Теоретски треба да има пауза барем 6 месеци од четворките до петките. Измеѓу никнуваат тројки. Ама зошто општо сите заби рано никнале, очекувај ги сигурно пред вториот роденден. Ако не и многу порано.
Не, четворки, тројки, па петки. Како што треба му никнале. На Бела и кажував од 4ки до 5ки дека има 6 месеца, а во тој период измеѓу треба да никнат тројките.
Кај синко 4кките сите се веќе големи пораснати, 3јките се во тек веќе 1 месец се мачи, а гледам и 5ките набабрени
Не се врзувај за бројките како "треба" забите да никнат, ако си приметила на сите табели забите имаат простор од повеке месеци плус-минус за никнување. Се додека имаат правилен редослед на никнување, другото не е битно. Знам дека е мачно кога постојано никнуваат заби, ама нема строго правило.
И моево дете до 14 месеци ги имаше сите заби. 3ки и 4ки сите искочија во рок од 2 недели, сите 8. Оваа недела си ја јаде цела рака и се лигави, ноќе заквичува во сон. Очекувам 5ки јас, 20 месеци е. Може нема да се брзо ама почнаа да ја мачат.
Јас мислам дека после 3ките, сите ќе бидат боза. Туку се чудам како сируп не и помага? Давам 4мл, а има 11кг. Некој ако знае нека дава совет.
Не сум давала сируп за заби. Инаку стандардно дозирање ти е пола од килажата мислам. Ниедни заби до сега не беа страшни, ден - два пролив само и лигавење. Весела беше и кога и искачаа 8 одеднаш, а и си јадеше.
Мене матичната ме советува цела доза Изгледа и многу зависи и до детето. Мојата некако ептен нежна, и од меше многу плачи ако се прејаде, еве и од заби, само првите 2 не ги исплачи.
@BabyT* и мене матичната ми кажа кога го боли нешто да му дадам половина доза Парацетамол од дозата која ја пие при тт. Пример,пие според тежина 5 мл за тт,кога го мачат забите 2,5 мл. Лесни чекорчиња на сите,веќе големи бебки . Моето си знае,наместо јас да одложувам правење постапалки поради коронава,тој одложува проодување . Читам колку многу вода ви пијат децата,за нас дури и 100мл се многу . Моево до 100 мл максимум пие,некогаш ниту толку. Ама дека цица,го приметувам некогаш ми крева маица за да цицне малку, колку да згасне жед. А му нудам вода,ама неќе,пак ме влече за да цицне. Како ќе го одвикнам од цицањево И моево вриснува во секунда,од смеење во плачки. Колку се лути и вика ако не е по негово Туку,да ми препорачате трицикал каков имате,да купиме и ние. Додека трае корона,да пребарувам низ страниве,па кога ќе треба да купиме да знам што да барам. Ако се оправа ситуацијата ќе купиме,ако не,ништо.
На цела доза не и поминува, а не па на пола Јас изгледа грешка давам, ама така кажа докторот, баш ја прашав да не има проблем да спуште тт, кажа не Чим цица не се секирај си прима колку што му треба Може ли да кажам дека ми фали доењето и се каам толлу рано што прекинав
Исто. Петките и тројките се набабрени, а четворките се големи заби. И раката нон стоп во уста али назад некако јанпика кај петките. Се местат сега бидејќи уште јаде. Кој ќе ја трпи пак со нејадењето не знам.
Не знам кога ќе излезат веќе четворкиве и кај мојата. Цел месец ја мачат. Инаку ве читам по колку млеко и вода ви пијат и уствари моево е грев. Млеко никако, само во јадење да и измешам може и најчесто тоа е за појадок/ вечера. Барем еднаш дневно. Значи 150 грама млеко и околу 300 грама кисело млеко. Некогаш само кисело млеко. Малку да не и е? Вода пие, катастрофални 200 мл на ден. Навечер не се буди за вода, насабајле малку со зорт кога ќе стане. Чудно дете. Туку прашав пред некој ден во соодветната тема, ама никој не ми одговори, па да ве прашам вас. Јаткасти кога почнавте да давате? Имам дадено до сега неколку пати од кутија на дм житарка со бадем и толку. Страв ми е некако. И цитрусниве како ви ги јадат? И цедам по малку во јадење, бидејќи се дави госпоѓата од лушпите. Да ги шмука не сака. Ако ептен, ептен ситно и исечкам портокал, така го јаде со задавување неколку пати. Обично нема проблем со никакви парчиња, ама ова ја дави. И се распишав скроз ама уште ова. Беба почна да се исправа до кревет, комода, небитно. Ми паѓа полека камен од срце. Ама сепак се нешто ме јаде црв дали доволно добро се развива.
И мојата се дави од цитрусот, јас и го давам во овошно смути или го лупам од лушпата проѕирна, тоа ја задавува. Јаткасти давам ама не се брзам, имам дадено бадем и лешник после годинка почнав.
@thinkerbell после година дадов се. Денес после пола час од бадеми се вцрвени цела на образите жар. Ќе ги паузирам нив. Прв пат да ми јави реакција, а не и давам прв пат. Исто вака и од јајца и се дешава, некогаш ништо не и е некогаш жар црвена. Ореви јаде речиси секој ден, почни со нив.
Нашиве опседнати со четки за заби и пасти. И мојава само плаче по мојата, не можам заби на раат да измијам. Наредна година има торта со паста и четка да и направам за роденден. И ние имаме мн скали, ги искачуваше и пред да оди со лазење, сега се држи за ограда и со одење, ама за надолу и е страв па мора за раче да ја држам. Ми се допаѓа што знае до кај и се границите. Кога ве читам колкави ви се децата во депресија паѓам со мојава мушичка од 10 кг кога не е какана и тоа. Не знам каде грешам со исхранава.
Јас сум среќна што сака четка за заби, дава убаво да и ги исчистам, ама пак си плаче за мојата И мојата ја стра за симнување скали, ама пред некоја ден со образ директно на најпоследната скала. Образот и под око модра Мојата 4м не мрдна од 10кг,сега едвај 11. Едноставно такво си е детето не му се секирај, а и ако не грешам малку е пониска, така да сигурно си е таман
Па ниска е. Околу 78/9 см е. Не можам прецизно на стикерот на врата да ја измерам оти 2 с место не ја фаќа. Не изгледа преслабнато, си има и обравчиња. Ма да јадеше не се секирав ич. Мада она кога јаде кака многу и исто ми се фаќа.
И мојата кака по 3,4 пати, знае и по 5 Гледај ако споредиме на Фри момата е многу висока па има и смисла килажата. И мојата е толку висока од прилика 78/9 и изгледа таман со образи и витки на ноже
9ипол кила и 76 см на 15 месеци. И ништо не ја застанува. Не му се секирај, такво си е детето. И јас сум била за греотка како мала, на брат ми дури и неухранет му пишуваа на систематски. Па еве пораснавме