Јас и сестра ми сме 4 години разлика па многу блиску јадев батина цел живот. Од друга страна пак ме бранеше од поголемите. Мислам дека е идеалната разлика меѓу деца. Сепак зависи и од децата нели. Крвта ми заледи кога ми каснеше. Не сум се предомислила, тек почнав да живеам сега уште две години не би ги издржала. Плус ни со годините не сум за авантури од тој тип, ни желба, ни време, ни нерви, ништо од тоа. Интимата од крема кај женски бебиња како ја чистите? Досега со крпчиња и вода али во задне време не дозволува ништо, а камоли да ја исчистиш. Ја одмивам секој ден и ја бањам на два/три дена.
Сакам второ бебе, ма сакам и трето Сакам да бидат разлика барем 3г. Ако ми се смеете од што ме стра најмногу, јас пак ќе ви кажам. Од тоа дека цело време ќе сака да го тепа. Пример вчера имавме гостинче од 6м и цело време се дебеше и замавнуваше со раци и нози и се смееше како би ги оставила за до тоалет? Затоа ќе си почекам уште некоја година Фри, само миам, пошто кака 3пати на ден, доволно е толку да ја миам и оставам некое време да се исуши само од себе (ова сето она дур стои и буричка во фиоки или бега) во последно време почнаа да пропуштаат пелените од што не ги местам убаво
Значи кремава изгледа не се мие тогаш што ја користам. А за секој ден која ја ставате? Ја користев таа од Прилеп долго време али немам сега и не знам што да земам многу е специфична во пеленска регија. Веледа како бебе ја пробав не ми се допадна може пак да пробам. Црвенило има уште поминаа и седум дена мачкајќи ја од кремата. И пелени сменив да не е до нив и сеуште има. Не е како што беше али има.
Малата ја спаси само памперс прокаре пелените, кај неа не помогна ни кортико а користеше 3 недели постојано. Од кога ги сменив пелените почнав само со Судокрем и од кога помина црвенилото почнав со Галафарм витаминска крема. Дефинитивно и сметаше гелот во пелените.
@Spidy @Bella* колку години имате? Фри, и мене во јануари ми доцнеше околу 2 недели или 20дена. Два теста правев, сите светци ги молев да биде негативно. После породување постанав многу нервозна. Сакам повеќе работи наеднаш. Обврските ме истоштија, а на детето целосно не бев посветена. А можда и дека не бев навикната на такво турбо темпо.
Јас имам 30 год, синко 15 месеци, повеќе од 4 год несакам да се разлика, пишав во мајчински пред некој ден, после 2 и пол, 3год можи да се размислува за второ бебе, имам 2 другарки на кои децата имаат по 3 год, напорни се многу на тие години, ни мали ни големи, се прашуваат, учат многу работи на таа возраст, бараат премногу внимание, со едното се 20 месеци разлика и кога сме заедно неможиме да ги допазиме, ова големово нејќи ништо да му дава, му зема се од раце, па ќе го турни, ова малово мое оди му зема играчки, а не се свесни дека можат да удрат, треба многу внимавање на помала разлика и помош од некој да имаш, сам да си мислам дека ќе се шекниш другарка ми уште не помислува на второ
Само да кажам дека блискоста на децата зависи од родителите, а не од возрасната разлика. Моите се 3 и пол години разлика. Сакав да бидат поголема, барем 5, ама имав преголема желба за уште едно малку порано Можеби ако имав помош, а и полесна бременост, би се одлучила и за порано. Ама немав ни едното, ни другото. И подобро што испаднаа со оваа разлика, затоа што како што и претпоставив дека ќе биде, втората бременост беше претешка, особено првите месеци. Со првата бременост едвај се грижев за себе, со втората исто, а имав и дете за чување. @FreeMind што е маката со крема? Имате често осипи?
Редовно нарцисе од кога е родена. Се појавува наеднаш жар црвена со ситни брунчиња фронтално на интима и кај усните. Пелени долго време на бејби лав користи немаше толку често во последно време. Сменив од петка на шестка и повторно се вцрвени цела. А изнакупив некои си десет пакети од овие. И ставам пак петка и се намали црвенилото крема со цинк медицинска педијатарот ми ја препиша. Редовно менувам пелена на секој два саати, со вода и крпче ја поминувам, не користам хемии.
