Тука сме и ние .Бебе вчера наполни 11 месеци,леле не ми се верува дека за еден месец му е роденден. Не оди уште. Лазењето му е пузење уште од 8 месеци,не пролази асално,но секаде се довлечкува. Почна да се исправа пред 2 недели на нозе, прво на мене се научи кога седев на земја, па после во креветче,комода и маса, цел се лула еднаш се струполи за секунда не го видов. Мене ме загрижува што стои на прсти. Еве постара генерација нека сподели искуства. Кај @Lolipop23 видов слика од малечката си стои на цело стопало,кај @paleska3 малата е понапредна мислам еве нека сподели и таа искуство. И јас не сакам да се загрижувам ама јанѕа ме јаде некад
Кај мене малата почна да лази на 11 месеци.Јас си велев нема да лази туку веднаш ќе прооди.И таман чекав да се исправи,она пролази.Е потоа за брзо се исправи и почна да оди по креветот.Па потоа проблем и беше да стане сама,ми бараше раче.Па, потоа,го совлада симнувањето долу.Сега вежба чучњави и станување сама од место.Тоа беа фазите кај нас и сфатив дека кога ќе се осети сигурна,тогаш продолжува со ново.Еве веќе два дена се пушта од едно место до друго.И ова ништо форсирано. @happygirl мислам дека нема потреба од грижи.Ако ти е мисла идете на ортопед ама мое мислење е дека не секое дете е исто храбро.Мојата малечка е плашлива и многу внимава да не падне или да не се удри.Ама,нели, на никоја од нас не и е сеедно после еден куп прашања од дотични особи кои немаат попаметна работа.Тоа е.
Одење на прсти е препорачливо. Во вашиот случај уште стои но не се грижи нормално е така се оформува стапалото.
И јас мислам така, ама доволно е еден двајца да ти речат "аа не треба на прсти да стои"и да ме замисли.
Јас ќе ти потврдам дека е во ред. Го прашував ова овде пред некое време се исплашив и јас, па потоа прашав и ортопед. Мојот пак обратно, не одеше на прсти туку право на цела нога, а гледам повеќето прво на прсти одат. Ортопедот ми рече дека правилно е прво на прсти па потоа на цела ради рамнотежата. Нешто ми објаснуваше како главата во тој период им е пропорционално поголема од телото, па прва фаза било на прсти па потоа на цела. На прсти имале подобра рамнотежа. Но ми рече дека и кај моето нема проблем ако е директно на цела. Како се осеќа посигурен, така
Баш добро памтам, др. Антоније ни кажа дека треба правилно да стои и преоди на прсти. Додека стоеше беше на прсти, сега кога оди неможам да дефинирам како ама оди малку смешно, дали дека на прсти незнам.Битно таман си е детето не се секирај. Исто така до сите што се грижат уште едно нешто што не советуваа дека дете треба да преоде до 3г, игнорирајте зборувања и најбитно, одмарајте дур не почнале да трчаат
Неколку дена немав време да пишам, сега ве исчитав сите . Со среќа нека им е почетокот во градинка @FreeMind и @Spidy, гледам супер се уклопиле момите, само така нека продолжат. @Ringishpil_ и кај мене малата оди на прсти, тоа е нормано ми кажа ортопедот. Сега знае и на цела нога да гази, но поголемиот дел оди на прсти. Почна да дава чекорчиња, оди по 4-5 и потоа си седнува на колена. Застанавме блиску со сопругот и си ја подававме од еден на друг. Таа пресреќна што оди сама. Кај мене малата релативно рано се исправи на нозе, на 7 и пол месеци па еве 11 уште не е салам преодена. Дефинитивно кај секое дете е различен тој процес. Ве читав сте пишеле за второ дете. Знам дека сигурно сакам уште едно дете ама не сега. Незнам како е подобро дали мала или поголема разлика, но ќе почнам да размислувам на тоа кога ќе бидам спремна, освен нормално ако не не стрефи нешто како хепи .
