Сврти и го другиот! Така македонче реагира со векови. И јас јадам шамари во моментот ја прекинувам играта ја оставам каде што е сама и кажувам дека не е убаво тоа што го направила ( не оти ме сфаќа) и заминувам од соба. Истото ако го скубне или удри Ози со играчка свикувам на глас високо, со прстот ја скарувам, го земам Ози да го погалам и му викам извини и го тргам од нејзе да остане сама. Верувам вака треба за да научи без последици.
Ова со оставањето имам направено така и завива на цел глас, значи поцрвенува дури. За карање карам ама она мава уште еднаш за да ме потсети кој е главен Мислам дека ова ќе биде најтешко да науче Туку дали да ја оставам да плаче или сепак е многу ладнокрвно
Ќе ја оставиш, нек се исплаче,ќе сфати дека е крива. Ме тепаше и кубеше и моето ѕврле, ја оставав да се исплаче па доаѓаше да ме гушка. Сега гледам мава на тетка и и она ништо не и вика, ја искарав и да видиш како со денови повтара “деца не тепа!” (децата не тепаат) пошо ја учев “Никој не смее да крева рака и тепа, децата па никако не треба да тепаат на мајка,татко,дедо,баба,тетка итн” Што сакаат тоа памтат. Можела да научи “нож не деца” а не може да научи дека не треба да тепа? Мало сутра. И реков дека јас никогаш нема да ја удрам и дека мора и она така да се однесува. Мирна е засега
Ќе ја оставам тогаш. Инаку разбира од не ама ова намерно го прави. Те читав претходно, имаше баш маки со тепањето, така да ќе те послушам со искуство си
@Ringishpil среќен роденден на лепотанот, да расте голем . Како испадна тората ? @BabyT* леле и мојата е цело време пред тв кога има цртани, ја опоменувам ама некако не разбира дека треба од подалеку да гледа.
@Ringishpil_ среќен најсреќен на медениот да ми го избацуваш на тоа очите најубави на свет И чекам слики од гмечоторте.
Јас почнав со стопирање на песнички ако стое пред тв, ако се пуштени 1ч песни ние пола час се учиме, стопирај-пушти. Ај што не е убаво за очи туку и апсолутно ништо не се гледа така незнам што и е интересно. @Ringishpil_ Среќен роденден на нај милите очки
@lackygirl стварно од 8 месеци до 14 го паткавте? Ви остана една кичма здрава или се отиде у бестрага?
Блазе си ви што не ви паѓаат децата. Мојата денес три пати падна, има три гребнатинки на лице, абе душта ме боли. Колку можам и го ориентирам станот за да не се удира, ама невозможно е да обезбедам се. Првиот пат се залета на врата, и се потурна и изгуби контрола. Вториот и третиот пат како одеше, изгуби контрола и право на играчка. Неможам да ја слушам како плачи од болка, а тек па кога и ги гледам црвенилата на лице . Колку сами болело, едвај чекам да биде постабилна во одењето. Денес па ептен претера, почна и да трча. Инаку потполно се сложувам со @FreeMind во врска со проодувањето. Јасно е дека секое дете ќе прооди, само битно е дали правилно ќе ги помине фазите. И јас цврсто си стојам на тоа дека треба дете да биде на под и не паткано.
И мојата е цела модрици и џумки. Кај нас се е плочки па како паѓа одма џумка, пред некоја ден падна директно на нос и и беше цел подуен Како викаат така растат децата, мојата скроз си го поштува тоа Нај јака ми е кога трча а гледа назад, па се забодува во стуб или касно и текнува да заврти и прета во место. Исто така кога оди никако не застанува и ако треба да се врати, врти цел круг па назад ептен ми е несмасничка.
Јас не знам кое дете не паѓа, освен ако не го држиш за рака цел ден. Вчера 5 пати се утепа, еднаш бркајќи се со кучето, еднаш зошто носеше нешто големо во раце, еднаш зошто проба да седне врз балон... се додека не паѓа главеечки од кревет (од високо) ич не и се секирам. Плаче само ако ја видам дека паднала, ако ја игнорирам доаѓа кажува дека напраила "бам" и покажува на главата, пробува да плаче, јас и викам ништо не ти е и толку. Не е несмасна, ама се понаша како да оди 6 години, а не 6 месеца. И после на прав пат паѓа зошто си се преценува во можностите. Тоа е, така деца растат.
