Читам за зборчињава и паника ме фаќа,само мојов ли не кажува зборчиња А за разбирање се разбира,и команди и се. Туку незнам вие како издржувате дома ,ние побудалевме детево 100 посто е сменето.
Мојата на 5ипол м првпат кажа мама, од тогаш не е заќутена Имам блиско дететенце во фамилија 2ипол години е, зборува колку мојата. Простор за паника секако дека нема, секое дете различно напредува. Баш тоа го коментиравме, мојата па по слабо и одат игрите, шејп шифтерот и слично.
Не ја гледај ти лепотицата на @BabyT* Она е најнапредна во групава ја коа ја читав ме фаќаа паники, плус нашиве ептен малку се разлика. Ама си легнав на брашно. Арен е мојот, во некоја средина. Ни напред, ни назад Ама од лепотицава секако е назад Си ги фалиме, си се жалиме, се тешиме коа имаме бубачки во глава Барем овде можам да си правам раат и реален муабет за децата кое до каде е. Муабетите со пријатели ми се ко натпревар некој. Кај сите се е совршено, децата чиниш ќе почнат азбуката да ја рецитираат на година ипол. Ние вака, ние онака.... Една некна ме убедуваше како нејзиното на 10 месеци почнало да КАЖУВА дека и се мочка. АМА не ја одбила од пелени тогаш туку после ја одбила, на 2 години. На друга детево сложувалка редело на една година... Мојов пример касно почна да лази. На 11 месеци. И јас нормално мајка ко мајка радосна да си се пофалам, и коментариве: ееее моето лази од 7 месеци, еее он веќе требало да оди ме да лази....и такви глупости. Тука си немаме така
Хелоу дер. Баш на babyT и кажував дека ниту ве имам читано,ниту пишувано. Лесни чекори Палче.. Се сеќавам кога пишуваше во подршка дека си бремена. Иако не сме пишувале лично, како многу пријатна личност те доживеав и многу бев среќна кога прочитав за бременоста..Мислам дека ти честитав во лп. Невер мајнд, се распишав.. Денес нема пациенти,хроничната терапија горе доле препишана,користам прилика од тастатура да пишам. Малата преоди. Преку ноќ почна да трча,лудува, вози некои кученца со рачка,игра на песни како балерина се врти,раце горе, се тепа... Не смее мама никој да јја гушне,одма тепа. Оди запали ја сијалицата,оде.. Се пеглав вчера косата, она чешелот го зема во рака. Мама ајде исчешлај ја косата, се чешла бе.Срцка.. За јадење-од овошје банана,портокал, боровинки, останато јок,вика бљак. Супа- се дави во супа,патлиџан исто... Знае каде стојат смоките и оде да бара. За кратко време многу порасна, многу е паметна, се прати. (Не го пишувам ова од типот-фалење моето вака прави и сл), туку од чудење, како може мало суштевство многу работи наеднаш да учи. Никогаш не одев со споредување на малата со други деца,без форсирање. Се во свое време. Запчиња имаме кецови горни и долни.Видов двојка горе пробила, се изнамачи со забите Ве поздравувам
Најнапредна не би рекла, од аспект дека игрите за фина моторика и се назад, некако не ни ја интересираат и повеќе се занимава сп глупости. Гледам секој ден да има по некоја активност ама не е баш заинтересирана. Брборка си е по татко и
И што ако ја научам да моча на нокшир на година? Или ако кажува бројки до 10 на 2 години?Знам деца што на 2 години збореа како навиени,па ете ги сега во школо не се баш за фалење.Тоа се тие комплекси на нижа вредност што некој си ги лечи преку детето.Ниту сум фалела мое дете,ниту сум потценувала туѓо.Секое детенце е убаво. За зборење мојава кажува по две-три букви од неколку зборови што ги знае,ама за разбирање разбира се.Десетина сликовници точно ги знае која е да ти ја даде.Ама секој ден ги " читаме" т.е. јас си ги кажувам по сликите.Играчки не ја интересираат.Сега е во фаза да претура нешто од еден сад во друг.И да претура по фиоки со алишта.Вади и фрла се надвор.Ако здиплам нешто,одма го растура.За растурање и нема рамен.По цел стан носи што ќе стигне.Веќе во секое ќоше има играчка или кутија со нејзини збирштини од шишенца,кутии за апчиња итн.Само зборам,не ме регистрира.Ако и кажам не,се мава по глава( како ме нервира со тоа). Не можам да ја пуштам пред зграда да фаќа од земја,едно што не знам кој поминал пред нас,а друго што става во уста.Пред кризава и давав,ама сега ми е страв.Ви завидувам на тие што си имаат двор,нема ништо поубаво од тоа. И да не заборавам @paleska3 лесни чекорчиња и уште малку да си трчате заедно. За @FreeMind само сакав да кажам,ти дека си била со краток фитиљ па Емили те учи на трпение Сега имаш живци - кабли.
