И јас како што читам се препорачува после 2 години. Ама знам некои што успеале и порано. Летово се фаќа да биде година ипол па мислам нема да смета ништо ако пробам. Нормално без форсирање за да создадам трауми ако не сака @happygirl мојот уште од старт ги држи сам, првото коа го купивме беше клунче со рачки и само му го давав. На почеток не сакаше да пие вода и само се чешаше. Ама битно го носеше во уста. После почна да пие од магичната чаша ама никогаш не сум му ја давала во уста. Во рака му ја давам. И сигурно не ни знае дека може и некој друг да му држи Ништо страшно, само се научил на полесната варијанта. Да пробаш може со чашата па да не може да истура...
Го држи сама и го подавам, пие и го фрла. Никако да научи да ми го врати во рака го фрла на страна со сета сила ако го погоди Ози во глава може да го убие. Научи и сама да го затвора со капачето, но не и да го отвора. Давај му го во рака ќе научи. Мислам дека не знае што да прави со шишето. Пробај стави му ја раката на рачките (на нук со клунче) и крени го нагоре. За да сфати. За одвикнување од пелени во градинка ми рекоа се додека не каже сама дотогаш ќе и ставаат пелени. Гледам тие деца што се 2,5 години ги прашуваат на секое: Да ти ставам чиста пелена и тие си одговараат да, за раче и на пресоблекување. Или кажуваат имам кака. Мислам дека сме далеку од тоа уште на мууууу сме
@happygirl пред 1 месец почна да го држи сам и да си пие, инаку беше научен да му го држиме ние пред тоа и го мрзеше сам да го држи, ама мајка ми го научи и тоа да го прави оставај му го шишето пред него за 2 дена ќе свати што треба да прави. Јас пишев и во др тема, мајка ми од 9 месеци го издржуваше за какање, од ко почнав на работа јас, во почетокот не се замарав ама почнав и јас негде кај годината да го издржувам над нокшир, го сеќавам ко ќе му се кака, одма го слекувам и одма се кака за мочање си моча в пелена, свесно не верувам дека до лето ќе знае да кажи, ќе видам како ќе биди тогаш, не форсирам ништо. Освен ако остани кај мајка ми на поседок па да ми го врати без пелени Шишиња, тегли, креми се отвара, а скоро почна и да ги затвора и можи и пола саат тоа да го прави амо му земиш плачи одма се нервира.
Колку што имам читано до 2 години не им е развиен осетот, не можат да се додржат децата, па затоа ретки се тие што тргаат пелени под таа возраст. Шишето кај мене си го држе од пред некое време, тоа сака сама да го прави. За разлика од јадењето, никако не сака сама да јаде. Значи се става во уста, само храната кога ќе ја земе во раце ја гмече. А интересно е тоа што е јадач, ваљда сака да биде госпоѓица, да ја храниш
И јас за какање го ставам на нокшир,од истата причина како и Лаки. За мочкање го ставав неколку пати и на секое ставање си мочкаше. Битно ми е да знае зошто служи нокширчето,па ќе пробуваме на лето,ако успееме добро,ако не ништо. Сестра ми внука ми ја одучи од пелените околу една ипол година,ама таа ептен некако зборуваше,ептен повеќе знаеше,кога ќе ги споредам со моево таа ептен понапредна беше. За пиење вода,сам не знае. Пие од чаша па не му ни давам сам,зошто се што ќе фати сака да фрли,па неќам ни да замислам што би направил со чашката. Имавме едно шишенце со рачки на бејбилав,ама некако многу тече и се дави бебе од неа,па сега исклучиво од чаша пие. Инаку главно играње му е прередување мали теглички од каши во шкаф, отварање и затварање шишиња или тегли, полнење чашки со некршени бадеми и лешници ( строго под мој надзор) и пресипување во друга чашка, гаѓање со топчиња и фрлање се што ќе дофати. И имаме соберено еден куп чашки од јогурт,па правиме ооооогромна кула и тој ја бута на крај и пресреќен е,а фацката му е ваква .
И мојата не сака сама да го држи шишето. Кога ќе и го оставам сама да го земе, го зема и го става во уста ама не ја крева главата за да се напие. А ми крева цело пакетче памперси со една рака
Добро утро екипо, денес нова недела за во градинка. Синоќа стасавме касно дома околу 18ч по едно невреме прст пред око не се гледаше. Колку стрес ни наби малава во кола не сум сигурна дека следните месеци би тргнале на пат со неа. Се е во ред додека не и се приспие е штом и се приспие се дешава прав хорор. Се мава со глава од седиште раце и нозе џитка лево десно ја земам во раце она се лизга под седиште ни во раце сака ни на седиште ни на воздух надвор едно хистерично плачење со траскање од земја. И не заспа дојдовме дома се комираше. И не заспива во кола во никој случај. Многу стрес за ништо не е лесно да си родител. Како би патувале во иднина ова сценарио следи и на аеродроми. Страшно.
Како ќе расте полесно ќе станува. Ќе разбира повеќе. Барем кај моево беше така. На година и пол вриштеше кога му се спие, сега на 4 ако му се спие заспива. Првито пат со авион на година и пол беше баш мачно со летови од околу 2 саати. Веќе втората година беше полесно, а лани бепе најлесно. Веќе разбира што е и како е. Плус мојов уште од 3 години не преспива денски па денското патување со било што е полесно (не му треба спиење иако сега во кола ако се возиме повеќе од саат и пол знае да заспие да се чудиш).
Секогаш овде си барам утеха за она што ме измачува . Паничар сум, но не знам дали тоа е во ред во оваа ситуација. Девојчето имаше вчера 3 ситни брунчиња на нога, денес забележав повеќе, како ма сликава.... искуства?
Лесни чекорчиња. Зависи од дете до дете кога ќе се опушти скроз. Мојата трче низ дома а уште не станува сама.
кога сакаш ти, тоа е само една обична традиција без пишани правила Јас лично правев после еден месец од коа почна да оди по 15-20 чекорчиња. Прво почна така од маса до кај мама во прегратка, и за една недела се опушти скроз. Ама не бевме дома па додека се прибравме, додека да направам не фати цел месец. А сам да станува без да се држи за нешто почна после еден месец од убаво одење. Веќе и трчаше па почна да станува сам. Ако оди, јас не би чекала да станува сам од седечка во стоечка. Ми нема логика мене тоа Не велам дека сум во право или така треба, само кажувам јас кога правев. Лесни чекорчиња!
Лесни чекори на малата! Прашај ја свеки она го знае редот Мојата вчера стана сама без да се држи за ништо и така си стоеше. Оди од еден до друг на растојание од три четири чекори али сама да тргне како сите деца сеуште не.
Еве ме и мене, да се пофалам дека синко почна да оди Деновиве се опушти и си прави по 10тина чекори па седнува. Интересно му е дека може и се смее цело време додека оди.