@happygirl i @LoveHope лесни чекорчиња сега ќе има трчање повеќе од ко прооди нема седнување за мама и тато Иначе јас се купив за постапалки, дури и Фондант купив готов за месење, исто и топчиња за украсување и не направив се нешто испаѓаше и помина многу време. Ќе си ги чувам за роденденот на мм
Лесни чекорчиња на малите @happygirl и @LoveHope .Кај и да е и јас ќе правам стапалчиња.Еве и кај нас малата веќе се пушта по десетина чекори,ама сега е во фаза- трчање.Се смееме со мм,залетува да трча и се смее,па ќе застане и бара помош.По цел ден трчаме низ стан.Ама една лоша навика има,најмногу сака да фрла на земја.Даљинската парче ги направи До кога ова со фрлањево ќе трае,не знам ама на живци ми иде. Хепи брдеј на @BabyT* и на @TeddyGrey, да си останете вака убави и позитивни секогаш. @FreeMind не сум пишала,лесно да си поминете адаптација и морам да признаам,менијата дневни ти се на нивоу.Кај мене не проаѓа толку овошје.Браво за црвенкапче.
Од денес дома ќе поседи некој вирус има закачено со температура е цел ден околу 37.8 до 38 и трет пат преспива, кемкава, очи црвени и многу омалаксана. Денес во градинка во раце ми беше и таква омалаксана и расплакана им реков дека не ја оставам ќе си ја земам дома не е време за сама. Како да ја сетив вчера беше нерасположена, утринава додека појадуваше со главата потпрена на стол и реков детево како болно ми изгледа температура немаше. И како најголема глупачка ја однесов и таму ми стана јасно дека е болна, а може и јас ја заразив пак. Ми иде да си пукнам од нервоза. Апетит има што значи не е поврзано со заби, има гасови ми оди ум на стомачен. Ќе ја држам дома има многу вируси на лекар ако покаже други симптоми ќе одам. Иначе со парацетомол ќе се борам над 38.5. Пикот е денес и утре и треба да е подобра.
Сигурно сто пати е прашано ајде и од мене по сто и прв пат. Може модели ,слики да ми дадете од патичиња за проодување.? Лесни чекорчиња на малите на @happygirl и @LoveHope .
Вака треба да се виткаат кога ќе ги фатиш најдобро лично во продавница барај: Писка од нигде никаде наеднаш плач преку ден или во спиење се буди. Некој претходно збореше тројките ли се? Нон стоп кемка или плаче овие два дена. 58ма недела е сеуште не е скокот. Ама еве денес јадеше и плачеше не се ни заби. Температурата помина дијареа изби од вчера. Погодов точно дека е стомачен вирус. Денес енергијата е вратена и оздравена али расплакана. Тројки горе жар црвени. Само да испаднат и куртул. 5ки ваљда не болат толку.
Кај нас беа најлоши петките. Будење на полноќ со вриштење...и така со саати, до сабајле. Недели, месеци така
Исти сме, еве веќе недела со плачки абер нема да испадне. Апетитот и е многу слаб за разлика од предтоа и на сила тушкам, плаче ако е потврда храната и ако се удре на непцето кај 3ките
Беба почна да лази. Онака убаво и одма напред. На една недела пред роденден деца проодуваат, а моево почнува да лази. Се надевам дека за скоро ќе прооди, бидејќи скроз се исправа на колена.
Моево прво прооде па почна да лази @FreeMind ова тројкиве и нас не измачија, станува ноќе плачи, нервозен е, досега најтешки
Емили има 4ки веќе? Бреееј само моево остана на кецови хахахаха Како муабетот дека кај грнчарот дома нема грне, така и кај забарот нема заби Не се жалам, мирен период е, ништо не и се дешава развојно, нема нови заби, многу сакам кога се си е океј. Освен што плаче кога искачам од дома, последици од градинка, ама брзо и проаѓа.
Кај мое ќере уште четворки излегуваат,бавно али славно.Пред една недела беше многу нервозна,ама еве веќе ми е посмирена.Јас пак ,прв пат после 15 месеци сврзав 8 саати сон.Не ми се веруваше дека не се разбуди синоќа.Ќе видиме дали ќе потрае.Уште е на 2 дремки.Пробав со една околу недела време,ама станува сред ноќ и не заспива,па ја вратив на 2.Додуша, втората е пола саат колку да одмори. @thinkerbell исто ко бебе мое што беше.Еве ја сега трча,оти нели,досадно е да се оди.
Не сум прочитала дека проодело твоето лесни нека и се чекорите! @Spidy назад ти се плачките тебе со забите. Сите 4ки со корења со све и се испаднати сега уште тројките и полна вилица.
Да фала Фри, веќе неколку дена оди.Чкртнав пред некој ден ,ама може останало незабележано.Стапалчињата ќе чекаат некоја недела да помине коронава.Сега се ин виертуелниве. Туку јас од осанитот сум задоволна.Мојата ја смируваше.
Какво назад, право напред е. Ги има сите единици, една двојка горе и другата кај и да е да искочи. Па долни двојки па четворки ехеее... како зајче е неколку месеца веќе со предниве заби
Дали може од заб што ваде да е волку поспана? Инаку има 1 дремка од 2ч и легнува во 20ч. Денеска 2 дремки од 2ч и еве а се успа сега. Весела си беше, играеше, трчкаше и наеднаш клапна и цело време плачеше дур не а успав.