Ние многу слушаме едно видео од златните славејчиња на Златна бубамара што гостувале. Има повеќе песни во тоа видео. Дома караоке правевме. Прво јас и мм играме, таа не имитира. Па обратно. И нааааајомилена песна каде што тело ќе искрши од играње. Оле оле од МС Стојан. Многу сака манџи, не сака овошје
@Spidy мајче дома си сега сигурно, пиши некој збор @Bella* и ти mommy of 2, се среди ли осипот кај малата, како тераш, пиши нешто за нас што планираме второ наскоро
И мојва слабо со свежо овошје. Само банана, боровинки, аронија и ако е расположена некогаш портокал, мандарина и ептен ретко јаболка и круша. Се ми се чини секој ден истите овошја ги јади. А некои денови и воопшто не јади овошје. Купечките смутиња мн ги сака, ама избегмувам да и ги давам, знам дека не се баш најкорисни, но некогаш за ужина кога не сака свежо овошје ми бркаат работа и тие.
Имаш ли пробано да и го правиш смутито со јогурт? Пример јогурт банана, малини и вишни. Или да јадиш пред неа и да гледа и да побара.
Не сака овошни јогурти ни домашен ни куповен. Овошје исклучиво заедно јадеме. Таа ме рани мене, а јас неа. Само банана некогаш може да и текне да побара и цела да си ја изеде сама без молење и боровинки. Мандарини и портокали ги лупам од она како најлонче и и ги ставам во уста, а таа мене и така некако се лажиме. Плус цртан да има и да е подзанесена. Маки со овошјето. Имаше периоди ич во уста не ставаше.
Исти сме со овошјето Овошни каши од старт не сака,а сега сум среќна кога ќе изеде третина банана или пола мандарина за ужинка.Денес после долго време проба пак кива и ја засака за чудо.По манџите е и мојава ама плус малку лепче мора да има.А за лепче душа дава.Мафини или месено секој втор ден јаде обавезно со јогурт. Не сум пробала уште овошен јогурт,да пробам и тоа.Може ќе упали. Да ја гушнам @happygirl Ми недостига. П.С.Од Биби Азбуката напамет ја знаеме и песните.А цртаните не ги гледа.И Златно Славејче сите песни ги научив од 2010 до 2017 и цело хорче кое дете каде игра.Можете и да ме испрашате - се знам.
Уште од почеток мислев дека левак ќе биди дечково мој, ама сега двете раце исто ги користи. Мислам дека до 3 години така било, потоа ќе видиме што ќе бидат Иста ситуација, ова па само банана и јаболка јади Си јади повеќе манџи, супи, зеленчук, еве го сега јади салата туршија, кисели крставички, мајка ми има само со киселина без есенсија и мн сака кисело.
Се среди осипот бејби,фала на прашање добро е се Искрено,баш сабајлево размислував дека уствари мене топ ми се погоди карантинов со бременоста сега не одам на работа и ако продолжи до мај ова таман ќе врзам со трудничко Да не бидам лоша жално е ова со Коронкава ама и идењето на работа во трет триместар полошо ќе беше за мене Вака друго супер сум,среќа е да имаш лесни бремености Најубаво чувство е кога Дора секое сабајле ми го гали мешето,топење... Дај боже да биде така и кога ќе се роди Ајде карантинов може ќе ви се погоди на сите за второ
@BabyT* дома сум, веќе 2 недели. Ординацијата е затворена скоро од старт на карантинов, на почетокот одев по некој саат за итни пациенти, сега веќе скроз забранија работа и сум дома. Ве читам секој ден, уствари освен на форум и немам што друго да правам Не сакам да пишувам негативно, ама умрев од досада, се осеќам врзано и затворено, дури и маж ми ме приметува дека сум нерасположена. Затоа поарно да си ќутам, да не ширам негативности. На тема деца од 12 до 24 месеца, моево со 14ипол се навило како саат, секој ден измислува нов збор. Се е бебешки и само погодуваме што сака, ама има вокабулар за извоз. Излезе втората двојка, си се смири детето, само ам-ам бара деновиве. Вака затворени морам да признаам дека секакви глупости и давам да јаде. Смоки, чипсови, благо, соленки, се што јадеме ние мора да проба. И готвам секој ден 3 солидни оброка, ама измеѓу нив не прошол ден без грицки. Од сабајле и давам млеко и овошје, и после само оди и покажува со прст што сака. За овие две недели се си научи кај стои иако не и е на дофат. Ја изнесов сабајлево на снегот, карши зграда имаме мало згарадено игралиште, знаев дека нема да има никој во 9 сабајле. Каков снег бе, женската сака "шета" (едно од ретките зборови кои правилно ги кажува), да го држела каишот на кучето. Кејфови до даска, ни снег ја интересира ни ништо, а кучево ја мкне од крај до крај, се да измоча. Пустиот, и он едвај чека надвор. Измрзнавме сите, ама битно подишавме воздух. Од новости, се прекачува преку оградата од креветот. 5 пати се акна вчера од дрвената ограда, ама битно влези излези си прави во креветчето. Се мислам да извадам една од решетките и да ја учаm така да се симнува, иначе ќе ја најдам со дупната глава некој ден. Не сум била јас вакво пргаво дете, тек сега ќе почнува со луди идеи да ме нервира.
