Горе мариз спомена во објаснувањето дека можно е оштетување на лигаменти, а тоа е многу опасна ствар. Потоа цел живот ќе си ги носи последиците бидејќи и после операбилен зафат повторно се јавуваат проблеми. Особено оние кај глуждот и коленото ако се заебат ќе му се ограничи се што е поврзано со трчање и спорт понатаму. Немав прочитано до сега за трамболина, а како мала многу скакав по кревети. Сепак бидејќи ќе ја правам ракометарка нели нема да и покажам како се скака на спална )
Женски,моето бебе пролази конечно,на 14 ипол месеци. Ама додека лази,лази со едната нога,а другата повеќе ја влече,како да не знае што со неа. Нормално ли е? Инаку,почна и да бара да оди постојано,па само ми дава раче и ме тера да одиме. Ама боли кичма,кај раце и нозе,сега и кичма. Од 13 месеци почна да спие само еднаш преку ден,а оваа недела спие само 30 мин Напорен е ептен. И ноќе заспива околу 12,а сабајле станува во 10 ипол,со будење на 2 саата. Како беше,ноќното спиење не е лошо,ама многу е тешко да го натерам да спие. Пред да заспие,овие 2 дена ми заспива во раце додека седам и го нишкам и пеам,се превртува 200 пати,де на една града,де на друга. Па му текне да станува да го бара тате,па да гледа од прозор и после за секунда заспива. Скокот треба да заврши до крајот на неделава,се надевам дека ќе ми се симне од врат, по цел ден да ми е во раце и да не можам да мрднам од него.
Исто со моето, синко прво прооди па пролази Со спиењево исто е и кај нас, нема промени, само што заспива ко 23ч а станува 8ч, измеѓу не бројам колку станува. Дење спие од 1 и пол до 3 и пол часа, секој ден различно, еве го од 12 спие уште не е станат, 1 дремка има. Дојдов да се пофалам дека од вчера почна јогурт да јади пак, после неколу месеци пауза, денес прв пат испи 200мл сок домашен од дренки без лимонтус, за него беше правен спец од баба му Почнав филмчиња да си правам дека вода мн пие (да не има шеќер 1.5л вчера испи, но не пиеше ништо др течност се до денес кога испи 200мл сок, па си сметам си велам нормално е, да пиеше млеко можи 1л ќе пиеше па плус вода
Кај мене од неделата влезе во 9ти скок значи госпоѓата синоќа се симнала од душек и си игра со теглите во 3.40. Слушам стакло удара во стакло отварам очи ја гледам во ноќница седната си игра на паркет. Засега се нормално се одвива освен што за надвор само со одење и никако поинаку. За едно раче надвор и не сака никакво преносно средство. Па отежнато ни е движењето, па сака да седне на земј да си игра со камења и дома право во када. Низ дома оди од точка а до точка б али сама да трча низ соби сеуште се фаќа за ѕид. Затоа нема постапалки додека мама не рече дека оди) Разбира повеќе конечно почна да не повторува со нееее, дааа, па не кара, па ни дава храна, се лути, ржи итн.
Ние пак влегуваме во 8 скок, секогаш скоковите и се одразуваат на фазата на заспивање. Многу тешко зспива тогаш. Синоќа два часа ја заспиваваме со сопругот, на крај заспа во 12 часот . И денските дремки исто ми прави. Потоа од кога ќе заспие си спие, ама до тогаш . За одење и јас како @FreeMind чекам за постапалки кога ќе почне сама да се шета низ соба. Сега за сега исто сама се движи само од точка А до точка Б. Инаку почна да разбира што и зборуваш. Ако и речам да ми подаде нешто ми дава. Обично ако и речам дај далинското да пуштам цртани, одма го носе . Со поглед покажува кој е мама, тато, баба, дедо. од животните ги повторува мачето и кучето. И конечно и помина фазата на плачење додека ја бањаме. сега си стое сама во када додека јас ја бањам со тушот.