Немојте со на @BabyT* во зборење да се споредувате или со некој од Кавадарци тие во секунда сто збора кажуваат, друга лига е тоа. На бејби малава на три години од Кочо Рацин Ленка ќе ја рецитира без проблем Нема шанси кај мене тоа. Јас ќе бидам среќна да каже некој збор плус на 15 месеци и ќе го сметам за успех. Приметив од кога почна сама да јаде фина моторика развива многу добро. Сега краставицата на мали коцкички ја сечам и секое едно го фаќа и го става во уста така да игри не и требаат кога има три оброци за вежбање. Од игри само одење сега ништо друго не ја интересира. Чевлите изгледа и се мали веќе, на колку ги менувате обувките? Ќе банкротираме со обувки изгледа ако оди вака на два месеци нови. И наутро им миете заби или само навечер? Ми затвори заболекаров со коронава да ја прашам дали да уклучам и наутро миење.
Која ја прашував матичната она ми кажа дека најбитно е да слуша и извршува команди,се друго ќе си дојде со време. Ама јас пустата само нешто паничам. Никакво фалење,ние во темава сме сите +- од труднички и нормално си продолжуваме со совети и искуства за дечињата. Имам една колешка ме слушна кога ја прашував другата за зборењево,она се убацува не повикана со мојот збореше течно како вода Никое дете неможе да спореди така да никој не споредува тука. Туку само искуства.
Каква четка за заби и паста користите? Заборавив да пишам во постот погоре, јас и боцкам со виљушката а она сама јаде хаха. Десничар.
Да, да. Несакав да правам споредби. Онака ко на шала повеќе спомнав, бидејќи оддама се гледаше дека бејбиТ ќе има брборка и стварно има голем фонд на зборови во споредба со генерацијата. Ама ете секое дете си влече ма различна страна. инаку му текна сеа тоа да прашам. Ги имате приметено дали се леваци или деснаци. Јас пробувам да укапира ама не иде. И двете раце ги користи подеднакво. Кога ќе му правам здраво ж, некогаш ќе пружи лева, некогаш десна. Исто кога јаде еднаш лева, еднаш десна. Топка кога шутира исто. Пенкало кога му давам да шара исто.... Така пробав на повеќе начини да видам која ќе ја форсира ама ништо. Кај вашите има некој знак или рано е за ова да се дефинира?
@AlicaInWonderland стварно имаш многу слободно време од кај ти текнуваат Ај поплукај ме да ми е левак мојава? Иначе на бејби ако мажот и е брборко можам да замислам мајка му што е, машина
Мојава подеднакво е успешна и со лева и со десна во боцкање и јадење со вилјушка и лажичка, ама некако преферира со лева. Баш се прашувам дали ќе биде левичар? Инаку четка курапрокс, а паста на чико користиме и и ги мијам еднаш на вечер само.
Ме пресмеа, среќа мм спие па не ме слуша Ванѓо бре како погоди Не машина жено, центрифуга @AlicaInWonderland повеќе фаќа со лева, пример кога јаде. Ама што знам мислам рано дека е да се каже
Затоа ја сакам темава и екипава, слатко си се насмеав. Тука нема препукувања и докажувања, со тек на време се научивме и има само шали и корисни совети. Затоа не коментирам многу во другите теми, се нервирам кога ќе се скараат за некоја глупост или се пречкаат. @LoveHope дојди да те гушнам Во врска со лева или десна рака, не сум приметила сеуште, некако кога беше помала како повеќе да држеше играчки во левата, но сега мислам дека подеднакво ги користи. Не ми ни текнало да се продлабочам за тоа.
