Не им верувај глупости трескаат. Емили е највисока и најтешка од сите овде. Ќе прооди штом усогласи мускулна маса со нервен систем. Сама ќе каже кога е подготвена опушти се воопшто не треба да се грижиш за одење. Најтешкото помина сега е само прашање на време кога ќе тргне. Само те задрав на една наша дамнешна дебата, а скоро го зборев истото па ми текна успат кога спомена. Едит: Денес е ден на аутизмот ако не се лажам ми се појави на ѕид сликава па да споделам:
Gewichtstabelle- тежина Grössentabelle- висин Mädchen - девојче Jungen - момче Првата табела вертикално е тежина втората висина. +|- отстапки дозволени што може да бидат од мерките. Значи според ова мојата е рамно на 2,5 години
Епа германка е она,што сакаш ти назадна да биде... бог да чува. Ехе ако седнам да пишам што знае мали срам ке ме фати,вашиве спремни за во школо мојов блендирана храна само јаде... Почна на 10 месеци да лази,сеуште знае да се одвали кога седи и се само на глава паѓа. Ако е исправен на маса и види шише во секундата заборава да држи равнотежа и дирекно на глава. Како и да падне паѓа на глава. Патка иакучиво ако ме држи за две раце ако пуштам една одма се блокира . И само на прсти за што побрзо да изодиме. А лази како луд. Мислам дека прво ке прозбори пред да прооди. Се така мислам. Само приказни е. На бебешки јазик секако. И се е ТАТА.
Така на прсти почнува се. Прво стоеше само на прсти па потоа се друго. До денес кога стои потпрена на кревет да гледа цртан стои на прсти. Не го учи на паткање што ќе правиш потоа со стомак до заби и свиткана со месеци нема да можеш, а он ќе ти плаче. Чувај се хепицо чувај се! Немаш ти оних 18 година Плус падни стани побрзо ќе тргне. Е сега тоа паѓањето е страшно сеуште али нема лек.
За две години има мојава висина и тежина според ова Kолку сме разлика со Емили? 1 месец точно мислам? Крај на јануари беше? 23.12 е Дора
Здраво. Сакам да ве прашам како распоред на јадење имате? Дали на секои 3 саати треба оброк да се дава? Читам некои за супа или овесни снегулки викате како ужинка дека ги давате. За мене супа ако изеде има да се радувам и главен оброк ќе си го сметам. Вчера за ручек со намирници што ми беа предвидени за кашичка и направив плескавици. Нејќеше да ги јаде.. И остана без јадење. Па морав кисело млеко да и дадам колку да не седи гладна. Леб, кифли гризе по цел ден. Ама главниве оброци мора да се кашички. И наутро и пред спиење млеко пие. Искуства?
@Happyinlove мојот оди ако се држи со едното раче,ама со левото,ако го пуштам и го фатам за десното,се блокира и неќе да оди. За паѓање и мене многу ми е страв,кога ќе почне да се пушта сам,кој ќе гледа @Bella* не е проблем во дубакот,моето не е ставано воопшто во дубак,па еве го " касни". Се е до тоа колку е извежбан,зајакнат мислам. Моево се во раце беше,па и немаше многу кога да ојачува мускулатура,затоа јас ојачував . Кога би имала второ,знам како ќе го чувам
Искрено не гледам на саат али од прилика вака јаде -08.- 09ч појадок -11.30 ужина -14ч ручек - 17ч ужина - вечера 19.30/20ч Ако не ти јаде цврста храна давај и кашички барем зеленчук и овошје да јаде. Потоа ќе смени секако. Токму така. Времето во кое требало да вежба е прескокнато. Наместо да лази во дубак, во раце, џампер, потоа наместо само да седи е потпирано не вежбало никакви грбни и стомачни за да стане (ова не важи за тебе), кога требало да стане потпиран е на кревет само не станало што значи предна и задна ложа на нога нема никаков мускул, ниту знае од станат да се симне на колена и потоа врв на се и паткано каде не може ни рамнотежа да учи. А тек само да стане од земја ќе му требаат сигурно 20 месеци. Стварно е небитно кога ќе прооди битно е да е стабилно. Според она што го видов со свои очи не може никој да ме убеди дека има друг исправен начин за физички развој. Како видео игра минеш еден левел и идеш на друг. За второ си знаеш. Ова како сума сумарум што научив досега и со одењето го затворам тој дел. Што би рекла Мила да не се тепам веќе на темата, после водата и дохраната. На ред е психичкиот развој кој веројатно исто има шема по која треба да одиме за нивно добро. Многу многу битни години се овие до седум години. Многу. Цел човек градиш со своето однесување. Па да ги направиме најдобра верзија од нас
Мојов пу пу нема паѓано. Еднаш ми падна на назад на почеток коа почна да седи, од седечка положба се обрна. И еднаш д спална на 10 месеци. Од тогаш пад сме немале. Се надевам да нема ништо посериозно. Кога трча некогаш знае да се занесе на напред ама се потпира на раци. И многу е брз со трчањето. Ама за ова најверојатно има значење и тежината. Кога прооди имаше 9ипол кг замислете ги ваште колкави беа кога ја имаа таа килажа сега е 11кг. Па мислам дека поради ова лесно постигна стабилност и брзо го усоврши одењето и трчањето
Сличен распоред за јадење имаме со на Фри малата.Во 9-9.30 појадок,во 14-14.30 ручек, во 19.30 вечера.Ужинките ги давам обично пред спиење оти ако дадам пред јадење,нема да јаде.Некогаш јаде 2 ужинки,некогаш 1 зависи кога спие.Мора да преминеш од течно на пасирано,па после да даваш парчиња ако е толку прибирливо. Прво пасирано и блендирано заедно, па после само пасирано.Јас,дека мојата душа дава за лепче, некогаш кога не сака нешто од ручекот,ја лажам со лепче.Ќе и дадам малку,и одма после лажичката во уста.Ова повеќе на почетокот кога џвакаше до бескрај некое мевце сецкано.Сега се научи веќе.И мора нешто занимација да има.Еве сега јас и давам од чинија ,а она со нејзина лажичка меша во чинијата и ќе се занесе да погоди некое морковче и така изедува се. Сакам да и купам од они сетовите со лажиче и вилушка да боцка.Баш ќе и биде интересно. @hello-kitty.90 и мојата се за лево раче сакаше да оди,јас не приметував.Почнав за десно и гледам нема толку рамнотежа,па се за десно ја водев.После два дена се пушти сама да оди.Си знаат они кога не се осеќаат сигурно.И мојава касно прооди иако беше на под цело време.Може премногу ја жалев како бебе и само што ќе закемкаше во раце ја земав и затоа касно прооди.Памет за друг пат.