Вака всушност стануваме свесни колку течности внесуваат преку доењето откако е воведена дохрана. Не се чуди, нека пие детето.
Мене ме секира фонтанелава што не и се затвора. Еве скоро 16 м е и уште и е 1 ипол прст отборена и покрај 5 капки вигантол. Сега не ни можам на ортопед да ја носам. Ќе си пукнам од нерва.
Мислам дека до 2 години треба да се затвори.Сега во зимските месеци и интензивниот раст не знам дали би се затворила.Ама кога ќе затопли за некој месец ќе се убрза процесот.Немаш потреба од паника во моментов.Да стивне кризава па ќе одиме на прегледи. И ние тазе проодени не можеме да идеме на ортопед,а баш сега треба.
Кај синко е затворена фонтанелата. Јас ќе почекам да мине хаосот па да го носам на ортопед. Има ли некоја рецепт за постапалки?
@Milaаа991 @BabyT* како познавате дека не им се затворени? @babydust на нас ортопедот ни рече дека нема потреба да го водам веднаш штом ќе прооди (а годинка наполни во јануари,па отприлика после јануари,февруари се очекуваше да прооди),туку во септември да одиме,па таман да ни одреди колку капки д витамин да продолжи да пие. @happygirl мајка ми има рецепт за оние постапалки со мед што се мачкаат,не од овие " модерниве",ако сакаш утре ќе ја прашам и ќе ти пишам. Кога ќе дојде време и јас такви ќе правам,многу ми се убави за јадење.
Д витамин во упатството пишува од една година по 9 капки. Прва година беше 5 капки. Така и давам па кога ќе идам на педијатар ќе прашам секако е во интензивен раст и и треба Д. @hello-kitty.90 стај рецепт секако она треба да ги јаде, а за на инста ќе накитам една имам милион ствари останати од роденденот за китење.
Се осеќа кога ќе ја чепнам како дупка. Кај мојата беше широко отворена и секогаш вдлабната дури и пулсирање си гледам @babydust јас уште ја немам однесено. Секако ми рекоа за кај Антоније дека треба сама да станува па сега сме во таа фаза 1м е преодена а уште не и е научена техниката за станување. Туку пуче газ, а не и текнува коленото да го свитка и да стане.
@BabyT додека да идеме ние на ортопед и ѕвезда ќе прави Мојата малечка станува сама уште пред да прооди,ама не тргнува да оди.Обично дава раче па тргнува.Антоније многу строг со критериумиве.Го ценам неговото стручно мислење,ама он секогаш бара нешто плус од другиве.Да не го прочитав ова од тебе,немаше да знам дека мора и сама да станува за преглед.
Точно строг е ама ми се свиѓа што секој став му е поткрепен со факти. Инаку и јас од тука дознав затоа
Јас се плашам од однесувањево на син ми. Многу е нервозен,тоа што ме куби и мава не го земам здраво за готово. Него му дадов бисквита цела сила и ја демонстираше почна ја да стега,да ја гмечи да и 'рже како куче. А и општо сили добива и фацата ја менува се треси на секунда. Типичен напад на бес,но мал е 11+ месеци. Не сме дома нервозни баш периодов за да биде и он,може ли дека наеднаш заби му излегуваат? И сон никаков нема. Само седнува , кемка па ке се мава низ креветче.... А и хиперактивен незнам дали можам да го наречам сеуште,но црви има во пелените, не може на едно место да седи 2 мин,лази брзо и се сака да допри,да лижи... лудило сме периодов. А со неспиење врв
Сето ова што го наброја до сега ми личи на растење на запчиња.Мое ќере е најнервозна од забите.Има периоди од 3-4 дена кога е баш ваква нервозна и од нервоза мава по се што ќе стигне.Тогаш и давам осанит.Не знам дали ја смирува или само си поминува,ама после неколку дена е како друго дете. Пробај со гелчињата ако е многу нервозен и одвлекувај му го вниманието.Јас обично ја облекувам и носам надвор малку да се смири.И скокот ви е тука некаде.Ќе пројде,само смирено.