И кај мојов не е уште затворена фонтанелата. 16 месеци наполни. Ама тоа е, ме јаде и мене ова ама нема шанси да го носам сега на контрола по овој основ. Таман мислев да го носам ај денес, утре и ете ја ситуацијата до каде е. Нас ортопед ни рече следна контрола на 6 месеци од кога ќе прооди. Тоа ќе биде крај на мај, ама не верувам дека ќе биде тогаш, мислам дека нема да биде скроз стивната ситуацијава со вирусот па најверојатно и ова ќе го закасниме. Ние сме сега во громчето на 9ти скок. Ама се е исто и нема промени. Си игра сам, не е напорен. Единствено што постојано плаче пред врата да идеме надвор и несака дома, ама мислам ова нема веза со скокот Сеуште сме само кецови и двојки. Нема сеуште нови заби. Гледам дека се побелени и набарени 4ките ама не покажува знаци на болка. Имаше една вечер каде што стануваше 2-3 пати со плакање. Ама кој знае од што беше. Бидејќи само една вечер беше ова, можело да биде од било што.... Ново ни е што се научивме ма навиката миење заби сабајле станува од спиење и се симнува сам од кревет и право фаќа правец во купатило, намерно ја оставам вратата отворена и ја оставам четката на дофат, и ја зима и ме чека да пуштам чешма веќе цела недела ова го прави и можам да кажам дека е научен веќе што следи одма по станување. Ќе заврши со миење заби и трча во кујна и прави буууу, ова му значи на соковникот да му цедам сок периодов му цедам секое утро сок од портокал и се научи веќе. Ги сецкам јас портокалите, а тој ги пушта во соковник не ми се верува дека дома веќе имам мало човече што стекнува навики и бара сам, знае што следи и се ме разбира. До вчера беше неподвижно бебе кое дремеше во речаксатор Еве рецепт за постапалки
@AlicaInWonderland супер е што нема промени за време на скокот. Вчера,според бројки беше 64+1ден,беше неподнослив цеееееел ден. Еднаш дури го оставив да поплаче,зошто мислев дека ќе го издигнам од земја Жал ми беше многу отпосле,ама стварно подобро беше така Ама никаде неќе и во никого,дури ни кај мм. До вц одам со него,раце човечки не можам да измијам. Па и ова со коронава уште толку ме доутепува. Сака да оди,ако го држам јас за раче,добро,ако го фати мм,вришти и ме бара. Не може да го тргнам од мене барем 15 мин,да излуфтирам мозок. Се ми се собра Неќе да седне да се играме,само да оди нанекаде,или да го земам во раце,да отвара шкафови и да зема нешто и да фрла на земја. Се ми испокрши Некако друга замисла имав. Мислев дека ќе можам од почеток да го научам на ред,се мора по негово да е. Вчера дури и се трескаше од земја за да пушта вода на чешма Стварно не знам како треба да постапувам,ама ова не се издржува. Пукнав И не спие преку ден,еднаш од 20-30 мин И не јаде И неќе да се игра Периодов катастрофа.
Скроз исто како што опишуваш. Мојата е 62 недела ама го фана одпочеток скокот. Сега 2 дена е добра се заигрува, трчка, ама пред тоа О леле мајко Како за мојата да си пишувала Да надополнам :цела вечност треба за да ја успиам ако главата и паѓа...
