде дека до неа лежам одма се упика во мене и заспа кома јаооо колку слатко толку и напорно (ем и ми го избоксира и стомакот ама нема везе нели )
@Bella* продолжува така денес дури и љубоморен беше, незнам од кога можат да покажат љубомора, ама да ви раскажам имавме гости другари со 9 месечно бебе, машко, го зедов в раце да го подржам, а синко беше кај мм в раце, ко виде дека е кај мене бебево почна да плачи силно и почна да трга за кај мене, го вратив бебево на мајка му и ко го зедов в раце ме стегна околу врат и престана да плачи и потоа пак го зедов после 20тина мин и пак истото се повтори, сите се смеевме гостиве се чудеа. Продолжува да плачи пред спиење и за време на заспивање, веќе незнам што да направам секое заспивање е со силно плачење кое трае 5-10 мин, неиздржливо е, рацете, половината ме болат премногу како да му ја сменам рутината?
Прекини да го нишкаш. Нагло смени рутина и онака плаче секоја вечер од утре за заспивање не гаси ламба, земи книга и читај една приказна. Или легни го на спална гаси ламба и пушти приспивна музика. Ќе поплаче исто како секоја вечер и ќе заспие со нова рутина. Приплакува пред заспивање и кај мене преку ден. Тоа и е како не ме легнувај, не сакам да спијам и за пет минути заспала. И давам млеко, ја читам приказната за Палче и грдото пајче затворам, пуштам приспивна и замижувам. Ах да и секогаш заспива со прозор на кипање макар и камења нека паѓаат надвор. Грч ладна собата она во вреќа на боди прозор над глава и така заспива. Ноќно време кога ќе се подразбуди со плач значи вода и се пие. Пие речиси едно шише 125 го фрла и просолжува да спие. Плаче само ако и е топло, веднаш прозор на кипање и продолжува. Ноќеска умревме од студ али мала нема мака прозор и ништо друго.
Теши се Мила и моево ич не јаде,и кога велам ич стварно е ич. За доручек неќе ништо,за ручек онака и за вечера пак неќе ништо. Јаде по 5-6 лажички од било кое јадење,и ова не е само период туку трае и трае откако е почната дохраната. Ќе изеде неколку лажички и веднаш легнува да цица,ме влече и плаче и мора да цица. Сум пробала да не му дадам,ама хистеричен станува. И никако не сака да отвори уста,ги стиска забите и нема шанса да му протнеш нешто ако нече. Ниту цртани,ниту пеење,ниту играчки,ништо не помага. Само и само да цица А голем е веќе,скоро 14 месеци.
Малата ми наполни 11 месеци и почна да дава по еден чекор. Многу ми е смешна, се залетува додека се држи за нешто, се пушта, оде еден чекор - два и паѓа на колена . За едно раче ако ја држеш веќе трча што се вика. Кога ли ми порасна бебето, детуле станува . Друго ново и е што почна да одговара со да и не. Не дека и е точен одговорот ама кога ја прашуваш нешто обавезно одговара. Знае со поглед да каже каде е мама а каде тато, и покажува колку голема ќе порасне . @BabyT* и јас мислам дека мојата јаде многу, знам дека не треба да се жалам, само ме интересира колку јаде твојата, вие сте поголеми. Знае да има и две ужинки, а ако виде дека некој седи на маса и јаде, залепена е и таа да јаде иако само што се најадила. Заборавив уште да пишам за забите, има два доле и два горе, уште два горе и доле се набабрени, се пика во уста се што ќе стигне.
@paleska3 i @BabyT* и јас некогаш така си велам, дека многу јади, цел ден јади нешто, исто прави штом види некој на маса седнат и тој одма в скут да крка а за ручек обавезно го седнуваме со нас да јади, ќефој е дека со сите јади, па и си муцка ко ќе јади ако му е убо Мх Мх Излегоа сите 3ки сите 4ри наеднаш, 3 ноќи плачеше, 2 ноќи парацетамол му давам и е посмирен и само еднаш станува. Колку ли ги боли се прашувам? Досега за 3киве најмногу мака имаше
@FreeMind те читам по темиве дека се фалиш со успешно пројадување Колку месеци има девојката и дали употреби некаква тактика. Јас ќе пукнам од мака веќе со моево. Последниве два дена е цели две бисквити јаден. По препорака на педијатар му давам Киндервитал, ама напредок во апетит не гледам
Само трпение и диши длабоко. И ако има некој друг да помага остави им нека го ранат за да спасиш некој нерв.
