@paleska3 среќен роденден и убав ден.Секако мама и тато највише се радуваат на роденденот,а за славење секогаш има време.
Не знам каде да прашам па овде, неплатено отсуство за нега на дете до 3 години како оди со придонесите сам си ги плаќаш или ти се води како прекин во стаж?
@paleska3 среќен роденден на малата, се наубаво, голема да расти @FreeMind лесни чекорчиња на Емили Вакви епизоди со плачење има често кај нас, баш пред 2, 3 дена беше така, никако не се смируваше и мм го зеде и го заспал некако, одвај презаспа
Кога сме кај родендените/тортите,дајте некој рецепт брз за кејк смаш и за топинг одозгора, освен абц идејата на @Milaаа991 што не е воопшто лоша
@paleska3 најсреќен роденден на малечката. Ќе славиме наредната година, ќе надокнадиме и за сега. Кога почнуваат тантрумите? Девојчево мое до сега пиштеше и заспа со липање. Има четка за заби курапрокс и ја обожава. Секоја вечер миеме заби, па малку си игра со четката и правец во кревет. Е сега не сакаше никако да ја пушти, па кога почна да вришти кога и ја земав, зајде, помодре. Маж ми вика дај и ја, греота е. Ама не попуштив, ќе се научи дека може да си добива така што си сака. Трескање беше ова, вриштење колку ја држи глас и еве уште липа во сон.
Исто после роденден почна вака, имав пишено. Сега не дава да и чепнам во храната, остај што сама јаде, туку пример ако треба да и помогнам не дава туку почнува да вриште и после не сака да јаде Сега се лути пак за се ама ја навикнав, само знае да се мава назачки па ја пазам да не се рокне.
Бидејќи од 12 месеци ќе даваш монте пудинг можеш и со тоа да ја намачкаш, со готов пудинг да не се мацаш за џабе. Готови кори и монте за пет мин готова ќе биде за шлакање. Од првата година за да засилат до втората и да го имаат пикот пред третата година. Баш така почнува нема да ја препознаеш за некој месец. Ама и да не и ја дадеш четката не знам дали учи така дека нема да е по нејзино или ќе ја налутиш секој ден да ти се траска од земја. Истото го прави и кај мене. Надвор не можеш да прошеташ сака на земја да седи и со камчиња да игра, а прашина на улица и луѓе што газеле во ова невреме што да ти расправам. И како на филмовите витка колена легнува се влече ја креваш во раце се фрла наназад...Рацете полни со камења и дрва не ги дава да и ги измиеш до липање неколку пати на ден. Како ќе не биде понатаму не знам. Многу ме лути мене оној однос како ќе останам смирена се прашувам. Читам за тантруми како најлесно да ги поминам али сите се со “смирено”, “трпение”. Тешко ќе биде.
Фри како јас да сум пишела Исто е скроз, во двор го ваѓаме надвор истово го прави, пред недела кога лапна еден камен одвај го извадив. Утеха ми е малку дека е дома во двор, свекор ми само мие секој ден тој е таков перфекционист, можиш да макаш од плочките
Еве ме да честитам,малце доцнам но без замерки молам @paleska3 да и се множат годинките,да биде жива и здрава да ве радува и да се гордеете со неа. @FreeMind лесни чекори на Емили,нека чекори право во ова време-невреме
@Lolipop23 мислев никогаш нема да го кажам ова али со јадењето сврте кај мене исто како со спиењето. Од кога се изнаплакав овде со денови од денот кога пишав во темата за што јаделе денес поминаа веќе 30 дена. Чекав толку долго зошто не можев да верувам дека ќе трае. Од нејадачка преку ноќ во јадачка. Има некои јадења што не и се свиѓаат али не и давам менувам друго. Воглавном јаде се и јаде соодветно возраста. Пример за ужина вчера цел шол за чај супа изеде. Еј цел шол немаше изедено од кога почна со дохрана вкупно И вратив и образи и сВе се спремам за тројките нека има залихи. Детево ми врти преку ноќ неспијач/спијач, нејадач/јадач )
Фри кои се фази ги помина со Емили. Како 3 различни деца да исчува Кај нас такви големи и нагли промени оваа година ипол скоро, немаше Инаку еве го почна и да покажува колку години има. Знаеш што си мислам, пред 3 недели пишав дека почнав да ја следам дани и ја читав темата и почнавме со сензорните игри и вежби. Секојдневно се занимаваме со нешто на кое претходно не обрнував внимание. Па можеби токму на ова се должи напредокот со покажување со прст на предмети, покажување на животни, фигури, предмети во сликовниците, и покажување на колку години има. Сите овие работи всушност имаат иста основа, покажување со прсте. Па може е резултат на ова. Почнав низ двор да го оставам да прави што сака. Само трчав по него не ова - не она. Сега седење во кал, бркање во песок, качување на лизганица, влечење претмети ваму таму, валање во трева, седење на земја и игра со каменчиња.... го оставам што сака нека прави. После бањање па влегување дома само “не” велам за ставање во уста. Полесно е вака и повеќе се заигрува. Следната недела да се стопли па ќе го оставам и во вода да брца
Браво за малата. И кај мене смени со јадење, ама не толку драстично како Емили. Јаде, ама дефинитивно не е јадач и не можеме никаки да мрднеме во позитива од тие 10 кг. Додуша не е голем јадач, ама затоа е голем какач. @AlicaInWonderland исто така мм ја остава во двор што сака да прави, јас не можам, жива се јадам, едноставно сум бактериофоб и педантерија и не можам. Затоа ги оставам сами во двор и кога ја носи дома ја капи, облака во чисто и ми ја дава. По алиштата гледам дека лудо се забавуваат, кал од глава до пети. Дури и во памперсот има земја, си турала со лопатчето и фрлала на горе како дожд од кал. И јас додуша отрпнувам до некаде и ја оставам работи што не ни сонував дека ќе ка оствам, ама срце ми игра во градеви, не ми е сеедно. Најака ми е во последно еве скоро 1 м кога и даваш нешто што сака вика фала или кога таа ти дава ако не и речиш исто ти вика фала.  По цел ден скока, трча и се искачува и си вика опа опа како зајаче мало е. Дека и ситна, право зајаче.
