Јас сум седната на кревет и нишкам така ама пак тешко е, рамото, раката се ме боли, сношти од 11 без 20 до 11 и 10мин го нишкав, цели 30 мин и прв пат не плачеше ама и не заспиваше, значи нејќи да спија и цело време пеам (тајто Гајто тајтано Гајтано..... А мм в раце станат низ соба шета. Позитивна работа стана само еднаш во 2ч, ама пак в раце презаспива Мислам дека никогаш нема да се одвикни од ова, немам надеж За јадењево сам, знае да јади одамна сам, виљушка (од бамбус) од пред годината му дадов и знаеше ама не практикувам ми е страв уште и плус мн се прави неред дека на работа сум само брзам и немам време 1ч да го чекам да јади
И јас Лаки,ептен сум испаничена поради Коронава,па немам време да пишам за бебево мое или да читам нешто во врска со деца,се само за Корона читам Моево имаше период од 1 недела каде стануваше само 3 или 4 пати ноќе,на околу 2 часа и веднаш заспиваше,таман нислев вчера да се пофалам,иако е далеку од за пофалба,ама и 2 часа сврзување не е лошо Ама,еве ноќеска пак се разбуди безброј пати,дали поради скок или ќе излегува запче Му фали една двојка,ама не ми изгледа дека ќе излезе,може ли да почнат четворките,па потоа таа двојка да излезе? За јадење,уште не јаде,живее претежно од млеко. Многу се нервирам што на 14 ипол месеци сеуште немаме доручек/ужина/ручек/ужина/вечера Најчесто само еден или два оброка има,кои се малку количински. Ме умори детево и психички и физички По цел ден е во мене и во раце,пазете се мајки од 9 скок,страшен е. Уште 1 недела,се надевам после ќе е каде,каде подобро. И јас го нишкам и шетам по соба откако е роден и уште заспива цицајќи.
@thinkerbell вчера и беше роденден на твојата ќеркичка нели? Нека и е среќен првиот роденден, да е жива и здрава, да расте во голема и среќна девојка Со ситуацијава планираш ли да и ставиш вакцина?
Во четвртокот и беше. Голема девојка веќе е госпоѓицата. Фала ти на честитките. Инаку решив да одложам вакцина. Маж ми работи од дома моментално, па кога ќе стивне ситуацијава и онака има одмор, ќе го земе па ќе седи дома со неа. Страв ми е сега да ја боцкам, јас одам на работа, не смееме да затвориме, преку 2 дена, ама сепак имам контакт со доста луѓе, па ми е страв да не донесам дома нешто.
@thinkerbell среќен нека и е на момата убава и напиши и едно писмо како беше пред една година како е сега. Јас би направила драма од тој текст за да го закачи на тид кога ќе порасне. Зошто животот и почна драматично и еве на година што се дешава. Напиши и мила 100 реченици со сите емоции внатре ќе биде пресреќна да го чита како голема. Следен за хепи брдеј е Рингишпил или?
@thinkerbell среќен роденден на момата Во врска со вакцините,има ли некое соопштение да се почека,односно да не се примаат овој период? Синко требаше да ја прими ммр во февруари,ама сега со оглед на ситуацијата не планирам да го водам.
Филипче го слушав рече задолжителните кај новороденче да се примат останатите да се одложат. Во превод рота и поливалентната на прв месец не смеат да одложат. Не смее сите оние кои се во рокови како ротата до три месеци. Ммр смееш и поматаму да ја пуштиш немаш потреба да де пикаш сега во болници.
@thinkerbell среќен роденден на малечката,голема да расте и да биде умна на мама. Исто,ммр ја одложивме за подобри времиња.Нека стивне коронава па да продолжиме со секојдневието.Се е на standby ставено.
А и онаа за стрептокока ја прими само првата доза, мислам дека треба да прими уште една или не? И ако треба, може и таа да се прими подоцна?
На мојата малечка и е роденден на 29 Март. После нас се @Ringishpil_ и @Happyinlove. Тука некаде се и @Lolipop23 и @***Bony*** која ја нема оддамна да пише нешто. И јас ќе ја одложам ммр, да стивне малку ситуацијата па ќе се боцкаме.
Да се пријавам, 3ти Април е, денот што го чекаме, цела година,цела година на на на Тука сме сите некаде ,на бони е 27 Март мислам ,на лолипоп 28,е на хепица не го запамтив Среќен роденден на малата цуца,да ве радува цел живот @thinkerbell таа е најголема дада од екипава Едит:Интересен редослед, 27,28,29хаха сега забележав
И ние до ммр стасавме, ама ни ма сон не го носам сега по амбуланти и болници. Здравје, на есен. Нека е среќен роденденот на сите што славите периодов. Баш ми е жал што поради вирусов ќе нема забави, но најбитно да сте живи и здрави, и дечињата дома среќни заедно со мама и тато прашав во претходен пост ама никој не ми одговори па ќе пробам пак Ги пуштате да скокаат на трамболина? Како се ортопедите по ова прашање?
Не би пуштала бидејки ич не ми делуваат безбедни, особено кога има повеќе од едно дете. Од ортопедски аспект не знам, ама не верувам дека некој преголем штетен ефект би имало.
@AlicaInWonderland ортопедите викаат не за трамболина. Им се искривуваат стапалата и глуждовите. Мислам @mariz имаше проблем таков со синчето, како да ја читав одамна, нека ме поправи ако грешам.
Амтоније не дозволува скокање ма трамболина, заради можни деформитети на стапалата. Но он е најстрог мислам во ограничувањата. За другите незнам.
Јас и давам на кревет, не е баш успешно ама многу е среќна Околу ортопедски причини незнам, ама за психолошки читав дека е убаво да рипаат @thinkerbell среќен роденден на малата
Да, Антоније вика не за трамболини до 5,6год. Лигаментите на стапалата не се развиени и затоа вика да не се скока, бидејки не се цврсти стапалата и лигаментите може да дојде до искривување. А после 6г веќе се зајакнати и може. Покрај скокање на трамболини, не треба и одење и скокање по кревети, односно не на површини каде што пропаѓа стапалото и се витка. Дури и за бебиња рече да се пази тоа доста, дури и во скут на нозе да не стојат зашто и така се виткаат стапалата. Само цврсти и рамни површини.
Што знам, оваа што ја имаме е многу цврста. Нема шанси да ја помрднеш, ниту да ја клатиш. Коа ја местеа 4јца мажи едвај ја стационираа Претпоставував дека нема да е добра за стапала па затоа упорно се интересирав. Фала ви на сите за одговорите. Нема да му ја забранам скроз дека многу е среќен, ама ќе гледам да ја ограничам на 2 пати неделно по 10тина минути. Се надевам ќе нема штета. Па на следен преглед ќе си прашам што како точно
Да се вмешам во муабетот за трамболина. И мене Антоније ми рече не, меѓутоа детски невролог ми рече да заради јакнење на мускулите. Кое е правилно не знам