Малата ја вади втората 3ка, мислев дека ќе поминиме подобро од првата (таа беше хорор), е арно ама оваа бетер. Сируп, гел и не и не дете вриска
Кај мене денес се разбуди во 6.40 свежа за игра. Пред врата за одење на работа се мавна од земја толку плачење не било до сега од ден на ден погласна е. И во 9.30 ја искуферив да спие. Деветиов скок на најјако, а само што почна. Се дере како да ја коли некој, ништо не и се погодува.
И мојата го фана од почеток скокот. Беше најнапорното човече што постое. Незнаеш зошто плаче, ако ја доприш-плаче, ако и ја доприш храната-плаче, ако не и обрнувам внимание-плаче, ако ја замарам - плаче. Првпат во 14м ми плачеше додека ја бањав. Фала богу помина баш ми идеше како @thinkerbell, ма да ја фрлам од тераса. Кај нервозно дете, јас нервозна од неа и она уште повеќе нервозна од мене. Успивањето траеше цели 45 мин со нишкање и пеење, додека ми го држи прстот во уста. @LoveHope
Кога веќе сите се жалите.. Вчера пред одење на работа имав паничен напад со тресење и плачење. Зошто? Затоа што немав одамна возено кола и како тргнав почнав да се тресам зад воланот,ја оставив колата,викнав од дома да ме однесат на работа(ИМП). Стигнувам на работа и знам дека во кола ми е ќесето со мантил,скафандер,маска,ракавици. Гледам нема. Веднаш брзо назад дома, пребарав насекаде,неможев да најдам ништо. И ме фати.. Јас ќесето сум го заборавила на работата(ПЗУ). Од 7дена во неделата, 7 бев на работа, навечер 3часа сон само, вреска пишти кој ја знае што и е.. сака млеко, па неможе да презаспие. Јас нервозна. Пази се од секој што ќе ти влезе во ординација,сите ја префрлаат топката на нас матичните, со мозочни ми ги враќаат пациенти специјалистите. Хаос е,тотален. Па и уште неодморена. Второ? Never....
@LoveHope поддршка до небо И за сите други Јас пред 3 дена имав напад на паника ме болеше премногу главата цела ноќ, така не ме има болено никогаш до сега, си реков готово Корона ме фати жими се навистина помислив, срцето 100ка на саат ми чукаше, неможев да јадам, цел ден таму паметот ми работеше ми се плачеше, после си помислив Лаки не биди будала, те боли главата од неспиење кафиња со лимон 2, парацетамол, вит Ц, магнезиум и ми помина Да не сум офф, сакав уште некни да пишам ама заборавам. Да отворам тема за разговор. Дали вашите деца имаат омилена играчка/предмет со кои се воодушевени секогаш кога ќе го видат? Моево Да има, мноогу сака часовници има 2 месеци од ко го купивме ѕидниот, од тогаш мислам дека се заљуби во часовници. Секаде само ги гледа, покажува ко ќе го прашаш, на секој што ќе влезеше дома му го покажуваше на почетокот. Имаме стари и неколку пати во денот си игра со нив, ги мава со топка, ги мести право да стојат....некни ми покажува возбуден на сликовницата, му велам што е толку интересно тој видел и отвара прво нив ги бара па после другото го гледа како опсесија му е. Еве ги
Парфеми сака мојава,сите ќе ни ги собере и мои и на мм и ги отвара и затвара и праи пс пс пс демек се прска,и така секој ден по неколку пати отвори затвори и ќе дојде нас не прска,и бабите кога ја чуваат демек ги прска па си ги реди прередува и четките за шминка ми ги пипа "се шминка" ќе ја ќачиме на стол кај што ми е огледалцето и седи по 1 саат сигурно,сама не носи да спална да ја качиш да се минка хаха Исто е врзана и со книгите си ги прелистува секој ден една по една Комедии
