Во фаза на адаптација е сеуште, затоа покасно одиме после појадокот нивни. Потоа право на појадок ќе им ја носам насмеана од осмица до осмица
Луѓе оздраве малиов и преку ноќ пројаде цврста храна. Ова е чудо невидено!! Не знаете кое чудо е, не сакаше ни до уста храна да приближи. Кажете што да нудам, постепено, или да идам одма да кинам каши, да пробам пасирано за главни оброци, а цврста за ужинки да испробува разни работи? Малку сум збунета, веќе се помирив дека со каши ќе се бафтаме уште, месецов 2 годинки полни. Овие 2 дена јадеше леб, леб со ајвар, наполитанки, барни, јаболче.
Јас би пробала со грубо пасирано за ручек, а ужинка и доручек цврста храна бидејќи ете мачкано лепче јадел.
Еве ме мене со глупави мисли низ глава се дружевме со едно детенце генерација и понапредно ми се виде па два дена сум со мисли безвезе. Да, знам, многу ми е јасно дека не треба да се споредува ама неможам да извадам од глава. Па каде ќе се обратам ако не кај вас До каде сте со milestones? 15 месеци (корегирани развојно 13 сме). Освен мама, тата, баба, понекогаш ајде, и имитирање маче, куче, крава, како дува ветер, како удира топка....немамое нов напредок. Како и пред еден месец. Разбира што му зборам, ми донесува ствари коа ќе му побарам, коа ќе речам пример ајде да правиме кафе одма доаѓа во куна и покажува со цела рака кон кафето. Но со прсте уште не покажува кон предметите. Ако прашам каде е нешто, ќе го погледне, или ќе иде до него, ако неможе да го докачи ќе се пружи со цела рака ама да стои и да ми покаже со прсте не. Некако цело време е активен и веќе многу и не се врти коа го викам по име. Си тера што си почнал. Не е дека не реагира на името туку општо на мои наредби ако викнам не таму или не тоа. Тој си тера по свое. Еве сега случка на улица почна да трчи по кученца и мачиња, јас викам по него абе како да не постојам, не ме ни погледнува. Дури коа ќе му влезам во видик пред фаца се трга. А другово дете пример коа мајка му ќе го викне по име застанува и се врти кон неа. Незнам, може е карактер, може љубопитност....ама мене ми се вртат глупави мисли низ глава па сакав да слушнам и други примери
Моето е 13 и пола од ствариве што ги прави твоето не ги прави. На име не се врти исто како твоето само во видик ако и влезеш или ако и одговара. Нема шанси да се сврти ако си игра или гледа цртани. Разбира повеќе сега од Не и не таму. Дај ми го патчето она било што ми дава битно дај разбира. Па и сега во групава како што се сите над две буквално огромна разлика има до моево. Воспитувачките рекоа дека е во ред и ја третираат како бебе бидејќи сеуште е бебе. Сега е најбитно да гледаме дали следи наредби. И дали е присутно со нас. Еве со говорот ќе се занимаваме после две договорено?
Ај да видам нека крене рака мајка чие бебе на 13-15 месеци послушало наредба "не". Почнува со тестирање, иако уште не е свесно. Ич не си ставај на срце, детето ти е супер за возраста. И со прст ќе покажува, и ќе прозбори како што треба.
Кај мене (15 и пол месеци) ги прави истиве работи како твоето.Кажува мама,баба,не,да и животните неколку.Најмногу вика ка( со значење топка, ква-ква и се друго шо не може да го каже)Сега пее ла,ла,ла.Инаку со прст покажува кога сака нешто од мене.Ко некое диктаторче покажува кон мене и вика ммммм,а после кон далјинското или тв( значи:пуштај мамо телевизорот одма).Кога ја прашувам за нешто во собата само погледнува,не покажува.А во сликовниците знае да покаже ако и по кејф.Некогаш само ги врти,некогаш сака да и покажувам.Понекогаш си мислам станува со мисла само да прави тоа што не треба.Оди буца по телевизорот со прстот,од таму на венецијанките со цела рака мава,па ќе се закачи на вратата отвори-затвори треска цело време и додека го прави тоа си вика не не не(така сме и кажувале).А играчки не ни погледнува. Мене,па, ме отекоа со одењево.Ајдее уште ли не оди,ааа епа ај ќе биде.А она се пушта веќе убаво,ама уште не е стабилна.И нема сега јас да објаснувам на секој.
Еј кога ќе напне некој со глупости како нервира. Мислам стварно луѓево како да обожаваат со прст да те буцаат. Не ги сфаќам, мене од култура не ми иде такви прашања да поставувам оди ли? Зборува ли? А оти не зборува? Оти не му се зборува Трајанко оти не му се зборува. Мажен ли си? А кога ќе се мажиш? А деца оти немате? Ајде деца кога? Сепак се е до развојот колку поцивилизирана околина толку помалку вакви прашања.
Нуди се што даваш без пасирање. Месото ситно исецкано, компирчето на помали парчиња и нека ручка со рацете. Ќе видиш кое олеснување е кога можеш да му дадеш се. Пример вчера јас јуфки за доручек, исто и за него. Без да го мислам и измислувам што да јаде и да правам.
