Ако ја мерам на вечер и со алишта тежи околу 10 и 700г, а наутро во истите алишта е 10 и 100. Малку ми е парадоксално ова колку тежи точно. Само да се здрави и живи. На крај тоа е важно.
Нема врска ни какањето, синко јади многу и кака мноогу и пак се здебелува, таков си е од раѓање, јас сум била како твојава прцла, слаба преслаба и не сум јадела многу, мајка ми кога кажува се чудам Иста си била и ти како мала, колку што те имам читано, супер си е кога ќе ја видам на сликите машала ко бумбарче ми е Кај нас се по старо продолжува со неспиење и плачење ноќе
Матичната моево нокогаш не го измери колку е високо,еднаш и реков,проба,ама многу и мрдал,па батали. Така да,поим немам колку е висок. А не ми текна дека можам да го измерам на ѕид,баш ќе пробам. Ако седи мирен Исто и килажа точно не знам,10,5 кг мислам дека има,15 месеци е. Само да се здрави,па слаби,дебели,не е битно. Сакаат ли да се бањаат вашите на оваа возраст. Моево сака да се бања,се шлапка,се игра со чашки и одеднаш му текнува да стане,да се влече да го земам и да плаче. И така мокар,неисплакнет мора да го земам,да се посмири и набрзинка да го исплакнеме. Не ми правеше порано вака. Ама еве веќе месец дена е вака,се си викам моментално му засметува нешто(да не му влезе вода во око,му пречи отварањето куре,се лути на играчките) ама еве трае веќе цел месец.
Кај мене од кога почна да јаде кака секој ден иначе на два до три дена еднаш. И сега знае на два дена да иде ако јаде послабо дента. Цела килажа и е во образи и мешлак машала само нека јаде А нема да речам за килажа. Како што е мирна има се тоа да истенчи за три/четири месеци. Најново знае вода сама да си земе, знае бац ако и речеш да се намести да ја бациш и некако многу зборува деновиве али не ја разбирам што. Како преку ноќ да пушти милијарда гласови. И различно вика и се кара. Ах да и јас сум лошата мене не ме сака. Ја гали другата страна и се тоа ќе му се удри од глава али јебеш га секој за себе. Не може бе се да и се дозволува! Али еве гледам дека може. Ако плаче госпоѓа не и менува ни пелена ја чека да се смири па во мирна атмосфера да ја смени макар после пет саати. Исто и за заби ако плаче да не сме ја миеле Увек по страна на низок отпор лигуши.
Истиот го имам дома. Па ако заплаче одма кавги, како смеела да плачи. Само и подава скришум чоколатца и сокче и после тепај си глава зошто не јадела и фрлај по 3 ручеци. Ама за инат она пак само мама мама, тато никако не вика. По него овој или пиле му вика, изгледа дека тој пиле ја вика.
@Milaаа991, најверојатно си е до дете, мојата јаде многу а еве 12 и пол месеци, околу 9.5 кг е. За висина неможам убаво да ја измерам дома, ама мислам дека е околу 75 цм. Мислам дека само меше има, особено кога ќе се најаде, како тапанче и е .
Почна Се да ми фаќа по кујна И една сликичка од видеото си ги прередува пелените секој ден, тоа и е игра
Вчера за ужина му дадов сутлијач,но варен со алпско млеко. Цела вечер стануваше со кемкање,плачење и сабајлево едвај се искака тврдо бело. Пие аптамил но можно е да е интолетантен на лактоза и да покаже симпом од само едно тањирче сутлијач?
Му има дојдено тешко од оризот. Даваш аптимил и плус сигурно други млечни работи, сите имаат лактоза. Ако имаш капки за грчеви можеда му дадиш кога ќе има така мака. Мојата е интолерантна на лактоза, барем така покажа на тестирањата. Ама ја боли меше само ако претера со млечно, и има гасови повеќе од вообичаено.
Јаткасти дадов околу годината некаде, не памтам точно. Секој ден јаде мелени бадеми, ореви, лешници, индиски ореви. Путер од кикирики исто дадов тогаш. Лимон не сака, ниту мандарина, пола портокал цедам па го давам со останатото овошје за ужина, инаку се дави од него. Синко е 16 месеци, уште нема 4ки, ама претерано многу лигави последниве две недели па се надевам скоро ќе ги извади. За килажата и јас како Мила, се секирам нон стоп и се прашувам каде грешам во исхраната. Пред некој ден го мерев сосе алишта 10700гр беше. Веројатно околу 10 кила е. За висината, на годината беше 75цм, секој месец го мереше матичната. Сега пак 75 јас го измерив и не ми е јасно како може воопшто да не е пораснат, а мене ми личи извисочен дека е (или си замислуваме со мм). Брз метаболизам има, кака по 3-4 пати на ден секако, некогаш и 5. Си јаде, а не кажува на килажа. Не знам зошто.
Јас мислев дека го имам најмалото човече според возраста ама тука некаде сме биле со генерацијата. Во сеќавање ми е дека уште на 6-7 месеци кажувавте 9-10кг, некои и до 12кг стасаа и имам впечаток дека сме “назад” цело време. Сега е скоро 17 месеци, а на 16 беше 10.500гр и 80цм. И мојот уште нема 4ки. Последната двојка излезе пред 3 месеци. И од тогаш стагнира со заби @BabyT* мислиш од оризот тешко да ми биде? Хм, не ми е веројатно. Нели оризот е многу лесна храна. Меѓу првите воведени намирници е. Плус и онака кога било кој има проблем со меше, пролив, повраќање...само ориз се препорачува јадење додека се стабилизира. Мене ми е поверојатно од млекото да имал мака. Ама незнам. Моја претпоставка само
Па што знам, ако има интолеранција нели треба да покаже и од ад? Мислев ако има количински изедено повеќе па да му било тешко. Како и да е нека проба уште еднаш пример млеко со бисквити @Happyinlove
Да баш ке му дадам сега млеко и бисквити ке видам од оваа комбинација. Дали дека ориз и кравјо млеко незнам што да кажам,од аптамилот еве мака нема 4 месеци и редовна столица си има,не е нафрлан од егземата. Вака кравјо млеко не сум дала до сега како вчера со сутлијачот. Од јогурт,к.млеко немал ваква реакција.
Гледај да има барем 2ч од вечерата до спање штом има мака. Може му е осетливо мешето. Мојата ако јаде касно обавезно ја боле меше.
@Bella* лесни чекори на госпоѓата мала. Се гледа дека ќе трче,палавката. Како си ти? Кој месец си, машко/женско? Можда имаш пишано, ама немам прочитано. @happygirl како му ги даваш јаткастите плодови? Со што ги мешаш? Дарко Биберко, песната дали сакаш пица? Да, да, да.. Госпоџата моја вика да, да, да. А незнае да каже не и прави гримаси со фацата. надвор игравме криенка викендот. Денес надвор трче и викам мама ајде да играме криенка, оди мижи.. Отиде на ѕидот и почна да миже и ме бараше. Се позабавно е со неа. Паѓа, станува, многу се валка со се.. Ми фале бебешката чиста облека.