ние имаме мака со јаденјето уста не отвара ништо не јаде веќе 10 дена , носот хрчи како возрасен а не тече сега ваѓа забче дали од тоа не јаде?
Од тоа ќе да е. И ќерка ми е со растечен нос со секое вадење заб, еве сега со последниов заб протестира и со јадење. 4ти ден ниеден оброк нема изедено како што треба. По три залчиња и нејќе повеќе. Само млекото го пие.
Одамна се немам жалено за спиењето, ама кај нас нема никаква промена во врска со истото значи не се издржува ова поќе, дефф ќе на 1 час сношти стануваше, така е последниве неколку дена, нервозно, мачно ми е, до кога вака бе?! До кога?!
@lackygirl да се пожалам и јас за спиењето. Веќе една недела синко заспива касно околу полноќ или 1ч, и сабајлето во 7ч станува како навиен, а му се спие. Во текот на ноќта се буди, кенка, ги нишам скоро на секој саат. А скокот му заврши, не знам што му е. Денски преспива или еднаш или два пати по еден саат.
Исто, без нишање нема шанса да презаспие рацете ми ги скина мн нервозно ми е, вчера една дремка од 12 до 13:30 имаше, после тоа од 17ч почна да му се спие, 100 пати пробавме со мм да го заспиеме, од 21 почнавме со заспивање дури во 23ч заспа и на секој час стануваше точно ко навиен. Се пробав и во топло и во ладно, и покријан и отскријан никако не чини. Јас мислам само од забиве е ова.
Не знам што, ама за никаде сме со мм. Вчера му велам од екипата од Фемина само нашето остана да заспива со нишкање. Раце ни отпаднаа, грб боли, рамена исто. И тоа само кога е со нас така заспива, дадилката го става во креветчето и сам заспива со цуцлата. Долната лева 4ка му е бела и отечена, не знам дали е до забите.
Сигурно е до забите, овај нашиов никогаш нема заспано така сам, единствено во возење во кола или во количка, иначе со нишање в раце и дење и ноќе.
Па вака кога ми кажа, тој почна вака да не спие и рано да станува (иако касно заспива ноќе) кога почна да оди.
И ние сме уште со нишкање, сама има заспано исто како кај @lackygirl само во кола и количка. Денски обавезно ја нишкаме стоечки за да заспие. Има напредок само кај ноќното заспивање, таму пие млеко па ја нишкам потоа лежејќи и многу брзо зспива. Среќна околност е што во последно време знае само еднаш да стане во текот на ноќта, исто тогаш морам да ја земам во раце, да ја понишкам па продолжува да спие. Имаше период и кога ја преспиваше цела ноќ. но и еднаш не е страшно.
Почна да јаде сама. Учи и со лажица да срка засега јаде со рака се разбира 30% во уста остало насекаде. И шопска за нас сечена големи парчиња ги јадеше денес. Прво се исплашив па ја оставив да видам дали ќе се задави. Јок,си џвака и полни уста. Немав работа досега ми фали уште периодот на учење со лажица. Катапулт низ дома.
Ти треба робот што ќе минува нон стоп да чисте. @happygirl освен нишање што друго сака? Да му најдиш некоја позиција, да го удараш по пелената, некои акробациски позиции? Цуцла?
Цуцла цуца додека го нишкам. Кога го легнам и го тапкам по газето, одма станува и се превртува во креветот. Денес дедо му го заспал читајќи му приказна. Само јас и мм не успеваме на никаков друг начин освен нишкање. Раце ни окапаа.
Остај го да се превртува, ќе се предаде. Мојава едно 20 пати ако не се изврти не заспива. Ама нит нишкам, нит тапкам, ни зборам. Само си легнуваме и знае дека треба да се спие. За 10 мин превртување и се предава.
Нишкањето е една од навиките од која најтешко се одвикнуваат. Мојата немаше шанси без нишкање, да ја оставам плачеше. Кога веќе не можев почнав по малку да седнувам, со неа во скут, накај мене свртена и потпрена, па така ја нишкав, стани-седни, па после се навикна и само со седење нишкање, на крај легнав и последна фаза до мене. После цицањето тоа и беше единствена утеха и не можев да и го прекинам наеднаш. Види, пробувај, ако не плаче нека си лежи, нека се вртка, читај, пеј, магии прави не знам... Ама ќе помине секако, ќе ја надрасне фазата.
И јас вака пробувам, арно ама се случува 1 на 100 пати. Другите пати се исправа на спаланата и ја пале ламбата, па не плеска по фаца, па се симнува од спалната. Многу ретко успева и кога ќе успее се успива расплакана
Значи јас треба да сум најсреќна што раце не користам. Од бебе не сум ја нишкала. Едноставно не сака. Заспива на стомак легната, една нога увис да и ја подржам малку додека да најде позиција. Знае на перницата да се обеси едноставно и да заспие. Ретко во седечка положба таа во скутот(градите) да ја понишкам со телото. Али кога и е прегорен осигурачот за спање, вриштење пиштење. А кога и се спие, ќе пие од шишето млеко, па од шише вода, па пак млеко, пак вода, ќе стави цуцла и баааап, на стомак ќе легне. П. С обавезно пеам...
Јас сум боља од хопов не ни пеам не сум нишкала некад. Од заспивање на цицка сега се врти во сите правци, пие вода прокемкува и иде во гушка да заспие или на стомак.
И ние сме уште со нишкање. Ама искрено не ми дошло тешко па да размислувам да го тргнеме ова. Не ми смета... Нема сигурно да го нишкам до пубертет, м? Фри ако јаде њоки почни со нив вежби за сама. Нас со њоки најлесно ни помина, ги боцка сам со вилушка. Ем се доволно големи да има да боцне, ем се меки за боцкање и меки за џвакање. Па некако најлесно ми беше да го оставам сам со нив. И нема и многу хаос со нив Јас сега почнав да го учам маслинки со семка да јаде, да ја плука семката. Едно ќе плукне, едно ќе голтне.... ама се учиме битно