Браво за малата, па ајде роденденски и постапалчиња право, се ближи и вашиот ве фаќа еуфорија нели. Фала ви многу за мислењава се опуштив ,инаку се ќе се туфкав у себе се дури не го однесев на ортопед, ма да и секако ќе го носам крајот на месецов чисто рутински
Не ги влечете по болници има вируси. Ако е ортопедски проблем ќе го видевте тоа сами на околу 6-9 месеци. Нашите се веќе големи и сите се здрави по прашање на ортопедија. Бебе што има проблем од тој тип е очигледно дека има проблем, плус досега сигурно ќе го видеа на преглед и ќе го дијагностицираа. Ваму во групата има едно година и осум месеци Емма. Емма е пониска од Емили и кога дошла во градинка се пуштала да оди исто како моево. Емма гази моментално на играчки и паѓа на фаца доле. Во себе си шептев само Емили мама лази си. Апсолутно никакво форсирање ниту се замарам со проодување. Она веќе сама се исправа дава чекори, но е многу претпазливо дете. Гледа да не падне оти така учеше да се крева со паѓање. Од кога викам кај и да е и не е уште тргната да си оди Може до 18 месеци ќе си викам кај и да е. Али не ми е грижа. Ајде лабаво ќе биде кај сите. Ако ве праша некој речете му оди само ако никој не ја гледа.
@Ringishpil_ еуфорија на највисоко ниво . Само пребројувам на списокот што и како ми е спремно. За мој роденден никогаш не сум била вака возбудена. Порано кога ќе слушнев некој така да рече, мислев се претерува
Ми текна ова да споделам, има една пријателка, а најжално е се што е 30год плус минус, не е постара па да речам ајде....на секое видување низ парк ми го замара детето да покажело колку години има. Уште од пред да наполни годинка го прашува, малиот не беше заинтересиран да научи да покажува со прсте и не го форсирав и остана така. Помина еуфорија околу роденден и не ни пробував после да научиме. Абе еве 3 месеци поминаа после роденденот и ма секое видување: ај покажи колку годинки имаш Па ќе ми се заврти: зашто незнае да покажува и што треба да и одговорам? Мислам, јас знам што заслужува да и одговрам ама незнам она што очекува, што си мисли. И за инат нема да го научам, нека не и покажува. Значи не се замарајте со никакви коментари. Што и да прави детето, секогаш ќе се најде некоја со закоравено малограѓанство што ќе изнајде што НЕ прави детето па ќе ни клука во мозок со безобразни прашања
Буквално. Како сензор да имаат што не прави детето и нон стоп како на норма се вергла тоа па тоа. Моето на една година покажуваше колку години има - вау ете го следниот Њутн кај лежи Не ми ни текнало да ја учам да не ми речат и мене да почнам со обуки, интензивни! Некако за овие четири дена почна да збори повеќе. Утринава имитираше овца меее. Ете уште едно животно на листата. Мислам од кај и текна да ја прескака мачката џабе мјаукам со недели И многу сакаше да оди денес. Јас си ја свртев главата и искочив не можам тоа да го гледам. Триста филмови ми се свртеа во глава како може да падне. Не можам да го гледам проодувањето.
