Ме интересира вашите дечиња од 12 месеци колку спијат. Малиот станува кај 7,во градинка преспива пола саат, после дома кај 4 и пол, 5 заспива и спие саат и пол два, и вечерта дури во 10 заспива. Некако безвеза ми се саативе, мислам дека в градинка малку спие, и му се пореметува нешто. И ноќе не ми спие квалитетно, се буди од време на време.
Мене ме мачат неколку работи. Малиот освен мама,баба ејј,нее и мау ништо друго не кажува. Вака сите команди ги прави,кога ќе му кажам нешто да ми даде дава,кога ќе го викнам да дојде доаѓа. И многу вика писка,мислам дека гласните жици ќе му се скинат од толку викање и пискање. Градинката и вакцината ги откажавме ради ситуацијата со грипот. Многу е нервозен,дали од ситуацијата што ну се случува,се трудам да не не гледа такви и да не му пренесуваме негатива ама многу е тешко. Мислев дека сум јака ама ништо не останало од мене. Секој ден се топам и топам,во септември имав 59 кила сега имам 48. Чувањето е ептен тешко,еден влага од работа друг искача за на работа,измеѓу го чува сестрами еден саат. Викендите двајцата сме секогаш исти смени на работа па оди кај баба му и дедо му. Веќе три вечери си спие во креветчето без будење,како ќе го ставам така го наоѓам. Друго нешто што приметив бега од деца,пред некој ден во паркче буквално бегаше и ми де подаваше да го земам ви раце,а не беше таков,со батко му се изнаигра а сега бега од деца. Постов ми е хаос ама таква сум и јас
Моник моето почна да зборува сега , нешто пред 2години. Мислам дека за месец дена има толку голем пресврврт. Од најосновните мама , баба, тато не кажуваше, сега веќе си зборуваме. Се повтара по нас. И стално зборува, уста не затвара. Сакам да кажам, мал е , ќе дојде и говорот. Шетајте, зборувајте, објаснувај на секое. Јас не кријам дека јаде со тв, а го оставам и по пола час ако сме сами , а имам нешто неодложено да завршам. Посебно пред спиење кога го спремам ако сум сама. За реакцијата со деца, сигурно нешто моментално. Ќе му мине.
За говорот и јас мислам дека се уште мали. Мојот основните работи ги кажува:мама, тата, баба, деде, тете, ајде. Другите зборови се труди да ги повторува по нас, ама не знае уште Мене ме загрижува што уште не оди, еве скоро 15 месеци е без 10 дена. Знам дека има деца што проодиле и на 16-18м, ама некако многу ми се чини тоа. Следниот месец ќе одиме на ортопед, да го види.
Во вторник сме на роденден, па сакав да и ги облечам колку таму да не ја држиме постојано во раци. Инаку секако ќе носи само надвор кога ќе прооди. По дома е на чорапчиња што имаат топченца гума одиздола и стабилно оди. Еве од сабајле пак исто, како тенк да и ставам на нозе, плаче и не мрда. Ќе земам и други колку за проба да не е до овие патики. Али очигледно ќе требаат живци
@jacqueline.s истите саати ги спие и мислам дека е супер временски распределно. Навечер спие цела вечер до 7.30. Пд 11 до 12 преспива потоа од 16.30/18.00 па во 21.30 во кревет. @monik55 исто и кај мене писка со месеци не ни се случува ништо дома али така се изразува очигледно. Додуша во последно време намали али сепак писка. Папа за патче, у у у за лаење куче, мама, баба, ајде и од вчера неееее. Тоа е засега. Разбира од дојди, не, не оди таму, ваму, ајде искачаме, дај ми го тоа, повели. Ама мисла не си оди од глава дека нешто треба плус да збори и разбира сега. Од деца не бега напротив сака да си игра. Дома на ози му фрла играчка и чека пак да ја земе и пак да му ја земе. Она што приметив е дека знае фигурите во дупките да ги стави, мислев дека е среќа али добро и оди секој пат. Знае да го одштрафи штрафот од стол. Знае да го симне столот со рачка. Некако знае играчката да ја расклопи на делчиња многу полесно од мене. А кажи мјау не повторува. Едноставно прифатив дека не ја интересира ни мјау ни муу сака логички и машински работи.
Здраво мајки Дали некоја дава на бебушот-13м сме, б6 витамини? Многу му е тешко деновиве со 3ките и 4ките зарипна од плачење дење ноќе, не знам веќе што следно
Кога му растат забите исто многу е кенкав. Му давам навечер пред спиење пола доза еферелган за да се смири
Антоније ортопедот последниот пат кога бевме ни кажа дека нормално било дете до 18 месеци да се исправи на нозе и до 3 години да прооди. Тоа се ретки случаи но кажа дека се случува. Исто потоа без никаков проблем во одењето. Вие сте далеку од тоа, но сакам да ти кажам да не се секираш, се си е нормално.
@monik55 немаш простор за грижа. Само зборување и стимулација и само по себе ќе си дојде. Јас знам многу дечиња што пискаат и некако нормално ми е Моето не сакаше деца на почеток и сега нешто не ги сака, си има одредени и само нив ги бара. Не се гушка со сите , дури и им вика да се тргнат и да не му ја допираат јакната Такво си е детето . И знаеш дека нон стоп менуваат. Денес вака,утре така. Само смирено.
