Глупости. Јас никогаш не ја учам мојата колку години има. Не ни знае. 2г и 3месеци има. На вакви прашања само одговарам дека нема потреба да ја програмирам да одговара нешто кога ништо не и значи времето.
Едно прашање. Сирип бекутан со витамини еднаш дневно се дава? (Маалиот паковката ми ја забацил некаде) и не можам да најдам а на флашето само дозирање од колку до колку год
и мојата исто јас и ја ставив мојата перница во нејзиното креветче, не е многу висока перницата, и така спие ама гледам дека после некое време во текот на ноќта сисе трга од перницата. Не знам дали смее да спие на перница?
Некако кај Мирка мислам да ја носам. И после терапија и после контрола, она пак цело време пика прсти во уши, и си ја кубе косата со двете раце. Веројатно нема болки, ама има нешто што и смета така ми личи. Педијатарот само ми рече дека има многу церумен, но да не го чистам. И да ја следам...
Околу орл доктор... Ги носите чисто онака на преглед, или забележувате некоја промена? Мојата ја немам однесено на орл, ниту очен. Предлог за очен за деца? Јас сум со голем диоптер, наследно...
Може да е и рефлексно. Син ми 2 месеци откако му ги ставија цефчињата ја чешаше несвесно главата. Ама штом имала мака најубаво да ја види специјалист.
какви цефчиња? за што ги ставаат тие? Да, имаше мака, и тоа голема, но со антибиотик и какпки се среди. Сега пред да тргне во градинка повторно, треба да направиме контрола по препорака на педијатарот на ОРЛ. Но кога бевме на контрола Орл докторката што прегледува деца, не беше таму, па ми рекоа да си закажам посебен преглед следната недела. Инаку во систина ја носев. Сакам сепак некој добар доктор да ја види. @LoveHope јас ја однесов на педијатар, па таа забележа дека уствари детето има проблеми со ушите, инаку претходно плачеше екстремно многу без престан. Сабајлето имаше тт малку, бевме кај матилната, вика ништо не и е, ај да пробате без антибиотик, ама уши не и прегледа. До вечерта детето зајде од плачење, тоа беше да не речам вриштење, плач од болка, не знам како да фо опишам, ама различно е. До толку и се влоши состојбата, што останавме во болница. Сега ќе ја носам на конторла, да сум сигурна дека не останало нешто од инфекцијата. Инаку не би ја носела.
Малиот имаше мастоидит плус секрет во канал што мораше да се дренира. Мастоидитот помина со терапија, ама секретот го дренираа хируршки и вметнаа цевчиња во ушите. Не се секирај ова е за понапредни компликации. Само обавезно нека ве види специјалист.
Генерацијо, имате на ум одвикнување од пелени? Почнав да размислувам на темава за лето. А пред да почнам нешто физички, сакам прво целосно психички да се спремам и да се поткрепам со “знаење” и искуства
Јас не. Мислам дека ќе му е ептен рано летово, не верувам дека ќе знае да си кажува. Си го држат ли шишето сами вашите деца? Синко ретко кога пие сок (вода уште никако) ама сака јас или мм да му го држиме шишето. Тој кога ги зема само го истура врз масата.
Јас чат-пат ја ставам на нокшир. Односно кога сум до неа, ја осеќам и ја ставам. Знае за што е и се кака. Сакам летето да се позанимавам со ова, да пробам ако биде, супер, не форсирам. Онака ќе пробаме како ќе прифати. Сега за сега не плаче од него и сака да седи. @happygirl да земеш од тоа што не течи само, со клунче. Мојата одамна си го држе сама шишето ама на почеток кога почна и беше тешко.
Не пие сама и мојата.Го зема шишето и го става во уста ама не го крева и на празно си влече.Не знам дали е до шишето,ама веќе ја учам од чаша да пие па не планирам друго да купувам. Инаку за пелени мислам рано ќе е.Може ќе пробам летово само да ја запознаам со целата процедура