Има 3 оброци и 2 ужинки ама измеѓу солени стапчиња многу. Ако нема на маса извадено оде до фиоката кај што стоат. Пие и многу вода, пие и млеко ама и кака 3,4 пати. Не е тешка, 10кг е ама ми е страв дека е многу стрвна. Количината на оброкот не ја броам одамна ама јаде повеќе. Лаки едната 3ки ни е во тек, вчера дадов парацетамол. Такво пискање јас немам видено до сега од заби. И покрај парацетамолот беше мирна час, час ипол. После цела вечер кенкаше и спиеше немирно.
Супер си е чим ти јаде не се секирај поубаво да е стрвна него нејадач,си има брз метаболизам детенцето и мојава е така исто 3 оброци и 2 ужини само што еднаш до двапати кака,има 12 кила
Леле и мојава какач е невиден и соленки да не види. Има денови кога само на нив живее. Затоа и ги скривам и ги вадам само за во кола. Исто тешка е околу 10 кг, не седи мирна да ја застанам на вага па различно кажува. Ама тука е некаде. Но прилично и ниска е. Околу 79 см, па не изгледа слабо. Стрвна е, ама по тоа што не смее. За нејзината храна со часови се лажеме да проба, откако ќе проба друга приказна е. Си јаде ако и се допадне, ако не за џабе ќе се молиме. Вчера цел чаен колбас го зеде од маса и почна да го гризе со се најлон. Едвај и го зедов. Ржеше како куче и бегаше. Такво плачење одамна не сум видела. За што? За чаен колбас. Си вика вие мене убвото ми го скривате, ми давате тука некакви блантави варени меса. Хаххаха
Исто и јас и давам три оброка и една или две ужинки зависи од ден. Вода почна да пие по 150-200 мл на ден, плус едно шише млеко од 180мл и еден подој кој ќе премине во уште едно шише млеко. Има 9 кг, исто кака 3-4 пати на ден. И тоа уште не сум и дала ниту чоколадце ниту соленки да проба. После тоа нема сопирање .
Мојата многу работи не смее, ради алергија. Па ако виде нешто на маса што не смее, а јас а спречам, следува траќање и дерење. Па носам со мене нешто да ја залажам со тоа што смее. До прва ме чека предизвик, ама што е тука е.
Сега друг проблем се појави . И купив патики за сега кога ќе прооди. Одма ги пробавме дома, но никако не сака да има облечено нешто на нозите. Стое во место и плаче додека не и ги соблечам. Значи 10 пати пробав денес, истата прикаска. Знам дека и е ново сега, ама не очекував до толку бунење . Некој со искуство или совет како да ја навикнам?
Патики само кога ќе биде ептен стабилно во одење, за надвор. После ќе сване дека за надвор се носат патики нема да се буне
https://emagazin.mk/telma-dve-lica-...oronavirusot-pobegnale-od-shtipskata-bolnica/ Значи умрев од смеа готово. Вежбај секој ден облечи соблечи до недоглед. Јас со по неколку пара веќе два месеци си играм додека сфати дека е подобро да ги носи оние со гума за дома за да не се лизга, а чизмите се за надвор. Па и тоа ногата како ја криво кога и ги облекуваш да се испотиш три пати. Жива нервоза ти се обувки. Ете тоа ќе ме глочка од сега
Дома цело време е по чорапи, бос или оние со гума чорапи, најстабилен е вака кога оди, ист проблем имавме, за роденденот прв пат облече чевли, кои одвај ги погодивме, 2 пати враќав во продавницата, дома му ги ставав 2 недели пред роденденот за да се навикне и одма ги слекуваше, за чудо па за денот на род ги носеше, не му текна да ги слечи, потоа се навикна.
Мојата така правеше само со едни патики. Не и беа згодни. Бумвално стоеше и бараше во раце да ја земеш ако сакаше некаде да оди.