Здраво женски, тука сум и јас. Ве читам, и работам од дома втора недела. Мм е ангажиран максимално околу синко до 17ч, морам да сум на тел и компјутер јас. Периодов ми е за никаде искрено, душата ме боли заради една трагедија во блиска фамилија. Не можам да го преболам тоа што се случи. Ама да не ве замарам. Зборевте за споредби, на другарка синчето е 3 месеци помало од моето. Нејзиното прооди порано, и таа цело време ми даваше совети како и моето да прооди. Сега кога и кажав дека синко оди, нели да се пофалам за неговиот успех, таа ми рече " ооо мојот трча веќе, не оди". И џабе е со такви луѓе. Ама ич не и се замарам. Синко секој ден е се поинтересен, уста не затвара, цело време зборува нешто. Покрај имитирањето на животните, знае да каже зајче, ама многу смешно го кажува. Ајде вели, брм брм за колите, обожава да гледа коли и надвор и да ги вози дома неговите. Кажува баво (браво) за нешто кога сам ќе направи. Домашните мама, тати, баба, деде стандард Си ги раскажува сликовниците со животните. Не изненадува секојдневно колку многу разбира, колку брзо пораснаа еј. Човечиња станаа Боцка со вилушка со десната рака, ама топките ги фрла со лева. Може левак ќе биде како мм. И така, се расприкажав. Постапалки уште не сум направила, ќе треба сами со мм да ги јадеме.
@S.J.Parker и твојата ли збори како комшииве? @Vaga~ што се губиш пак, пофали се до как си? @***Bony*** среќен роденден на куклата
@FreeMind збори, домашните сите не реди, дури и се дере ако некој не е тука, мисли ќе ја слушне, даде, тета, мачето прави ма, кучето ааа, кравата ммммм, да, не, нема, тао за чао и мафта и одма лази во друга соба Покажува со прсте, си игра самата, ама некој да има до неа обавезно зошто а начека отворена врата искача низ неа или право у штекери брца или па во кујна се исправа и ги влече фиоките, или се исправа кај тв и мава по него На подлогата сите животни ги знае да ја прашам кај се ама кога е расположена, ако не е она оди со прсте до секое од нив и ме прашува м? Не сака многу коцки, ама затоа брмчи со колите низ куќа, и оние за редење што се како на стапче што се ставаат ги реди цело време и мора браво да и кажеме сите, ако не, не опоменува. Мака си мачам си јадењето уште. Доручек и ужина без проблем ама ручекот слабо, сака од нашиот и давам ама ја ранам саат време и обавезно со цртани, па госпоѓицата и ти покажува да и смениш канал кога не и се свиѓа цртанот. Заби уште само два има, горе се спремни сите 4 да излезат можда затоа и ми станува навечер периодов и тоа е тоа. Уствари ја одложив ММР ради коронава. Јас на работа свекрва ми ја чува и најтешко ми паѓа кога ќе си дојдам влегувам директ во купатило на туширање, пресоблекување, дезинфикување а Антонија мава по врата мамаааа мамааа ПС Лесни чекорчиња на Емили, и мојава се пушта по 4-5 чекорчиња ама три- четири пати во денот, за поише ја мрзи
Читам редовно,ама од дечково не можам да пишам како е кај нас,само ме шета за раче од соба во соба,таман расфрламе на едно место,ме фаќа и води на друго. Па маж мора да оди по нас и да собира Што му е не знам,ама не ми дава ни на метар да се одалечам од него,а недај боже да излезам од соба,плаче,вришти,толкави солзи и се зацрвенува во лицето Во никого неќе да оди,ни кај татко му,па затоа наебувам јас,ама овојпат ептен. Фаза ли е ова некоја или моето е стварно приврзано ептен за мене? Ама ми изгледа дека се плаши дека ќе го оставам,а кај ќе одам,кога не можам да мрднам од него А и не сум го оставала па да се плаши Пред некој ден го оставив да се игра на ламинатот доле,му побегнав да измијам заби во вц,почна да плаче,го викам и мислев ќе долази кај мене,он пробал да се фати за петоседот и да стане и падна Ептен ме исплаши,прво паѓање му е и на главчето наназад сигурно паднал Ќе има ли уште вакви паѓања во иднина,допрва следат? 