Женски 3 дена малата ми е со температура 37.7 навечер 38 и не ја спушта,не сум дала ништо да пие..дај советувајте што да правам Не кашла нема мрсули не кива ништо од тоа па препишуваме на заби... Денес одбива и храна не јаде.. се нервирам првпат е ваква
@Milaаа991 има ли понатаму изразени скокови или се смирува ситуацијата? Ноќеска стана во 1.45 со врискање плачеше може 40минути тотално не испотресе. Со солзи рика на цел глас никогаш до сега немам видено такво нешто прво викав е скок, па можеби заби за да на крај ја расоблечеме цела и да ја провери од стомак, грло, диши диши, уши, препони, лигаменти. Не можеш да ја провериш плаче како да ја коли некој. Пуштив цртани почна да се смее. Ја облеков изгасив ламба и си легнав, скок на најјако ништо не и е. Си го изгаси сама мобилниот и се трудеше да заспие уште половина час со плачење еве ја уште спие. Прав хорор ми приреди едно време ќе ја облекував за во итна помош наспроти коронава. Ме исплаши плачењето. Вчера го одеше ходникот напред назад, а е прилично долг па греота е да не и пишам преодна оценка. Прооди малечка целосно по сите параметри. Да и запишам дека на 13 месеци проодела во бебешката книга и да направам некоја фенси постапалка да ја има на слика. Исто така се удри во ќош од ѕид и има модрица на образот: Цело време се мава некаде. Се пика под столици и нема ориентација и во металот трас мене ме боли. Во фаза е на искачување, а ние немаме скали дома. И јас не сум паметна што да направам бидејќи ми се качува на софата и потоа горе и ако падне врз цреповите од горе нема да е интересно. Не знам како да го решам просторно и што да направам? И на столиците кои се вртат се труди како мајмун да се качи, а тие се вртат и ја буткаат на земја(плочки). Од што да направам скали дома има некој идеја?
Лесни чекорчиња Емили Исто на 2 пати после роденденот ни се случи да не може да а смириме, незнаевме што и е, се тргаше од нас и неможеше никако да ја смириме.
Лесни чекорчиња кукле малечко,со леснотија и безгрижно да си трчкаш. Кога се будеше мојата така со пчачење препишував на ноќен терор и лош сон.Се случило да почне да плаче така силно во сон и се трга како да е исплашена,дур не се рассони.Пуштив тв и се потсмири.Две вечери по ред се има случено пред еден месец некаде.
Лесни чекорчиња на Емили, да чекори смело и храбро во животот, исто како мама . Најверијатно е од скокот, исто го прави и мојата сега во 8 скок. Во текот на ноќта се буди и плаче, па ќе почне да се преметка лево десно додека да заспие. Некогаш морам да ја земам во раце за пак да презаспие. А што убаво си спиеше мирно пред скоков. Исто така почна и преку ден да си го покажува карактерот, сака се по нејзино, се буни за нешто да и дадеш, па се треска од земја ако ја одбиеш. Како гума се витка кога се лути. Најмногу сака да ја качеш на кревет и да шета лево десно на него, знам дека не е убаво за стапалата ама и дозволувам по 10 мин на ден. Покажува накај телевизорот за да и пуштам цртани, па ако не и се бендиса вели не не не. Абе не ми се верува дека веќе имаме човече низ дома со свои желби и потреби. Еден ден пред големиот ден, ме дрма возбуда и покрај тоа што нема да го чекаме роденденот, толку адреналин немало во мене многу одамна . Стварно не се претерувале мајките кога ми кажувале пред тоа, ама додека немаш дете, други ти се размислувањата .
Најпрво нека и се лесни чекорчињата на Емили. Нека чекори храбро низ животот. Искрено одамна не следам скокови. Еве баш вчера ми стигна нотификација дека влегла во 10 ти скок, засега нема никакви промени во однесување, пу пу... Се надевам така и ќе остане.
Каков и да е,битно последен е Ние излегуваме од 9ти . Конечно. Како ќе биде во пракса ќе видиме,ова според теорија. Исцрпувачки скок . Емили,лесни чекорчиња @paleska3 среќен роденден на малата
@paleska3 Среќен роденден на малата, да расте безгрижно и среќно не секогаш се случува планираното ете ,но најважно е да сте заедно,уживајте во денот @FreeMind Лесни чекорчиња на Емили, да чекори храбро низ животот
Сепак бил ноќен терор вечерва не се повтори. Да си знаете останатите штом стане од спиење со врискот и не се смирува пуштете цртани прво. Фала ви на сите. @paleska3 како вчера да беше кога љубопитно прашуваше како поминале последните денови. Ве гушкам двете најсилно на свет среќен да и е на малата и ќе слави следната година дупло поголема забава од планираната да и направиш.
