Јас млеко и давав 4 пати, сабајле навечер и послр 2те дремки. Кога смени на 1 спиење станаа 3 пати млеко, и сега е само насабајле и навечер. Не гледам зошто да не даваш млеко, ако сака нека пие. Ама не може млеко да заменува оброк денски, и не треба да заспива со млеко, после млекото треба да биде буден да се мијат заби. Исто и ноќе, давај вода, доволно е голем, не му треба млеко ноќе.
И мојот се удира сам. Кога ќе направи глупост и пред да го скараме се удира. Во вашиот случај се осетило детето виновно, па така изреагирало @Tukituki мислам најлесно ќе биде со јуфки,тарана,макарончиња,кифлички...
И мојата се успиваше само со млеко ама почнав да и правам некоја рутина. Давам во 17 млеко, 18 најкасно,па вечера, после ја занимавав да не мисли, па заби миење, пижами и се успиваме. Мене ми беше многу поедноставно да и дадам млеко и за 2сек се успиваше, сега нишам 15мин. Сега пие 3/4 пати по 120 ,не гледам штета од млекото освен да не е пред спање и додека спие. Навечер мојата пие вода, и тоа многу по 400мл.
Да не ви е многу топло кај што спие? Неколку пати ми се случи кога почна зимата да ја оставам печката уклучена во спална и малово се будеше и кенкаше, по цело шише вода пиеше и дури тогаш пак ќе заспие. Сега во спална е ладно, дури и сега снег кога имаше не пуштаме греење ноќе зошто и смета топлото. Може твоето си сака вода, маж ми исто си чува шише вода во спална зошто пие ноќе, ама чисто од искуство да видиш да не му е топло па затоа пие вода.
Топло и е да. Не дава ни да ја покријам, а спие само на пелена и тенки шпикозни. Јас и мм се покриваме, она не дава никако одма се буди. Исто а имам забележано како шлапка со устето како да и е суво,може и воздухот да ни е сув.
И кај мене пие две до три шишенца ноќно време по 125мл. Ама и јас пијам преку ноќ пола литро вода така да не гледам да е проблем. Не знам кај ми е главата кај громот е се разбуди сто пати синоќа и од 2 до 5 ме штипеше, ме маваше со глава, ми ги отвараше очите, врз мене лежеше. Носот ми го пукна неколу пати, а јас се преправам дека спијам во надеж дека ќе заспие. И кај пет саат ја пресоблеков ја сместив далеку од себе и така плачејќи заспа. Стана во 7.30 и нон стоп е зината ја затвора вратата и плаче зошто е затворена. Плаче оти да јаде, оти вода да пие, пресоблекување е хорор, само мама мама, ми зујат ушите. Устата не и е затворена никако. Нека прекине ова оти немам нерви за ваква епизода.
Синко само на вода е, ноќеска 300мл испи, станува и бара, покажува кон водата и дури не му дајш вода не презаспива, како навика му е. Неможам да го одвикнам. Исто ако направи нешто што не треба сам се мава најмногу по глава, и се кара со рачето и мава по тоа што се удрил мене смешен ми е многу. Му велиме немој не се мавај ама џабе, така му е сега интересно
Синко конечно почна да пие вода, на 15+ месеци, ама едвај по 200-250мл на ден. Ноќе не се буди воопшто. Сега ве читам, и се секирам. Башка и млеко уште му немам дадено, оти јаде две ужинки, а цица пред спиење. Каде да го вметнам млекото јас?
Ако си јаде убаво ужинки нема потреба од млеко,доволно му е што цица пред спиење. И мојот пропи вода и он толку по 250 мл пие на ден. Сокчиња какви му даваш?
Педијатарот ми рече ако јаде млечни нема потреба од никакво млеко. А твоето си јаде плус цица нула потреба од млеко.