@FreeMind сите по малку, мојава половина е готова, не крепи повеќе секој ден боли. После година и не е паткање за една рака само го држиш и си се шеташ околу маса Паѓа често и моево, ама само на газ и напред на раце, досега немало страшни паѓања, затоа и си прооде кога си се осети сигурен секој чекор мислам дека го мисли однапред
@Ringishpil_ среќен роденден на дечкото Никогаш не сакаше моево да е на под, генерално плачливо бебе беше и напорно,затоа и постојано ми беше во раце. Никогаш не форсирав ништо,иако од сегашен аспект,требаше да сум поупорна во оставањето доле,ама ај,возот замина. @babydust @Bella* ич да не се секирате,сега се си знаеме,вторите деца ќе ни проодат на 9 месеци Ај да не згрешам и сега,како да стимулирам сам да почне да се пушта,има некој начин или не? За пазењето,и јас го пазам многу,ама како да го пуштам да падне на ламинат или плочки? Па нема ли да му пукне главчето? Не знае да се заштити,паѓа како трупче
Прво ќе се осамостои да оди стабилно на едно раче тоа ти е знак дека кај и да е ќе почне да се пушта сам. Можете да застанете еден до друг на два чекори далечина за почеток и он да се пушта од еден до друг вие браво да викате. Сепак и во оваа фаза мин месец дена оди додека не се ослободи зависи колку е храбар. Сега рамнотежата ја учи и му треба време. Кај мене кога оди кај плочките одам по неа не можам да дозволам да падне на плочки. А на паркет вчера на уво падна има и видлива повреда. Се искрши начисто ми е жал да ја гледам. А не е плачка се крева како ништо да не и е. Јака ви душа. Ноќе неспани во раце дење на паткање. Прооди али вие си знаете како прооди. Второто од болница право на под Вчера пелената ја наполнила и и протече. После толку месеци пауза повторно ја најдов водена цела со се вреќа. А прозор отворен на кипање, ладно. Ако ми настине ќе се утепам.
Мојава поголема е ама до пред 2-3 месеци трескаше глава од се нешто. Ми се чини тој звукот кога ќе ја тропнеше главата (најчесто во масичката во дневна) како со нож ми забиваше во душата. Ама гајле нема не застанва си тера по нејзино. Не плаче. Ау икшив гавата (ау ја искршив главата ) - не знаев дали да се смеам или да плачам. Сега внимава и не се удира.
Кај нас дома двата спрата се со плочки. Па кога е џогирано а таа на чорапи се клиза. Прекрасно за гледање е начинот на растот и развојот. Колку се само совршени.. Од час во час менуваат. Навечер морам да сменам памперс во текот на ноќта бидејќи прокиснува. Синоќа стануваше цело време. Дали 2часа сон врзав. Денес на работа и утре. Ќе си пукнам од нервоза што ми се спие.
@Ringishpil_ среќен роденден се најубаво ви посакуваме Сега вака како што гледам, се од ко поминавме, сваќам каде сум згрешила, ама прво бебе, неискусна... Плачеше многу на стомак можи и касно почнав да го ставам, беше 6, 7 месеци и воопшто не сакаше, за второ ќе си знам, од 4,5 месеци на меше, ноќни подои после 6 месеци не за дубак нз немам лошо мислење, мислам дека ова ми се погоди "лошо" (иста сум била јас ваква дури и полоша така мајка ми ми вели. Сите велат за второ е многу полесно и дека посамостојни се вторите ама рано е на таа тема уште не размислувам
@lackygirl на под ќе ги исчуваме вторите,што вика Фри од болница право на под И јас погрешив со истото,ама повеќе мм е крив ,ама и јас,на целодневното плачење од грчеви ( кои траеа до бескрај) па да го слушам кај плаче и од ова . И за спиењето сме исто,може и техниката на Спиди ќе имаме повеќе храброст да ја примениме на вторите деца,па ниту ќе цицаат,ниту ќе се будат цела ноќ Кој како нас. А ние свежи и одморени и дотерани Ма вторите ќе бидат ептен мирни,само да се решиме ако не бидат полоши и од првиве ,е тогаш на*бавме. @FreeMind не ви студи цел ноќ со прозор на кипање?