15 месеци полни за некој ден,сеуште го усовршува лазењето,многу сака да му се малку подотворени вратите и демек ми бега. А коленцата цели со модрици. Лази и директ кај мене ми се исправува за ногата да го земам во раце. Во почетокот се повеќе фаќаше и работеше со лева рака ,ама мислам дека така фаќаше дека јас кога му подавам со мојата десна рака,него му е поблиску и полесно да си земе со левата (мое објаснување) ,сега ако јаде или фаќа нешто се мести и подава со десната рака. Иако,сеедно ми е,а со десна,а со лева,исто ми е. Кога веќе зборувате за овошје,моето ич неќе,ништо од овошје ни банана неќе. Некогаш пие сок од портокал. И со јадење уште не се оправи,па ни со спиење мислам дека моево е најпроблематично од сите врсници тука . Оброците ни се некако недефинирани,ако јаде малку за доручек,после не јаде ручек или ги спојува ручекот и вечерата,и тоа количински не јаде онолку колку би требало. Сака сам да јаде,па обавезно има една лажичка за него,една за мене,да протнам нешто набрзинка. Иако кога неќе да јаде,не можам да го излажам,одма станува и бега. Ама затоа цица и цица и цица Давам монте,смоки,животинско царство или киндер,ама и по благо не е многу Јогурт сака и краставица и зелена салата му се хит деновиве,ова дека се жалев дека не јаде салати ,па сега надокнадува. За одење ќе почекам уште,сите не претековте ама дечково зачекорува полека но сигурно Ќе биде. Ми рекоа требало да му го пресечам стравот со ножици околу куќа и немало да се плаши и ќе почне да оди Што се нема да слушне човек и што е најтрагично од млада особа е советов ФРИ да ја каже тајната на успехот со спиењето и јадењето на Емили, мора да допринело нешто и што ппчна да јаде и да спие и се како што треба. Сподели барем со мене,па и некоја бајачка да е во прашање Од мака се ќе пробам Да не е поврзано јадењето со одбивање од цицање или не? Некој твој заклучок ако го има. Барем со јадењето да ми помогнеш,па со спиењето ќе се мачиме уште. Станува на 2 саати,цица и за брзо пак заспива,па колку толку,подобро е од претходно. Читам и многу ви зборлести децата ,моево и не е толку,оние основни зборчиња кажува,ама да му се разбира и да поврзувам што сака да каже,сеуште не,ниту пак пробува нешто многу да збори. Се си зависи од детето. Внука ми за првиот роденден баш некако зборуваше и можеше да се поврзе што сака,баш како малата на Бејби,моево јок. Ќе биде и тоа. Дремкиве пладневни како ви се? Моето спие само еднаш од пола саат до саат,и пак навечер до 12 не можам да го успијам. Цел ден го молам да се заигра нешто,неќе,а кога ќе дојде време за спиење тогаш се влече да се игра и ако не му дадам почнува да вика и да пробува да ме гризне за рака. Ама затоа сабајле спие до 10 .
За спиењево да ти кажам дека и мојата толку спие. Ноќе од 9 до 7 сабајле, и 1-1ипол саат денски (иако знае да изненади и до 3 саата некогаш), значи вкупно исто ко твоето. Се дури спие ноќе, не ми смета, ама по некоја статистика, на оваа возраст (14-15 месеца) треба да е малку повеќе спиење во 24 часа.