Давав разредени сокчиња на Хипп, или домашни цедени, ама и од нив пиеше едвај по толку. Полека почнав само вода да му нудам, и еве пие по малку. Овошје јаде многу во текот на денот, па и тоа содржи течност си велам. Млечни производи секако јаде за вечера, а некогаш и за појадок. Ок тогаш, да не го мислам
Хепи моево ништо од страна на млеко не пропи а секакво пробав, во гриз, со чоколино, со бисквити сега најново го јади, почна и павлака да јади, кашкавал сака и не се замарам повеќе со пиење, се помирив дека не сака, доволно си внесува млечни производи во денот.
Синко јаде кисело млеко, јогурт, сирење, кашкавал. Млеко со бисквити исто така, а гризот одамна му го варам со млеко за навечер секако.
Исто гризот после 8,9 месеци почна да го јади со млеко, какао и банана, така најмногу го сака, ама ете нејќи да пие, штом осети дека е млеко одма плука а јогуртот на периоди го сака па после не и пак така во круг... И уште нешто да прикажам како можеше скроз ко мене да е детево не сакам ни јас млеко, никогаш не сум пиела, можи само со бисквити, со леб попара и тоа со какао, нејќам бело да е, значи исто како мене сака, обавезно какао му ставам. 100% е на мене во се
Како реагираа децата при вадење на запчиња? На почетокот дур беше бебе некако ме асоцираше плачењето, па се мачкавме со креми. Син ми е 20м и сега ги вади тројките, го приметив дека само нешто глода, нервозно е и почнува да плука ( не да се лигави ко вообичаено). Дали продолживте со креми или нешто друго? Бтв кога сме кај нервозата, у принцип е многу мирен но со ситуацијава зошто сме нон стоп дома со мм, дали се размази па ако нешто не му е кеиф,се удира со раце илисо глава у ѕид буквално и ме загрижува по малце. Дали да го припишам ова на тантруми не знам..
Малата ја вади втората 3ка и е многу лошо. Навечер вришти ама и насабајле како си игра, наеднаш почнува да плаче. Никако неможам да ја смирам освен со гел кој има функција 10мин. Пред некоја ден дури ни сируп не ја смири, плачеше и преташе во сонот. За лигавење мојата многу се лигави, мењаме и блузи и лигавчиња неколку пати дневно.
Тетки, повелете и послужете се од постапалките на синко мој Прооди пред еден месец, и го одлагав правењето поради глупата Корона, мислев ќе се смири, па да можеме да дадеме на бабите, дедовците, вујче и тета, ама ништо. Вака виртуелно за сите
Лесни чекорчиња Хепи превкусни изгледаат. И јас одолговлекувам ради короната. Најмногу, ама најмногу што мразам е дете да се влече по земја и да се треска да вреска, а мајка со рацете да го влече. Тоа го доживувам. Малата се изнавреска надвор, се влечеше по земја пошо сакаше да се качува по скалите надворешни сама. Ми се идеше да ја шлакнам. Трче низ двор, паѓа, цел свет е нејзин. Ми избега од дома надвор па паднала, плач слушнав истрчав. Вратата доближена, незатворена. Си ја отворила... Срце ми застана. На два пати за 0.001секунда ја фатив да не падне на лице. Не седнав ниту една секунда. Луѓе што ќе правиме? Сите се вака? Само плаче за надвор да ја бркам, да трча, се да крева. За млекото:многу пие.. И го кријам, гледам да намалам ама јок. Повеќе од литро пие. Само навечер пола литро пие.. Немаме сон, се надевам ќе помине фазата пошо нема уште долго да терам со нервите..
Остави ја нека падне бе малку. И мојата паѓа, цела е модрици. Јас кажав дека сама ги качува скалите ама за симнување, не чека нас. Е пред некоја ден не чекаше па се здоби со огомна модрица на образ и потоа магично научи да се симнува. Јас и мм ѓабе покажувавме 1м како да се симне, требало да падне за да научи
Официјално ги имаме на долна вилица од кец до четворка,сите запчиња Горе ни фали една тројка и една четворка И како што кажа @lackygirl после 10 дена од темп. Пројаде конечно 5ки кога растат да се спремам психички? Ама еве нема правило,на 15ипол месеци ги има сите