Баш го гледав Др. Сајковски на тв кажуваше за ова, нормално било да оди прво на прсти за да се развиела некоја тетива на стапалото, без гајле, јас му кажував ко ќе речеа, оти на прсти, му велев така треба, така е нормално и готово, иначе и синко е многу плашлив, прооде негде после 13 месеци, еве го 15 месеци ќе прави уште внимава и размислува каде ќе оди, гледа кај можи да се фати, оди сам ама си пази размислува пред секој потег. Не сум го научила и јас да кажува колку години има не ми текнало Др што да кажам, 4 дена е со тт 38.5, кашла, носот течи и грлото црвено, на крвна слика кажува вирус, а тој и плус настинат, веќе срце ми се пара кога го гледам само плачи, тешко му е, никаде не го бери, не спие, ноќе станува нон стоп, гревче е, слабо јади, се одбива и само вода пие. Таман реков дека се чува одма го фати вирус
Како јас да се читам за одењето Сега ми е језа кога и се спие а оди, па се шанка, преплетува нози, се залетува Инаку за мачката, мојата колку животни кажува мачката никако 2 пати а кажа и толку, не и иде. Да не ја разберат одма ќе прашуват оти не мајука За покажување, покажува колку години има 1 ама вика Де (две), се брза момата
Само мојава трча како мува без глава 1 недела откако прооде. Не се пази дали ќе падни, веднаш рипа и продолжува. Среќа само неколку пати се има посериозно удрено и заплакано. За тоа колку години има, баба и ја учеше. Наводно мм пред првиот роденден кажувал дека ќе полни ено и како се викале мајка му, татко му и тој. Па и се запна да ја учи. Арно ама во исто време еднаш и покажа со прстето како се прави пст на носе и оваа некако си поврза и сега со прстот во нос покажува едно. Да кажи не знае. Некако емитирање звуци и животни подобро и иде. Од зборење не знам што и влегоа во ум НЕМА, ОВО, ОВОЈ... Смешна е кога ќе дојаде ми кажува НЕМЕ, демек нема, празно е. За татко и не вика тато, туку овој, а некогаш кога сака неш и нему мама му вика. Во главно кога сака нешш кенка и си вика мама. Нешто како оф мори мајко ми доаѓа тоа. Одговара точно со да и не. На пример кога ја прашувам сакаш банана и ќе каже да или не и ниша и со глава. И ако рекла не за џабе ќе ја нудиш. Со прсто покажува одамна кон предмети што ги сака и во сликовница, на пример на маче и вика ОВА мјаууу. Мјаука како вистинско маче и цела нежна се прави и се гали. Омилено и е тоа за емитирање. Во последно и пајчиња мн веродостојно емитира. Некако со грлото грчи кога прави квак квак. Изгледа дека на село виде вистински. До скоро пат пат викашае, додуша и јас така ја учев. За крава вика Буу, не знам зошто. Изгледа полесно и е, а може и така и се слуша.
Леле ова исто и синко деновиве дека болен само тоа в уста мама мама, ноќе станува и ма ма мама ма ма, во сонот и си заспива
Една е мајка. Ние големи па кога ние е тешко уште нив ги бараме. Одамна ја немав прашано колку години имаш. Сега ме потсетивте и ми вика ЕВЕ и покажува со прсте на нос, па во уста и на крај на куклата на нос и го стви.
Знаеш дека не знам како гази??? Никогаш немам приметено на прсти ли е или на цело стапало? Тоа ти е, првото под лупа, второто само си се чува. Општо за исправањето и проодувањето, многу е битно децата да се оставаат од мали на под...колку повеќе го оставаш толку ќе бидат моторички поспремни. Првото беше нон стоп во раце, на под почнав да го оставам покасно и многу помалку отколку ова... почна покасно да лази, покасно да се исправа и прооде на 14 месеци. Ова е буквално од прв месец на под оставено само на себе, лази од 8 месеци како профи, се исправа, се пентери, кај и да е ќе прооди. Колку повеќе ги оставате сами да се снаоѓаат толку ќе се моторички поспремни.
Ако мали е скоро 11м тука ми е екипата па да прашам. Како ги успивате? Ние се возиме со количка,но напорно ми е затоа што ке излезиме па ајде миење на тркала па повторно и повторно.... пие млеко и почнувам да возам едно 15-20мин и он заспива. Па после го префрлам во креветче. Во раце не доаѓа предвид а и ме корне,гребе,каса. А и ситуацијата не ми налага 9 и пол кг во раце да нишам.
За преспивање ја легнувам на душек менувам пелена ја пикам во вреќа и даваш шише млеко во меѓувреме и ја читам приказната за Палче или грдото Пајче, ја пуштам приспивната музика прозор на кипање легнувам до неа ме штипе вака: и заспива за околу 5-10 мин