@Lolipop23 среќен роденден на малата со закаснување, голема да расте @hello-kitty.90, малата само што наполни година, сеуште има две дремки, првата од околу час и половина и втората од еден час. Заспива во 22 часот, спие до 7 и пол - 8. Оваа недела ми се буди, незнам дали е од забите или скок. Онака плаче и сака да ја држеш за пак да заспие. Се надевам ќе и помине за брзо
Kitty ова со плачењево и одењево исто сме! 15 ипол месеци сме точно оди 5,6 чекора сама и оп одма седнува доле или се задржува за нешто,секој ден овие 5,6чекора се мотивирани од нас ако ја пуштиме од рака А сама да стане да оди никако,а искрено ми личи дека е од страв,само незнам зошто и од кај тој страв... :/ почнувам и да се напињам зошто толку касни со проодувањево а месец дена како се пушта а никако скроз Со плачкиве дa не правиме муабет,од 15 месеца т.е откако останав дома во карантинов како лепак е за мене,се одерува ако отидам до wc или до надвор да фрлам ѓубре,мм вика жено јака ти душа Него го бутка,бега бега му вика и накај мене дa e допрена што и да прави Wtf Сум секој ден хаха,и плус хормониве ми вријат... Само да се живи и здрави не престануваат да не чудат секој месец со нешто ново Сега кога имавме проблеми со забиве во Ремедика ја носев и ми нагласи педијатар дека оваа втора година кај секој е најтешка
Овошје синко обожава, секакво јаде. Ама затоа ручекот со зеленчук со лажење мора да е за да го изеде. Кисело млеко исто сака, па барем за вечера ми е лесно. Чоколадо уште му немам дадено, не знам зошто, ете не ми текнало да купам Животинско царство едно. За спиењето, последнава недела спие по 1 дремка само, отприлика 1-2 саати. Ама џабе, ноќна птица остана синко, секоја ноќ до молење и мнооооогу нишкање заспива дури околу полноќ.
Ова кога ќе се разлајкам кај сите ми е од кеиф да ве читам плус со лајкот си одбележувам до кај сум прочитала за некогаш кога немам време и ми остана навика Бележник ми беше лајков, а сум голем хејтер на лајкови ама вас не можам да не ве лајкнам. За спиењето еве од денес менува досега две дремки една два саати една еден саат/пола саат али синоќа ми протестираше до 12 на полноќ и вторава дремка ја укинувам од денес на сила. Немам јас толку сила да си играм до 12 паѓам. И јас сум душа не оти на некој му е гајле ама јас да си кажам. Не знам како пројаде преку ноќ. Исто како што не знам како преспа цела ноќ. Не оти не се буди се буди за вода неколу пати али брзо заспива и не го сметам за ремет. Со јадењево изгледа има врска осамостојувањето. Сега ако не јаде сама не отвара уста исто. Мора сама да јаде. Чим види лажица протестира. Е сега ова си носи со себе и шест пати на ден правосмукалка, два пати џогирање, пет пати на ден бришење хранилка и пресоблекување. Имам ваков ред од 07.30 наутро до 12 (преспивање) прво игра со мечињата, во 8.30 појадува сама, оди од соба во соба бутка столови седи под стол/спружени алишта (обожава да седи под нешто), животните, коцките да ги ставиме во кутија па иде ужина. Потоа ја симнувам пред зграда си игра пола саат и ја качувам горе на раце миење млеко флаша и во кревет ја читам Палче или Грдото Патче. Станува руча со цртани (јас пак метам,готвам ручек за ози, ручам, минам со џогер и во 15.30 си иде мојот до 16ч). Потоа искачаме надвор (она во точак или кенгур) до 18ч долга прошетка. Па спиеше до 19. Еве денес нејќе па врти кругови низ соби. Јас си лежам втора смена си има задолжен не мрдам до 20ч. Вечера кај 20ч ако е ден за бањање ако не си игра до 21.30 заби миење и во кревет. Протестира до 22 и заспива. Втора смена мора да предадеш. Иначе сите знаеме какво темпо е. Не мора да објаснувам. @Bella* сега пушти му ја на Тони Талевски во дубак ) Настрана заебанции верувам дека лекцијата ја научи и второто дете ќе го оставиш на земја да си расте за да си скратиш лично три/пет месеци “паткање”. За сечие добро.
Во дубак беше два месеца,од 6 до 8месеци после се беше на земја Од 8ми до 15ипол месеци не верувам дека од дубакот е И јас и мм сме биле во дубак па јас на 11месеци сум проодела он на 10 Јас им верувам на докторите дека е од тоа што е мнг повисока,и покрупна за возраста и и тежи газот затоа не проодува така ни рекоа
Мојата има пак 2 дремки од по 1ч и навечер се успива во 20ч, најкасно 21,со нишкање и пеење. Спие сабајле до 8 најкасно. @hello-kitty.90 околу паѓање, мојата многу паѓа и паѓаше. Сега се учиме кога гледа песнички да не оди пред телевизорот, и а отиде стопирам, па се враќа назад. Тешко ќе биде ама белки ќе има успех