Договорено Знаев дека вие ќе ме подигнете психички. Фала ви Ме закопка тоа што коа беше помал постојано се вртеше коа ќе го викнам по име, ме слушаше повеќе. Сеа се е нешто во акција, “зафатен” е се нешто и не ме многу перцепира ако е заигран и му викам, или коа му викам не, коа прави нешто што не треба. Всушнот развојот овие месеци ми е некако ориентирам само на физички, зборови нема нови, само трча ваму таму, се качува, ми бега и прави работи за кои му велам не
@happygirl две години нека ја гледа свекрвата. Таман на 3,4год време за навики, дружење, активности и учење мислам дека е океј. Да нема кој да ја гледа сега океј, ќе ја праќам. Ама имам свекрва во куќата, добро ја гледа, зошто да ја малтретирам сега помала. А сум за одење во градинка, да учи да дели работи, да почитува претпоставени, пошто дома сите по газ и одат...
Остај,значи еден прост народ сме, тоа ни зборови не ми се трошат.Џабе зборам,ко лента се навиени,се едно исто верглаат. @AlicaInWonderland исто и мојата порано се вртеше кога ќе викнам,ама сега е презафатена со правење бељи и не ме регистрира.Супер си е детето,нека се здрави само,а за се друго не се замарај.
Моето за некој ден прави 14. Сеуште не оди,ниту пак се пушта. Оди само ако се придржува за креветче,кревет. Вика мама,тата,баба,тете,дете,не,да,ајде. Ниту едно животно не знае да имитира,уствари за мале вика мау и веднаш се гали. На име некогаш се врти,некогаш не,зависи како е зафатен. За давање,ако му барам нешто што му е во раце ми дава,а нешто ако треба од некаде да земе и да ми даде,не сеуште,барем не памтам. Кога му зборам за нешто,точно знае за што и веднаш погледнува натаму,што ми е знак дека разбира. И за кафе правење,и за играчките,и за бањање,и за надвор,за се... Кога сака нешто,сеуште само вика и гледа кон тоа,со прст не покажува. Знае да ни даде до знаење што сака,ако сака од дневна да оди во спална,додека го држам во раце,се влече и со телото ме води кај да го водам. За " не " и моето не слуша,за момент подзастанува,ама брза да го направи тоа што започнал. Гледам дека разбира,ама од љубопитност не слуша. И даљинското обавезно го зима и ги распознава кое е за тв,а кое за клима,и кога ќе го докачи тоа за тв го мести кон телевизорот да менува програми,а исто и тоа од климата накај неа. И јас кога споредувам со другите од тука,и мене ми изгледа дека малку прави,ама пак го гледам дека разбира,па и не се замарам многу. И мене како и @babydust повеќе ме нервираат со одењето,уствари ме нервира што се прости и што си немаат своја работа,па ај да се занимаваат со нешто. Демек,моиве проодеа пред годинка ?!! Е добро,де и сега што? И моето ќе прооди кога ќе му се оди Свекрва ми слушнала дека на комшиката проодело детето (неколку дена разлика со моето) се качува кај мене,и го зграби син ми за раце и: -Ајде баби да одиш . А син ми гревче,ниту знаеше да стои така исправен,и веднаш си седнуваше. Си мислам,што ли и е на оваа,кога низ муабет ми вели: - На Ххххх ќерката проодела,да не треба патичиња да му облекуваш и нашето побрзо да прооди? Демек,ќе се тркаме со комшиката,на која е понапредно детето
Леле ме утеши мислев само мојата уште со каши се бафта. Во мај ќе направи 2 години не отвара уста за неблендирано. Парчиња јаде само од храната што ја сака она, пр.кашкавал, јаболко, смоки. Ама да рачунам дека ќе изеде оброк со џваќање нема шанси. Заби има мене да ме изеде ама нејќе да џвака...многу се нервирам веќе
Луѓе нејзиново неодење ми станува опсесија. Ползи како војник, се крева на колена ако се држи на нешто и толку. И си седнува сама. Дали е мрзлива, дали нешто не е во ред, не знам веќе. А друго разбира. Прави здраво, чао, пољупци дава, гест со раката за да дојде некој. Го покрива лицето со раце демек се крие, и најново ја научив да покаже дека една година ќе полни и како ќе дува свеќа. Мачки и кучиња обожава, за куче вика уууууу. Тате (тате бе, страшно) вика убаво, насочено кон татко и, мама и баба и се мамамм, бабабаба па мислам дека тие и се без значење. Ама секако не распознава сите. Ама многу ми е стресно што не се ни исправа. За 15 дена ќе полни годинка. Во вторник ќе ја носам на контрола на педијатар, ќе му спомнам, па ќе видиме. На ортопед ја носев во декември, ми рече човекот да не малтретирам дете веќе. Маж ми ми вика паничам беспотребно, ама ќе си пукнам.
Па обично после година проодуваат. Мнозинството. Поретки се тие што прооделе пред полна година. Јас знам детенце, сега е веќе големо, што прооде на 18 месеци. Нормално, право и здраво е. Слушај го маж ти.
И јас сум истата, синко е 15месеци и уште не се пушта. Отеков и тука за тоа. Ама загрижена сум. Тој се исправа уште од 10м, сега веќе оди покрај кревет, ѕид, кујна, што и да е, подава раче за да го водиш, оди за една рака фатен само, ама не пушта чекор сам. Не знам повеќе како да го стимулирам. И да, не се споредуваат деца, ама сите наоколу почнаа да одат, има и доста помали од него. Мислев дека нема да дозволам околината со прашањата за не неговото (не)одење да ми влијаат, ама ете, ме замислуваат и нервираат.