@paleska3 среќен роденден на малата, да биде среќна со мама и тато. Ќе се отчетите другата година за роденден и така првиот роденден е за нас родителите Малата почна и сама да станува со зорт ама станува комедии е @FreeMind дали е правилно тогаш да му се наруше сонот со цртани? Баш ќе прочитам на оваа тема, сигурно ти веќе и си ја истражила
Лесни чекорчиња на Емили. Мама да замеси стапалчиња и да ни пушти декорација @paleska3 нека биде жива и здрава, умна, а родендени за славење ќе имате многу многу Конечно мојов почна да покажува со прсте. Алелуја! Што пие кафана? Ми тежеше на срце ова абе мајка што може проблем да си смисли сама.... наеднаш не самп што ми покажува кој предмети, него и сите работи во сликовниците знае да ги покаже. Најверојатно цело време само впивал што сум му зборела и учел. Сепак ништо не е за џабе, ќе си терам јас со упорност
Фала ви многу драги мои, Тортичката е спремна , ќе ја дувнеме свеќата тројцата, мама сигурно ќе пушти некоја солза, посилно е од мене . Денес ми е ден за славење и убави работи, нема да слушам вести, не ме интересира што се случува со вирусов. Денес мојата малечка наполни една година, емоции еден куп Вие ми бевте поддршка уште во труднички, со вас ги поминав најтешките денови од мајчинство и ги споделувам најубавите моменти. Еве виртуелно да се почастиме Нека земе кој што сака
По она што го видов треба да се разбуди за да се смири, да се освести дека не сонува. Затоа најдобро е со друг сигнал да се пренасочи од теророт. Пуштив и ламба и музика претходно стана полошо. Мора да е нешто што веднаш ќе ја размрда за да прекине. Ако стасам денес ќе направам ако не следен викенд. Ти ми пушташ “болви” сега и јас ќе барам покажување со прст Дај следно што е? Кај мене меее, папа(ква ква) и мауу вика Ја збудалев скроз сега ќе ја оставам да одмори од животни гледам фокусирана е да се пика под нешто и искачува. Замисли се обидува да му се пикне на Ози под нозе, а он е 5см од земја и она се бута со главата Тоа ќе го снимам посмешно немам видено. @paleska3 јас со вчерашна слика али иста ракија се пие во моментов ќе наздравам за вас
@FreeMind ах ти кај баш мене ме најде, знаеш дека сум невработена, и што се можам да смислам по дома.... Качувањето по скали го завршивме. Ќе најдам нешто ново деновиве, на нешто ново да се посветиме. Инаку сега најчесто играме криенка. И порано игравме ама ќе го оставам јас на некое место па ќе глумам дека не го гледам, ама сега веќе е профи. Ќе се свртам да мижам и сам бега веднаш и се крие, влегува во плакари, под маса, столови. Ако не мижам не се крие Еднаш и удар ќе добиев коа се пинкал во туш кабина, ама ептен во ќош и јас никако да го видам од ѕидот....а во тек на игра јас колку и да викам тој седи, чека и ќути Нека го увежба Емили одењето па ќе правите ова. А за скали да видиш од оние сунѓерите што ги имаат по игротеки? Ги гледав јас да земеме, ама во мк нешто неможам да најдам. Кај вас сигурно ќе има. Вакви гледав, ептен ќе вршат работа за физички активности. Гледам и по амазон ги има, само зависи колку место имаш. Јас планирав до Солун да идеме за вакви и за масичката од икеа. Ама сега се е на пауза
@paleska3 Среќен роденден на куклата голема да расте. @FreeMind Лесни чекорчиња на снашка моја,многу да трчаат со дечко и Баткото мој е во некоја фаза да се му смета,фрла преку него спие само еднаш,и накај 6 саат е Среќа јас сум дома преку еден ден па му се посветувам максимално. Иначе све разбира,пред зграда имаме куќа со многу кучиња и ќе застане на тераса и ги вика ау ауу и со рачето мафта