Ближи 15кг претежок е не се држи в раце висина немаме мерено ама некаде кон 85 оди така од прилика, ги одрасти сите алишта, долните му се скусија ко рибар е. Јас во дубак од кај 6 и пол 7 месеци го ставав по 10тина мин, потоа и повеќе по пола час кон 8, 9 месеци, потоа сакаше да патка и го паткавме кон 10, 11 месеци почна да се исправа, да стои и да оди покрај гарнитура, кон 12 месеци почна да прави и некој чекор, многу се плашеше да се пушти сам да оди, можам да речам дека на 14 месеци прооде со 14+кг, потоа и пролази на стомак никако не сакаше да стои, плачеше од секогаш, после си се вртеше на страна сам, прв пат сам се сврти на 9 месеци За паѓање нема гајле, знае да паѓа, си седнува на газ или напред си пушта раце, ама нема многу паѓано, на глава ич нема паднато. Во маса, во комоди ја чука главата ама не е страшно. Клекнува, станува сам, тоа сега го усоврши на 15 и пол месеци. Ова месециве колку што памтам вака беше 99% точно Јадење: Д: 8 и пол 9ч У: 11ч Р: 3-3 и пол ч У: 5,6ч В: 8-8 и пол (заспива во 22:30 - 23:00ч)
Значи ете ќе речеш и во дубак бил и крупен е,и страв имал ама ете си прооде детенцето Нема праило ваљда кога ќе им дојде моментот тогаш
Лејдис енд онли лејдис! Сабајлето јадеше супа, касна малку панцерота како глуфче некое и изеди од тегличка 80грама кашичка од кајсија(купечка). Фри, лаки, мила и бејбиТ ве стигнуваме полека.. (држе панцерота во рака и слушаме дувна ветре развигорче, таа раце увис, ракоплеска и ронки на сите страни).
Да да, јас и порано имам пишено дека го ставав во дубак, не велам ништо ни чини ни не чини да се става, значи сама ќе се осети, кога ќе биди сигурна тогаш ќе си прооди, нека не ве загрижува тоа. Можи утре да прооди и друго јас што осетив, мм секогаш одеше по него, до него и некако детево немаше сигурност, јас го оставам пр. седам на кревет и тој си врти си шета низ соба и со мене одеше повеќе, со мм, со свекрвами не. Му реков и нив немојте да одите до него, детето го правите несигурно ама џабе, такви се. Незнам како првите вие ама оставете ја малку посама и охрабрувајте ја ова кај нас за се пали, му велам ајде сам да јадиш, ајде сам да се мијаш и навистина успева. И уште нешто заботавив претходно да пишам, некни @FreeMind ја читав за качување по скали, имаме скали дома ама не ми текнало да го оставам сам да се качува, не ни знаев кига го прават тоа и пред 2 дена ми текна да пробам и го оставив и се искачи догоре сам и пресреќен беше сега бар еднаш во денот го оставам да се искачи. И уште нешто да пишам за @hello-kitty.90 ноќиве уште се тешки, сношти заспа во 10 и нешто, стана во 1, па во 3ч до 4ч неможевме да го презаспиеме, потоа во 6ч стана со плачење, уште 20 мин го презаспивав и во 8ч стана, др имаме нова техника навечер за заспивање, наместо во спална во дневна, пуштам Дино Мерлин концерт и почнуваме со играње, со нишање, на 3тата песна е заспан, без плачки, без нервози
@lackygirl најдов опција за скали го внесов столот од тераса и цел ден се качува и се симнува на него. Така изгледа столот: Не ми се даваат пари за симулација на скали зошто фазава искачување трае месец два после проодување и после нема што да им правам, а се над 200 еур. И не сум паметна што друго да ставам. Татко и лежи на под и она се искачува али и скали ли да изигравам на времево што го имам Мислам деф и скали и се одвај чекам да ги прерипаме фазите до точак баланс. Идеме денес надвор едно детенце 2,5/3 години трча на плочник и тргна да го брка и дете се скри во влез за Ѕе да и прави, а јас и татко му се гледаме немој на 1,5м да се доближат. Мислам морничава е коронава како немормални сме одвај чекам да помине детево да го пуштам како сав нормалан свет. Сега сум како оние лоши тетки не таму, не ваму ах уште марама на глава ми фали.
Ние имаме дома многу скали и уште пред да оди ги искачуваше, за да стигне до спалната, нејзиното омилено место. Ни јас не знаев дека треба, едноставно ја оставам што сака да прави. Туку сабајле добив шамар од неа, силен како за толкаво ѕврле. Не и ја дадов мојата четка за заби. Не попуштам секако, туку како да реагирам на шамарот