Скоро направив 30. Еднаш многу одамна имав план 2 деца до 30 да имам родено, ама ништо не бидна од таа долга врска. Мене сега ми се гледа идеално време за второ, баш додека уште е ова првово помало, зошто мислам дека во втората година се најголеми ѓаволи, таман тогаш да имам новородено. Јас со брат ми сум неполни 2 години разлика, исто и маж ми со брат му. 3 години ми е максимум, 4 мислам дека веќе е многу. Таман едното ќе искочи од пелени, пак од почеток треба да почнеме. Денес почнува малово во градинка. Сите мислат дека е трагедија, јас едвај чекам. Како на факултет да ја праќам, така возбудена се осеќам
НЕМА ШАНСА !!! Психички не сум спремна за уште едно бебе и максимално внимаваме да не дојде до тоа. Ќерка ми има 2г и 4м и сега да требаше да родам мислам дека би се фрлила од тераса.
Толку е лошо од две до три? А јас мислев првата е најтешка @Spidy ќе повратам од возбуда. Се напив реглан не знам што ми е ќе ми скокне желудник од утроба. Од 9 саат сме на прв ден. Ајде убаво да поминете
Не планирав второ,или може викав ама да бидат голема разлика може 9-10 години. Не сакав само да бидам бремена,може да дојдеше некој да ми речеше еве ти бебе ке прифатев. И еве,на 10 месеци од син ми опппп две црти. Нема да биде лесно , но се тешам дека љубомора нема тука да има бидејќи на 19 месеци нема да разбира толку дека ке "биде делено" и ке видиме. 2 години го правевме син ми,ова е од 2 пати. Сега сме во фаза проодување , скоро 11 меееци , вади заби а и онака не спијам. Единствено што само што се средив како човек,се вратив на работа па ке уназадам , но прзо проаѓа. Нема тука план,барем кај нас
Мојата 4 ќе прави па уште ми е тешко,едино олеснување што не носи памперс Јас мислам дури се бебиња најлесно е (ова сега го мислам,пред две год не мислев вака) со исклучок на тантрумите и скоковите
Баш вчера зборев со другарка што живее во америка и ми вели чекај ништо не си видела. Енос те чекаат crazy two. Ми кажуваше случка како нејзиното од нигде почнало да вришти во игротека, и само од мајките таму добила поглед и климање со глава во знак на поддршка со зборовите: ah crazy two, и никој вели не реагира. На сите им е јасно Така од повеќе страни имам слушнато и прочитано за втората година дека е најтешка и дека после 3 год веќе се се менувало. сеа нормално дека се е индивудално и има различни примери, ама генералнат слика за двојката е таква. Така да спремајте се. Одморете 2020, наредната година идеме јако
Сама ќе се увериш колку е напорно. Стани мама, седни да си играме, стој до ѕидот и да стојам сеа да ја гледам на спална кај шо скока. Сакам сок од ЈАБОЛКО (не друг), сакам лижавче (црвено, не друго), нејкам овие чизми сакам тие, сакам - нејкам до недоглед. Разбира се па се инаети и се лути, плаче за без врска. И ај сеа замисли ситуација со бебе на цицка, рана од царски 10цм и да стојам до ѕидот да ја гледам неа да скока на креветот притоа треба да пазам да не искрши глава нормално. Јас не можам ова да го правам, може некој може и секоја чест. Среќен почеток во градинка (ме насмеа со регланов )
@FreeMind еве сум во ходник. Без плачки сама влезе, јас сум превозбудена. Очекував барем малце лигавње ама немаше ич. Ко за прв пола саат топ е
После crazy two следат terrible three. Со полни три накај четири се дише полесно. Може девојчињата се помирни, јас за искуство со момчиња кажувам.