Јас дозволувам се, нормално што е не животно загрозувачко. Сега дури кога ја прашуваме каде е 'нештото' освен со прсте вика и евее . Стое озбилно и зборува цели реченици ама од реченица може да разберам само папа, меко, ајде, нане, кој знае што си кажува Од успех научи да пие од сламка Жими успехот Кога сака папа и викам да си дојде тате и ќе одиме папа. Па стое на вратата и вика татее ајде И што е најјако не заборава што сум рекла, кога ќе си дојде татко и, зима палтото го облекува (само едниот ракав го научи) и тргнува на вратата со ајде Колку брзо растат луѓее
Навистина детево ми смени после годинката во однесувањето. Како наеднаш да почна да разбира многу работи. Знае да се симне од кревет со нози, си се врти, се симнува и продолжува да си оди каде сака. Се пушти да оди и повеќе. Почна да оди од дневна до спална, без да се држи па со ова ја сметам и официјално за проодена . Ако и подадам играчка што не ја сака во моментот, вика не и замавнува со рачето. Кога нешто сака вика да. Покажува на шишињата кога сака да пие вода, или ако си го најде на маса го зема и си пие. Играме брканица и криенка, почна да вика и ѕе, многу е смешна . По дома и јас и дозволувам се, освен кога може да се повреде и кога сака да крши нешто. За јадење нема проблем, постојано да и даваш, мислам дека ќе јаде. Ако здогледа некој на маса да јади, одма оде и таа и вика ам ам. Само навечер почна да ми се буди оваа недела, најверојатно е скокот заедно со излегувањето на долните двојки .
Богами како две Емили да имав досега од една крајност во друга едната траеше десет месеци, со јадењево точно 7 месеци и сврте. И точно на месецот прави преклоп баш интересно бебе. Се ми покажа досега што може можеш да замислиш како ќе ги минам тантрумите јас може и во затвор да заглавам покрај некоја драма на улица. @Milaаа991 абе јадење дури се тепа сама си пика во уста си џвака она истото јадење на кое плачеше како будала. Сигурно е + замината јас ја гледам во образите прво се дуе како со цевче, после мешлакот го дуе и знам дека си иде на свое. За давање и давам се што сака али не бе пред зграда, во лифт, на скали онаму баш кај што не треба периодов. Плус се пика во уста, а јас нечисти раце во уста не можам да преживеам и нема да дозволам. И така плачки па смеа по цел ден. @paleska3 лесни чекори на малата да трча безгрижно покрај вас Нема лабаво цела екипа вежбани бебиња досега пу пу одиме сите под рака. Ги чекаме на @hello-kitty.90 лепотанот кој полека, но сигурно сите фази ги изоди машки со мамица, браво за мама. И остали што следат допрва да се затрчуваат во тодлери.
Вчера имавме смешна ситуација дома, мм ја избричи брадата (не дека има многу брада и влегува и синко прво се расплака, потоа отиде кај него и го гледа и се потсмева како со резерва после пак му се пули чудно (ко да не го познава) леле смешки беше цела вечер се смеевме со мм. Почна често да ме бара, додека сум на работа му текнувало и велел мама, мама и во врата покажувал со прсте и натажен бил Пробува да повторува зборчиња и некогаш пушта по некое ново зборче, ама не поврзува сеуште зборчиња што мислам и дека и рано е ама секое дете е различно, па кога сака ќе си зазборува. Ако се налути за нешто одма главата ја мава во подот, во масата, во било што и мава, после плачи и се држи за чело и на крај покажува кај се удрел и мава и тој (ова го научија баба му и дедо му, јас несакав така да прави ама кој ме шиша мене ама е смешен почна да одбира кои цртани ќе ги гледа, ако не го сака ни дава далинско за да му смениме За јадење машала се јади и тоа многу, ама тој од секогаш си јадеше така, затоа не се загрижувам уште, ако сум дома му водам рачун за се, ама кога не сум незнам колку јади. Не е здебелен по алиштата се познава, не го имам мерено повеќе од месец, а должина повеќе месеци ама се гледа дека е издолжен. Се разбира, се сваќа само еднаш да му кажиш нешто и толку го знае, го памти, како со голем да се расправаш, често му правам дома сензорни активности исто учествуваме во Активности за деца, се интересира, се вклучува во акт, најмногу сака со вода да си игра, најсреќен е тогаш п.с како си ги фалиме децава
@lackygirl јас сеуште немам видено фалење само означување до која фаза е детето. Фалењето е сосем друго као мое бебе еј на 7 месеци трчаше низ врата. Оно бебево нејзино до 18 гз не помрднало од земја на 24 проодело и така натаму. Ама ние сме си наши и точно знаеме со овие милји кое до каде е нема мрдање
@paleska3 лесни чекорчиња на малата Исто така лесни чекорчиња на малата на @LoveHope, поради напорно работење нема време да не дружи, сигурно ќе се одолжи со едни постапалки Нов хит кај малата ми е како вика по мачето : "Њачее, ејјј, ајде
Фала другарки, викендот што иде ќе се прават постапалки. Така ни се погоди, сами ќе си ги изедеме . @LoveHope, лесни чекорчиања и на твојата кукла, гушки до тебе, држи се во овој хаотичен период