И батково личи дека е левак ама ќе видиме мислам дека уште е рано. @AlicaInWonderland Нека ти текнуваат свашта,јас немам многу време за прапување пишување вака тебе ќе те читам
И јас ова го правам. Некако ми се причини дека левата ја користи повеќе па го тестирам малку. Испадна дека и двете исто ги користи. Четка и паста од чико.
Лелеее Фри што ми кажуваш??? Зар е можно Емили да пројаде? Зар има надеж дека и Антонија ќе стане јадачка? Значи вистина е што велат дека нејадачите после годинката пројадувале!? Уффффф само да е така, ќе частам се живо! Туку.... 2 месеци мислам дека се точно разлика, ако Емили јаде веќе 30тина дена, значи кај и да е за кратко и мојава треба да почне... Знаци за тоа нема никакви се уште, една готова каша од 190г два дена ја јаде и уште ја нема изедено. Овошје па да не зборам... и таму нема промени. Од нашето топено неколку залчиња и тоа не можам да ја додржам во столчето, песнички не ја интересираат, само предмети да и давам во раце, а таа да ги фрла и така во круг додека не и здодади. Инаку ние роденден прославивме во саботата, домашните, мајка ми и сестра ми беа, друг никој не викнав, тортата ни беше Кокомелон, надував неколку балони, украсив минимално, ама децата беа пресреќни. Син ми дури ми рече и неговиот роденден дома да сме го славеле. Знам има многу дечиња што ќе слават 1ви роденден периодов, па генерацијо Среќен роденден на сите!!! Околу напредокот мојата не збори многу, само мама, тата, баба, деде... да и не. За играчки многу не е заинтересирана, само сака да фрла и да растура... ако сакам 10тина минути мир, раат кафе да испијам, ја оставам да брка по фиоки и дур не извади се од нив не престанува . Грубата моторика и е многу добра, не оди сама се уште, се придржава до мебел, ама за качување и пентерење е прва, имаме куќичка од тие на Фебер, едната страна што и е за искачување, сама се искачува до врвот, на тобоганот исто, ќе се искачи до крај, само помош и треба да седне на врвот и потоа во секундата се пушта... а пробува и оздола нагоре, го имитира брат и... бестрашна е, што од една страна ме радува, од друга ме плаши. По скали ако се 2-3 ќе се врти, ќе се сука, сама ќе се симне без да се чукне. И посветив малку на тоа внимание оти во купатило на влез имаме 2 скалички кои можат да бидат многу опасни за мало дете, а таа штом начека отворена врата право таму оди, па ми беше важно да знае да се симне. Во двор ја оставам да лази, да седи во трева, песок, да си игра... става во уста се што ќе најде, земја, каменчиња, дрвца...по тоа прашање сум ептен опуштена. Во песок обожава да си игра, се потура насекаде, па и врз глава си става. Ете сега кога ви пишуав ми текна дека ММР имавме вчера, а јас скроз заборвив, секако не планирав да ја носам ради ситуацијава, ама сакав да се јавам да им кажам. Одговорност на ниво!
@Lolipop23 Среќен роденден на Антонија, преубаво име има @paleska3 Лесни чекорчиња на малата,кажав јас ќе има постапалки околу роденденот
@Lolipop23 чим мојата и на Мила пројадоа чекај го денот кога ќе те изненади. И 190грама тегла на јадење си јаде од оние ручеци на хип од 1-3 години цело такво кутиче мислам дека е 250гр. Просто на очите да не си веруваш. Важно сеуште молчиме додека јаде од страв да не прекине да јаде Среќен нека и е роденденот патем голема да расте Битно е сама да јаде, ако е со лажица нешто јас ка ранам оти си фрла зад глава и немам време да ја бањам три пати на ден па и пуштам цртани. Патем веќе и одбира кои цртани ќе ги гледа кокомелон само новите старите и се мех. Биби ми е многу убав цртан али не и се допаѓа премала е за него. Ги гледа сеуште со песнички што се цртани и џерманциве имаат како во градинка емисии со песнички и тие ги гледа.