Ние и двајцата се истумбуривме јел без нас градинката нема да почне. Прво се изнакаравме ради седиштето во мојата кола на кое рамките магично заборави како му се пуштаат. Дали тој адреналин не испука лом се направивме, фати го извади од неговата кола го намести кај мене и тргнавме со две коли како по невеста. Искачам на главна застој! Некоја улица правеле колони. Ајде со прва се дограбавме за 25 мин до градинка (се вози за 2мин иначе) Емили ми плаче над глава не може да доседи цртани не и пуштив викам ене кај е. Стасуваме паркинг нема се фул. Оставив кола на улица ако сака и кран нека ја дига дете во раце и со трчање како поплава да не исфрлило директно пред врата кај групава. Замисли слика јас со шал со некој лелелав фустан испотена маскара размачкана и се појавуваме на врата задишани. Каков прв впечаток, лудаци од Бардовци. Среќа Емили не оправда си седна и веднаш се разигра. Веднаш се гледа голема разлика во години моево 13 месеци и останати деца кои веќе зборат. Фати да се искачува по скали па така фино се тропна јас седам ладна туш внатре и набљудувам. Не ме ни погледна како да не постојам. Внатре во игрална има како голема куќичка со мост и лизгалка е таму сакаше мојава нели сите таму искачени. Фати контра на лизгалка да се искачува. Само она и Ема девојчиња се друго е момчиња. Две воспитувачки на седум деца. Да бидам искрена не стасуваат фали уште една. Толку за миг се се дешава ќе има кршење глави. Групата најмногу ме бендиса една мешавина на бои и раси, ех јас да учев во таква група немаше да слушам стереотипи и предрасуди додека уши не ти паднат сами. Има африканче, едно индијче, девојчето е италијанка, емили македонка, едно од полска и останати германци. Преслатка група. Негативно што забележав е мрсули до колена кај сите. Зелени. Кога ми се стегна срце добив напад да станам и цела игрална со дезинфекција да ја исчистам. Јас и мојата болест на чистоќа не сме за таму. И денес да ја спасам утре нема. Наместо пола саат мојата госпоѓа не сака да си иде. Си поседовме 1,5 и и се приспа. Рацете со влажни, на рамо и во кола. Дојдовме ја пресоблеков шише млеко и падна во несвест за спиење еве ја уште спие. Три дена идеме вака па потоа се менува. Брзо ќе оди и се допадна се насмеана си игра трча по децата. Ваљда денес оти возбудена и се приспа ќе треба да се навикне да издржува до 11.30. @AlicaInWonderland богами годинава е далеку поразлична од ланската. Оваа има боја и светло, онаа лани беше многу темна и тешка. Се надевам ќе ме поштедат крејзи ту јас платив првата година доста е
@FreeMind брее све си видела внатре. Јас ич не влегов, на врата ја земаа, си ја внесоа и толку. Учителката после 10 мин ме викна да влезам чисто да видам каква им е занималната, ама ја видов дека ме бараше со очи, и им викам јас ќе излезам. Се симнав доле со уште две мајки, си помуабетивме. Си поседе саат ипол, и ми рекоа дека доста и е, да ја пресоблечат и ќе си одиме. И нормално на крај на пресоблакање им се изнавикала таму. Битно на одење им мафна за чао. Се на се, многу успешен прв ден. Видов 2 негувателки и една воспитачка на 10тина деца (не прашав колку се точно), ми делуваат добро организирани, а и ставот на главната беше дека "ако детето не се адаптира, крива е градинката, а не детето". Како знаат и умеат ќе им ја најдат финтата на секое дете. Едно се смее, едно плаче, едно сомнително гледа, битно сите се згрижени. И ми заспа во количката накај дома. Утре ќе одам со спремно млеко за пред спиење за да поседи баш до спиење и дома право во кревет да иде.
Ова си го замислувам цело време, му велам на мм 2 недели неможев салам на функионирам, бебе на цицка 24/7, а кога ќе го хранам, играм, чувам поголемово како што расти потешко е понапорно, само по него одам, тој не застанува ни секудна. Буквално вода неможам да се напијам. Како ќе биди ова со мало бебе Вчера на роденден во игротека бевме, моево најмало од сите дечиња (по години) иначе не личеше мн помал од тие што беа 2,5 години пресреќен беше, само одеше по децата, се смееше. Градинка се ближи и кај нас, сакам уште март некако да го истераме дома, заради настинкиве, некако сега најмногу има, мајка ми почнува на работа неделава и нз како ќе функционираме