Прашав во друга тема,ама ајде и тука. Мајки чиви деца јадеа подолго време блендирано,како преминавте на парчиња. Дечко 21м,сум пробувала ама никако не сакал,одма плука,а не сакам да форсирам,меѓутоа почна да не сака бленд,ми одбива јадење. Инаку џвака геврек,кифли,двопек,соленки знае да јаде,ама главните оброци не и не. Како сте успеале
Сакав да ве прашам за 9ти скок ама гледам дека веќе сте сите сте пишале и сите сме во иста каша. Кемкава, цело време се лепи до мене, станува од спиење со плачење, се буди ноќе исто така со плачење, одбива храна, не знае што сака, не знае што не сака, де сака во раце, во ист момент готово, не сака веќе.. Ме фаќа за рака да играме заедно, со други деца веќе се тепа за играчки. Разликува мое од твое и сл. Сега кога знам што е работата, полесно ми е. Туку оди објасни и на свекрва ми... Вика на кого се направи вака инает детево. На мајка му сигурно.. Ха ха.. Леле пресмешна си жено.. Втф? И штом почнува по бајачки и крстена вода да бара знам дека е скок во прашање. Само не знам до кога ќе трае... Со лесно на сите нас.. Киссес
Додека метев ми се качи сама на петоседот горе ја фатив скроз на крај кога планираше главечки да се фрли од горе. Ете ги предностите на високо бебе, сама може да се качи на 14 месеци.
Синко знае да се симне сам од петодедот или спалната, и си вика 'бавоо', ама не знае, т.е. не може да се качи оти му се високи, и се нервира
Не знам дали мене ми е понизок петоседот, ама мојава се качува, ако го фати ќошот. Како мајмунче е. Среќа не пробува да се фрли одозгора, само ги фрла перниците доле, па се симнува на земја и си лежи на нив. Имаме нов збор - тнте. Го виде татко и гол, го покажува со прст меѓу нозе и вика тнте. Се пресмеавме со маж ми, ама изненадена сум како знаеше дека тоа е нешто различно од мене и неа.
Многу рано едукацијава Од место се качи, може ногата на 90% да ја крене и да се качи. Ја приметив дека деновиве нешто чудно гледа кога она спремала висинска точка. И на оградата ги пика нозете за да може да се прекачи преку неа. Синоќа на масата се качи што и ја купив за учење стоење. Се качи над неа. Не знае да мука али ова го знае.
Имате ли искуство со сирупче за тврда столица? Клизма не дава да и ставам, сокови не сака, компоти исто. Нема какано два дена, плаче и вели “има кака, боли”
Леле синко почна да вика 'куука'. И си го фаќа. Татко му кога му менува пелена го прашува кај ти е ку*ката, и еве детето знае сега.
Детето ми е 2 ипол години и е многу весело дете. Денес на повисок тон пред неа со маж ми разговаравме, не беше ни кавга нешто се инатевме и она почна да се тепа сама по главчето и да вика не се дерете. Многу се потресов од нејзината реакција и зборевме после цело време дека не е убаво да се мава и дека ние не се караме ама ми остана мисла.
Почни со јадења кои се измеѓу блендирано и парчиња - црвена леќа, разварена убаво, ситни макарончиња, боранија разварена, ама на поситно исецкана, компир манџа, компирчето поситно, пире со риба, а рибата на парченца. Манџичките нуди ги потечни за да може полесно да му биде да џвака. Полека, полека ќе менуваш кон регуларно, а и он ќе се навикне.
Како намаливте да пие млеко? Станува во 6 сабајле пие во 8 млеко и спие,во 17 повторно бара млеко,во 20:00 за заспивање млеко,во 00:00 станува во бунило давам вода шише така го врти ке заспие и во 4 зависи 5 сабајле повторно млеко ке ги расипи забите. По 150мл пие. Ако ср прашува он,само на млеко би живеел. Се заспиваме само со шише и возење во количка... незнам како би го успала без млеко ако последното шише му е во 17 частот