@Spidy & @FreeMind среќен почеток во градинка со лесно едвај чекам и ние да почнеме ама кога аплициравме тек од септември ми рекоа место ќе има
@Spidy само моево е ново и го минам процесот. Едно оди друго иде ваму нема место за две наеднаш. Чучната сред игрална на онакво мини столче децата ми даваат телефон да ѕвонам негде. Ич не сум дечар не знам оти. Не знам да заиграм дете само како теле ги гледам и се смешкам како налудничава. Дај ми куче одма знам да го заиграм.
Кои АД капки им ги давате на вашите малечки? Јас и давав последно Вигантол, ама како да има грчеви во стомачето после нив. Сега пак добив препорака од докторката за АД капки, ама не ми кажа кој бренд.
Што користите за имунитет сируп? Давам Флорадикс ама после годинка се дава 2 пати пред јадење, она не сака да го пие пред јадење и незнам колку би имал ефект. Другите како се примаат вие што давате?
Ништо. Од септември почнав да користам сирупи. Беше болен секој месец. Буквално септември, октомври и ноември по две недели беше на антибиотик. Од декември престанав да давам и престанав да го чувам и пазам од се и сешто и од тогаш ми се нема разболено, ниту настинка обична. И престанав да верувам во сирупи. Сега периодов на вируси и грипови го пазам, не го носам по молови, игротеки. Овошје давам секој ден, цеден сок од портокал и лимон и сметам дека е доболно
@BabyT* ништо за имунитет, а машала добар е се држи. Досадна можи сум повеќе пати сум пишала, од ко е роден до сега само Пливит Д3 по 4 капки, ништо друго. До 6 месеци му давав и Биогаја @Ѕвездички Пливит Д3
@FreeMind @Spidy со среќа во градинка. Едвај чекам да тргне и мојава, ама градинките за кај што најдов место ми се подалечни и некако не ми се прави мерак за таму. Искрено сакав за во нашава населба каде можам и за раче и во количка да ја носам. Ќе почека уште некој месец, ако не дај што даш е работава. Премногу сака деца и жал ми е да ја држам врзана за мене. И ептен се приврза, не семам до вц да одам. Веднаш писка по мене МАМА и плаче со солзи. И кога ќе ме виде така радосно мама ми вика ми иде да се стопам. Од една страна ми годи приврзаноста, но кога сме сами како кенгур се чувствувам. Секаде е со мене и се сака да види. Левава рака ми е резервирана за неа. Со апетит пак сме хаос, затоа не коментирам во дневно мени. Живее на кисело млеко и супа и по некоја трошка леб. Заби нема на повидок, додуша не можам убаво да видам, ептен каса. Но и некако се почна во уста да става, а не правеше така. И ги тргнав сите ситни играчки кои со месеци ги играше. Одеднаш почна да ги става во усте. Вчера на два пати земја ставила во уста додека играа со татко и во двор. За миг паднав во искушение со средство за дезинфекција да и ја поминам устата. Не можам јас да се носам со ова. Ја чувам од се, уште користам стерилизатор и на крај детево земја ми јаде. А храна не сака. Е ај сега.
Како прв ден во градинка друштво? Импресии? Веќе подолго време заборавам да пишам, малата сака да заспива и спие на наша перница. Гледам штом заспие на рамно ја ставам, ама незнам што и е периодот сака на перницата наша да спие.
Ај да пробаш со водење дневник секој ден што јаде. Макар и залак да пробала. Може ѝ смета нешто и ти што си конзумирала додека си ја доела, па се правело осип. Кај моиве и кај двете имаше реакција од храна, со црвенило доле. Додуша кај малово сѐ уште е така. Да не ти кажам последно колку беше црвена, дури на места и крв течеше.
Знаеш дека може да е од мандарина? Баш ќе запишувам додека доев исфрлив портокал многу проблеми и правеше. Јаки батиња за сега супер се двете. И кај мене заспива на рака кај мене па ја спуштам на душек. Мала е за перница како нашата види и го вратчето ќе и се искриви.
Синоќана рамно спиеше. Ама знае да бара, да и е позгодно така. Синоќа стануваше со плачење нон стоп. Знаеше убаво да погоди која вечер, кога мама беше на работа од 8-18h. И не сака да се смирува со врескањето. Убав ден. *Чекаме нови импресии од градинки. Јас планирам од 3-4год да ја пуштам.
@LoveHope оти толку доцна во градинка? @Spidy во државна или приватна градинка ја прати? Сакав тебе и @FreeMind да ве прашам дали им воведовме некој ред со спиењето/станувањето на децата пред да почнат в градинка? Синко здравје од септември ќе трга, планирам од летото да почнам да го будам рано околу 7-8ч за да стекне некоја навика. Сега уште спие до 9-10ч наутро.
Пишав во темата за градинки како помина вториот ден да не повторувам и овде воглавном и оди супер пу пу. Мене денес сафра ме фати седејќи уште утре дремам саат и пол и нова фаза почнува. Наутро не е лошо да го учиш порано да станува, а за преспивање таму ќе се научи и ќе спие само еднаш во тек на ден. Еве втор ден идеме и паѓа во кома уште по кола задремува. Си велам како ние кога менуваме работа или после одмор на работа не можеме да доседиме до пауза глава ни паѓа за спиење. И треба време на организмот да и се навикне да издржи до 12 кога е време за спиење. Засега тешко. Утре покасно ќе ја носам со појадокот има проблем вака. Станува во 7.30 и не сака веднаш да јаде, а морам да ја носам во 8.30 и се молиме и касниме и се. Утре прво ќе јаде па ќе одиме. Денес со пет апки е и две шишиња млеко едно по кола едно дома. Гладна. Ми повторија денес дека супер и оди и лесно ќе биде со неа. Плус јас позитивна сум била и тоа било важно. Ми напоменаа дека некад и ќе плаче и нема да сака да иде али јебеш га живот мора да иде. Среќа сеуште не е лепак за мене и ме игнорира во градинка. Стварно значи сум и здосадила.
Во приватна е, ама планирам од септември во државна да ја сменам. Ќе видиме како ќе биде до тогаш. За спиењево, кога прашував во градинкава каков им е редот со јадење и спиење, ептен се поклопи со мојот распоред за едно спиење. Малово буквално до петокот спиеше два пати, три дена спие еднаш, и еве сега со градинкава ќе си продолжи со еднаш. Колку поблиску си до нивниот распоред, мислам дека полесно им е на децата. Па сите заедно таму јадат и спијат.
@FreeMind не знам како оди во градинките во Германија, ама тука доручекот е во 8,30. Зошто не пробаш ништо да не даваш дома, да ја однесеш за доручек да ја пробаат таму да јаде? Ќерка ми не доручкува дома, станува, се облекуваме и пут под ноге во градинка. Таму крка