И синко основните зборови ги вели, мама, тата, баба, деде, ајде, ете, еве, чиче и најново моу, па и моу гоо, демек моу гол, фудбал играт со татко му некогаш испушта плус некој збор ама не го повторува после, од животни маче, куче, лав, волк имитира, исто така кажува како грчи баба му и ако е нешто валкано прави ААА денек ова му значи А команди се слуша и се прави што ќе му речиш Еден пример: на другарка чупето на 1виот роденден знаеше името да си го кажи, веднаш потоа почна се да зборува, додека па другата другарка има машко кое е помало само 2 месеци од чупево и тој почна да зборува после 2 год и некој месец, сега ќе прават 3 год двајцата се зборуваат Синко дење ангелче е право се слуша, мирен е, си јади, убаво си заспива, а се ближи ноќ уставри време за спиење и тогаш се претвора во @Nalla 2 пати му дадов по 5мл парацетамол навечер и се смири, исто 3јките ги ваѓаше сега, иначе за 10 дена е 15 месеци. @jacqueline.s вака спија, од 12 до 8ч (некогаш 1 станува некогаш 101 и обично има 2 дремки, прва од 11-13ч втора од 17-18ч, 18:30ч.
Мојата вчера и денес боровинки јаде. Сок не сака да пие, ама битно ги јаде и лом се праве. Ааа да, и ручана ми е. Имаме сааааамо 4 запчиња.
Мислам дека моево дете е најгласно од сите...кога одиме во молови во парк низ продавници сите се вртат накај нас,од милион дечиња она најгласно бара нешто,вика мама мислиш вреска,ако се буни за нешто умираме од срам ми иде да си поминам покрај неа и да се правам не ја познавам Оперска пеачка ќе ја праиме
Многу касно и е втората дремка, ако спие до 18ч не можеш да очекуваш да заспие во 20ч. Мојата е 11м, станува во 06ч, првата дремка и е обично околу 09ч-10ч, втората 13ч-14ч и заспива во 20ч. Може е време да ги спои двете дремки во една, син ми околу годинката ги спои, пробај не ја заспивај толку касно, нека си легне порано 19ч-20ч, па наредниот ден може ќе преспие повеќе во градинка и тоа нека и биде единствената дремка.
Ќе прооди кога ќе биде спремен. И моево прооде на 15м, ама стабилна беше после 1-2 месеци. Препораката од оропедот ни беше контролата да ја закажеме околу 18-тиот месец или кога убаво ќе биде проодена.
Се надевам дека мислењето нема да ми биде префрлено во темата за разлика во години на децата, бидејќи сакам мислење од мајките баш на возраста на оваа тема. Некои од вас ова ви е второ дете, некои се бремени во второ. Кое е вашето мислење за одлучување на друго дете покрај ова, на сегашна возраст (1-2год)? Јас лично би сакала второ кога малата ќе направи 4години барем. А сега дека е мноооогу луда и напорна велам, сама нека е. Нема шанси психички да издржам уште со едно, да го минувам истиот пат. А од друга страна ќе се за**м јако ако (кога) здравје пишам специјализација да останам трудна. Ајмо јово-на ново, а повеќе обврски. Баш би сакала да слушнам мислења, колку/дали сте спремни за наскоро планирање на друго дете (помала разлика) или да потпораснат 3,4,5год?
Јас сум 7 години разкика со сестра ми и немавме некоја голема блискост и поврзаност. Едноставно големата разлика си го правеше своето. Кога јас сум била бебе, таа веќе одела на школо, кога јас сакав да играм со кукли, таа одеше во диско. Кога мене ми требаше блиска пријателка во пубертет, таа се омажи и маше бебе. Кога јас сега имам бебе и сакам другарка за неа мојата внука е веќе тинејџерка. Само затоа сакам да се на помала разлика, здравје Боже пред се. Можеби за мене ќе биде тешко на почеток, но потоа тие ќе си се имаат една со друга. Јас мн им љубоморев на сестри што си беа на слична возраст. Не мора да значи ни тогаш дека ќе се блиски, но поголема е веројатноста. Од друга страна никој не ми гарантира дека по 4-5 г ќе имам повеќе живци од сега.
Јас мислам дека нема да се одлучам на второ дете. Едноставно сметам дека не можам пак низ истото да минувам, напорно и тешко е, особено на почетокот. Така да не можам да кажам мислење на темава баш. Брат ми е помал од мене 3.5 години, кога бевме мали се сеќавам дека многу си игравме заедно, и дома и надвор. После секој со свое друштво и интереси нормално.
Јас имам ќерка 14 месеца, и веќе сум решена за второ (уште работам на тоа да го убедам маж ми ). Мислам дека колку повеќе чекаш и подолго време поминува од тој тежок почеток со новородено, толку потешко е да се решиш да имаш пак бебе. Вака на една гужва и двете. А и што поблиску во години, мислам дека имаат подобра шанса да се блиски во текот на животот. Не дека има правило за тоа, ама сепак кога би имале заеднички интереси нормално е да бидат поблиски.
Јас немам ни брат ни сестра,а моите дечиња ќе видат разлика 19месеци,и мнг се радувам сега.. Да бидам искрена на прашањето погоре,подобро судбината што се поигра со мене што би се рекло...бидејки сама свесно немаше да се решам за ваква мала разлика,поубаво сега, понатака незнам дали ќе се решев за второ,вака наеднаш ќе истераме некако. после 3,4 години таман откако ќе застанеш на нозе повторно ова немаше да сакам ич